Што е подобро, да се лажете себеси дека сте среќни или да признаете дека сте тажни?

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па искрено убаво е да се сподели тагата само во кругот на нај блиските , мислам дека секој друг ќе гледа на тоа со доза на ситење ,не секогаш ама тоа не се исклучува, затоа пред се треба да се трудиме да бидеме среќни и најдеме начин ... :cool:
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Човек мора да е самосвесен и да си ја признае секоја емоција, без разлика колку е непријатна и не сака да ја чувствува. Многу години ме учеа титови генерации дека едно или друго не чини, дека оваа или онаа емоција не чини да те обземе, ама кога ќе го видиш нивниот мајндсет и колку се грото несреќни од/со себе, сфаќаш дека тоа не се стапки по кои сакаш да тргнеш.
Признавањето дека си несреќен, љубоморен, се осеќаш недоволен, итн. се буквално цело здравје пошто нели, ко призна - пола му се прашта или во овој случај пола товар веќе го снемува кога не си во борба со себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and ScoobyDoo

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
И да се лажеш и да не се лажеш исто ти се фаќа. Чувството кое ќе те обземе кога ќе си легнеш навечер, не можеш да го елиминираш односно неутрализираш. Тоа е најрелевантниот показател за тоа дали си среќен или си тажен. Не знам зошто , ама сум приметил дека тогаш најчесто се случува експлозијата на емоциите кои ги држиме во себе и сме се обиделе да ги сокриеме.