И јас сакам да ми гледа некој што знае да гледа добро .
Ако си песимист, подобро не
Мене една другарка ме извади од такт.Уште порано девојката беше така малку чудна, мајка и е бајачка.Пред некое време ај излеговме на кафе после долго време.Културно ја прашав каде сака да пиеме кафе.Она рече континент.
Океј, континент нека биде.Она нарача турско кафе што малку ме зачуди, и ми рече ај и ти земи едно турско прај ми друштво.Ај океј.Го испив кафето.Ме погледна чудно и ми рече дека имам многу многу голема тегоба.Дека за тоа на никој не сум кажал и не сум имал душевен мир.Да напоменам дека не ни погледна во шољата
Ми кажа се’ што ми се случувало во минатото, значи 3 години од последен пат кога сум се видел со нејзе.На почеток мислев дека мојот најдобар другар и кажал се и сега оваа ме заебава зашо знае дека не верувам во такви работи.
Сите битни случки во минатото ми ги кажа.За во иднина ми кажа дека имамм многу пречки и проблеми, но со мојата среќа од раѓање и харизма ќе си ја остварам желбата што ја посакувам многу одамна.И навистина така се случи.Одеднаш рече повеќе неможам да ти гледам и тоа беше прилично вознемирена.
После тоа одма вртев броеви како луд на другарите да ги прашам дали нешто кажале.Сите одговори беа негативни
Битно сето тоа што го кажa навистина испадна, и сеа чекам пак да ме викне на кафе