Од татко ми научив дека трудот секогаш на крај се исплатува, дека од работа не се кршат раце, дека кога работите одат надолу и го допираат дното, секогаш некоја сила те влече кон врвот со поголема брзина. И кога умираш треба да викаш на сиот глас-живеам. Исто така кога мислиш дека е крај секогаш имаш нов почеток.
Научив да заработувам и никогаш да не чекам од друг.
Од мајка ми дека тенџерето е мирот во куќата, дека треба да замолчам кога другиот зборува, да големината на жената е и кога е во право да не истерува правдини.
Што и да си надвор, дома си само жена како твојата баба, прабаба, мајка ... Никогаш да не зборувам лошо за луѓето и да ја гледам добрината во нив, да најдам оправдување и за пријателите и за непријателите. Секогаш да се борам зашто упорните победуваат. Се што започнам да завршам или воопшто да не започнувам.