Кошарка од 6 до 20 години, цели 14 години не знаев за ништо друго буквално.
Сите почнале фудбал да тренираат, јас не ни познавав некој што тренирал фудбал, околу мене немаше никој со фудбал, така да си решив кошарка ќе си тренирам. Откако почнав на школо па се до 20 години се будев во 4 сабајле и одев доле во двор и до 6 ќе си шутирав на кошот, сам, после тоа тргнував на школо. Немаше ден а да не останам до кај 10-11 навечер да играм кошарка, ќе се вратев од тренинг и право доле, некогаш и на дожд ќе играв. Еднаш се сеќавам беше декември, снег имаше, јас си шутирав ко луд, поминуваат луѓе ме гледаат, а мене ич не ми беше гајле. Тренинг на затворено во топло, и после тоа одма надвор на снегот. Не ни знаев дека постојат спортови кои се играат со нога, кога видов како играат фудбал си мислев дека нешто не е во ред со нив, мислев дека спортот било кој, се игра со рака. Безброј утакмици, турнири и слични дружења, смеење, ама џабе. Секогаш предност имаа татини синови со длабоки џебови, се водеше битка за богатите синчиња иако истите не знаеа ни да шутнат правилно. Полно добри играчи се откажаа баш заради тие неправди, требаше да се плаќа за да играш во прв тим, местото не ти следуваше ако си добар, ти следуваше ако платиш. 14 години поминаа без резултат, барем имав полно дружби секаде и со секого. Никогаш нема да заборавам кога реков дека е доста, не дека не бев добар, бев, ама неправдата беше подобра од мене. На таа утакмица многу што ги познавам изгубија.