Што е подобро, да се лажете себеси дека сте среќни или да признаете дека сте тажни?

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Мислење во мојата глава кое е постојано присутно.
Што мислите вие за ова?
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Нормално, најдобро е да се потрудиш да бидеш среќен и да ги правиш среќни луѓето околу тебе !
Едноставно опкружени сме со среќни и несреќни моменти во животот , па ако самите не се потрудиме останатото е тежок процес ,а и скоро најтежок !!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Пред некое време слушав предавање, многу интересно. Се зборуваше за тоа дека несреќата царува, и дека ние свесно или несвесно го знаеме тоа дека несреќата ни го граби животот. Поентата на целото предавање беше, како луѓето создаваат механизми за да излезат од несреќата. И да не ги набројувам сите работи, но заклучокот беше дека: никој не ја постигнал онаа идилична, бајска среќа по која мечтаеме, дури и многумина умреле во обидот... или западнале во уште поголема несреќа, токму поради идиличното замислување на среќата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Мислам дека ако се лажеш себе дека си среќен без некого, нешто било што.. мислам дека е полошо..
се навикнуваш на таа лага и и подлегнуваш на депресијата зошто.. затоа што знаеш дека таа "среќа" е лажна, маска и фактот дека не се трудиш пошто нели веќе си во мрежата на лагата наречена "среќа" те остава буден и по 24h размислувајќи дали си воопшто здрав.....
мислам дека сепак подобро решение е да ја прифатиш тагата и да се бориш колку можеш, барем за себе да ја намалиш..
животот е борба.
 
Последна промена:

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ако не сакаш да се заглавиш себеси во комфорт зона, да стоиш над запушена шахта и да се тешиш себеси дека ти мириса на јоргован, најубаво е да си признаеш дека си тажен и да почнеш да работиш на случајот за да го промениш тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and ●Untouchable°

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
27
Мех, ако се залажуваме себеси дека сме среќни, ништо не сме постигнале ако проблемот останува. Да се обидиш навистина да бидиш среќен е вистинскиот избор.
Ако искажиш дека си тажен, ќе се најди човек за разговор со кој ќе бидиш целосно искрен и можеби ќе се најди побрз начин за излез од несаканата ситуација.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Се додека не си признаеме на себеси дека сме тажни навистина и не го пронајдеме коренот што не прави како такви, никад нема да бидеме среќни.
Се е подобро, отколку да се лажеме, на лагата и се кратки нозете, а кога ќе пукне тоа во нас, дупло ќе си направиме по лошо.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Подобро е да си признаеш дека си тажен зш уствари оној кој се лаже дека е среќен е најтажен. Кога ги знаеш своите недостатоци и празнини во животот ќе знаеш на што да обрниш внимание за да си овозможиш да бидеш среќен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Јас не знам како може човек да се лаже дека е среќен. Не знам како се прави тоа, дај научи ме. :)

Првиот чекор е да се признае дека проблемот постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Најдобро е човек да е реален и искрен сам со себе. You can lie others, but not yourself. Како и да ви е на душата, признајте си самите на себе. Автоматски ќе ви е полесно и ќе најдете чаре.
Во конкретниов случај ќе признаам дека сум тажен ако сум тажен, зашто би фејкирал дека сум среќен кога вистинските емоции кога тогаш ќе ги надвладеат присилно наметнатите емоции?
Само реално децо тако се иде у животу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот