Колку мразам чавки, тоа е невидено!
1ва причина: грди се на изглед и грдо звучат. Ме ежи нивното гнасно гракање.
2ра причина: ме има бапнато чавка во глава, мислам ќе се онесвестев од што ми се сврти. Wtf, bastard?!
3та причина: си седам на клупа во парк и си уживам. Долетува чавка на корпа за отпадоци, ѕирка внатре, вади кесе џипс. Си ја симнува на тревникот, ја фаќа за долниот дел и ја превртува. Го тресе џипсот, си го зима чипсот и си одлетува. Кесето останува на тревникот до корпата. После некој ќе си помине и ќе си рече: "Види го моронскиов народ, ја загадува околината, некој го фрлил кесето до корпата, наместо во неа". Уште еден доказ дека се BASTARDS!
4та причина: секое утро околу 5-6 часот доаѓаат на дрвото до мојот прозорец и гракаат ко ментални. Ако не го запалам дрвово еден ден, еве на... Умрете е***и смрдени гнасни птици!