Што мислите има ли вистина во гледање на кафе?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
И јас сакам да ми гледа некој што знае да гледа добро :D.

Ако си песимист, подобро не :D

Мене една другарка ме извади од такт.Уште порано девојката беше така малку чудна, мајка и е бајачка.Пред некое време ај излеговме на кафе после долго време.Културно ја прашав каде сака да пиеме кафе.Она рече континент.

Океј, континент нека биде.Она нарача турско кафе што малку ме зачуди, и ми рече ај и ти земи едно турско прај ми друштво.Ај океј.Го испив кафето.Ме погледна чудно и ми рече дека имам многу многу голема тегоба.Дека за тоа на никој не сум кажал и не сум имал душевен мир.Да напоменам дека не ни погледна во шољата :D

Ми кажа се’ што ми се случувало во минатото, значи 3 години од последен пат кога сум се видел со нејзе.На почеток мислев дека мојот најдобар другар и кажал се и сега оваа ме заебава зашо знае дека не верувам во такви работи.
Сите битни случки во минатото ми ги кажа.За во иднина ми кажа дека имамм многу пречки и проблеми, но со мојата среќа од раѓање и харизма ќе си ја остварам желбата што ја посакувам многу одамна.И навистина така се случи.Одеднаш рече повеќе неможам да ти гледам и тоа беше прилично вознемирена.
После тоа одма вртев броеви како луд на другарите да ги прашам дали нешто кажале.Сите одговори беа негативни :D
Битно сето тоа што го кажa навистина испадна, и сеа чекам пак да ме викне на кафе :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Andrea Bloodbucket

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Не верувам во секој, инаку така за забава често со другарките си гледаме :wavespin но, што има една жена, циганка е сум била два пати кај неа, ми погоди се, цццц а жената незнае ништо за мене, гледа на кафе, на вода, и на незнам уште што беше, значи кој и да оди кај неа, од познаниците, никој нема кажено дека нешто нема погодено, што прави, како прави, незнам цццц секоја и чест :spin
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Шо знам све се тоа празни приказни останати од старо време ,кога жените немале што да прават и така во филџанот ќе го виделе како им доаѓаат просци на девојките . Имам замислувано желби некои ми погодувале теткици ,некои не но се се тоа бла бла прикаски :nah
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Верувам само во моментот додека дотичната пророчица ми ги кажува фигурите од шољата :giggle После тоа заборавам и воопшто не се надевам дека нешто ќе се исполни од кажаното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Има.
Има и фанатаци на црниот талог и фигурите што ги испишува додека се цеди....

Оф леле...Мижи Митро тулумби ќе паѓаат. Немам што да додадам :unsure
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Нема вистина. Еднаш кога ми гледаа ми се исполни желбата и мислев дека тоа се случи од гледањето.
Сега сфаќам каков идиот сум била. :banghead
Инаку често си гледаме со друштво, онака ради разонода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Luckky