Пред некое време слушав предавање, многу интересно. Се зборуваше за тоа дека несреќата царува, и дека ние свесно или несвесно го знаеме тоа дека несреќата ни го граби животот. Поентата на целото предавање беше, како луѓето создаваат механизми за да излезат од несреќата. И да не ги набројувам сите работи, но заклучокот беше дека: никој не ја постигнал онаа идилична, бајска среќа по која мечтаеме, дури и многумина умреле во обидот... или западнале во уште поголема несреќа, токму поради идиличното замислување на среќата.