Што научивте од вашите родители?

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Да бидам силна колку и да ми е тешко.Да се борам за тоа што го сакам и да не се откажувам од вторпат..
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да не се предавам кога ќе паднам, а да соберам сили и повторно да станам, да останам смирена и во најтешките ситуации, со добро да се разбирам, повеќе да попуштам помалку инат да водам ама ова нема да го биде :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
За жал татко ми не ме научи ништо (одлучи да не биде дел од мојов живот), ама за среќа не ни мораше...добро пројдов и без него...
А мајка ми?...мајка ми ме научи се’...
Ме научи секогаш да го следам своето срце...
И ме научи да проценам кога треба да речам ДОСТА Е!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Хоуп*

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Доволно за да увидам што треба а што не треба да бидам во животот.
Што треба а што не треба да очекувам од животот.
На што треба секогаш да бидам спремна и колку што можам по исправено да ги дочекам сите предизвици на кои ќе налетам.
Дека ништо не е вечно доколку сами не го ,,храниме,, и се бориме за она што го сакаме и она кон кое се стремиме во животот.
Се што сакам да имам мора сама да научам да си го заработам и сочувам.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Од татко ми научив дека трудот секогаш на крај се исплатува, дека од работа не се кршат раце, дека кога работите одат надолу и го допираат дното, секогаш некоја сила те влече кон врвот со поголема брзина. И кога умираш треба да викаш на сиот глас-живеам. Исто така кога мислиш дека е крај секогаш имаш нов почеток.
Научив да заработувам и никогаш да не чекам од друг.
Од мајка ми дека тенџерето е мирот во куќата, дека треба да замолчам кога другиот зборува, да големината на жената е и кога е во право да не истерува правдини.
Што и да си надвор, дома си само жена како твојата баба, прабаба, мајка ... Никогаш да не зборувам лошо за луѓето и да ја гледам добрината во нив, да најдам оправдување и за пријателите и за непријателите. Секогаш да се борам зашто упорните победуваат. Се што започнам да завршам или воопшто да не започнувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Да се борам за себе, да не дозволувам некој друг да влијае на моите одлуки, да помагам на луѓето кои заслужуваат... Тоа е тоа накратко, без филозофирања за најосновните работи.
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Без разлика во која ситуација да бидам да не го изгубам образот, да бидам голем во душата, да помагам, да не бидам глуп и будала, да размислам два пати пред да одлучам нешто, непријателот ќе те насочи за тоа каде да се ојачаш, така ќе станеш голем.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Од татκо ми иаκо ρетκо добивам совети сум научила доста. Од неговите постапκи, дела..
Сум научила деκа тρеба да бидам истρајна, да се спρавувам со пρоблемите на миρен начин.
А од мајκа ми, хах!
Само лошо сум видела ама баш тоа лошото ме научи деκа тρеба да се боρам во животов, да не гледам се' во паρи, да се гρижам за децата што ќе ги имам еден ден без да ги малтρетиρам и да ги воспитам, да ги изгρадам во здρави личности.
И од добρото и од лошото од двајцата мн сум научила.