Што ви недостига од вашето детство?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Што ми недостига? Ми недостига да се разбудам наутро, и мамурен да претрчам во собата на сестра ми и да ја скокоткам за нозе за да ја разбудам.
Ми недостига утринското какао што го пиевме заедно со мајка ми.
Мајка ми, ми недостига.
Ми недостига Беа, моето прво куче.
Ми недостига карањето со сестра ми(тема за караницата секогаш: Кој ќе чита од учебник додека учиме а кој ќе слуша)
Ми недостига играњето жмурка, руке у вис, ми недостигаат крадењата низ маалото.
Прввата симпатија ми недостига.
М, ми недостига да пијам Струмка во стаклено шишенце за 5 денари(постарите ќе знаат што зборувам).
Ми недостига да го гледам Беверли Хилс, и да не смеам да писнам - ради што мајка ми ќе ме задавеше.
И така, се’ ми недостига.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ми недостига чистотата на пријателството.
Ми недостига тоа што бевме..
Искрени души кои немаат што да дадат друго освен искрена насмевка и загарантирана забава, деца со празни џепови, но со полни срца.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Најпрво качување по дрва и крадење овошки од кај комшијата :giggle звонење на врати и бегање, искреност, вистинското искрено пријателство, безгрижноста, ах ми недостасуваат и тие лузни по колената, лактите........смеењето, јадење лебче по улица и трчање, оф се ми недостасува...
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Се сеќаваш ли кога бевме деца:
-од WC викавме “Мамо! Готов сум”.
-ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме
-гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода.
-мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка
-пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино.
-гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење
-најстрашниот човек беше “старо купувам”
-жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена
-им се кривевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил
-пушевме грисини
-фаќавме снегулки со јазикот
-гњуревме во када
-кога казната беше да одиме на спиење порано
-се правевме дека сме мртви во креветот кога некој ќе влезеше во собата
-правевме шатори од столици и ќебиња
-си игравме купувач и продавач
-читавме стрипови и се разменувавме со нив
-крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња
-војувавме со децата од другото маало
-правевме чатали, стрели и пушки на тапи
-се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија …
-распустот го поминувавме со баба и дедо
-наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот
-крадевме песок и цемент и градевме бункери
-си игравме жмурки, камај, џамија, школка, народна
-со брканица се загревавме
-кога трчавме на дождот без никаква цел
-кога раскажувавме филмови на клупа
-кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат
-цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа
-се пукавме со црвенки
-се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор
-кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери
-кога сите бевме во банди и имавме тајни
Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа.

---ее колку е добро и вистинито...
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
*цело семејство заедно на ручек
*играње тетрис , супер марио
*скокање на јаже и ластик
*викањето на мајка ми да се вратам дома во 8 часот навечер после цело пладне поминато на улица
*колекционирање на украсни ливчиња и славетки
*правење венчиња од цветови
* правење кошничиња за валигденски јајца
*пишување на честитики за Нова Година , Божиќ , родендени ...
Имав прекрасно детство , ми недостигаат многу работи и многу луѓе кои веќе не се до мене , а тогаш беа ...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ми недостига
1.питите на баба ми и гравчето на дедо ми
2.бркањето на зајаци во Дебар Маало
3. смоквите од дворот
4.жмурките позади зграда
5.клупите во дворот на школо
6.чајот од татко ми
7.трчањето до немање воздух
8.сонувањето што ќе бидам кога ќе пораснам
9. ми недостига татко ми многу.