Јас имам скромно искуство со бојадисување маици, црни (се разбира
) кои поради нивната ниска цена се покажале како склони да губат на црнило. Бидејќи ми се прираснати за срце, купувам текстилна боја во продавница за бои и лакови ги има, пакетче е 50-60 денари мислам и после тоа се раствара во леген со врела вода и во легенот се става облеката која треба да се офарба. После извесно време се вади, се цеди и се плакне облеката и се става да се исуши.
Бојата за паѓање - паѓа, можеби не после првото прање ама после неколку и тоа како. Затоа еднаш на неколку месеци се повторува процедурата. Дали е до неквалитетот на текстилот или на бојата не знам, ама тоа е, осудени сме на кинески производи.
Не се препорачува да се перат во иста `смена` со бела облека/веш... освен ако нема фанови на Њукасл во фамилија.
За други бои не можам да кажам, освен црна немам употребено друга.
Звучам како домаќинка некоја