Да не е ептен оф-топик таму, тука.
1. Практиката те окрутува, точно е тоа, на некој начин те претвора во робот. Почнуваш да ги гледаш луѓето поинаку, не смееш да си дозволиш да те допре лично и емотивно, мораш да задржиш ладна глава за да расудуваш објективно. Веќе некое време се прашувам токму околу ова. Знам дека е тој аспект неопходен, но колку е правилен? Како што кажав, тебе како професионалец, полека те претвора во робот. Факт е дека сите чувства се поврзани меѓу себе. Секое исклучување на едно (било кое) чувство повлекува исклучување на сите други чувства. Не можеш да исклучиш само едно, а да си ги задржиш останатите.
Како ќе ми помогнеш ако дојдам кај тебе, а не си способен да сочувствуваш? Како ќе знаеш низ што поминувам и колку е тоа (не)подносливо, ако не сочувствуваш? Шаблоните на однесувањето и постапките сигурно помагаат и се потребни за да знаеш со што се соочуваш, но дали се тие доволни за да разбереш низ што точно поминува личноста која дошла кај тебе за да ѝ помогнеш?
2. Луѓе кои се оставени (и не само тие) можат да чувствуваат и чувствуваат еден куп емоции, не само осаменост. Сите емоции се нормални и секој има право да ги чувствува, да му се дозволи да ги чувствува и да си дозволи да ги чувствува. Секакви емоции кои предизвикуваат секакви реакции. И не може туку-така да се каже дека е тоа наивност или е непромислено или е погрешно и туку-така да се вметне во шаблонот и врз основа на тоа да се каже таа/тој ќе направи таква-и-таква глупост.
Се работи за личности, секоја една личност е поинаква и од претходната и од следната. Колку сака нека има шаблони, ако јас дојдам кај тебе да барам помош сакам да знам дека ти ќе ме гледаш како поединечен, индивидуален случај и како таков ќе ме третираш и на тој начин ќе се обидеш да ми помогнеш. Не сакам да претпоставуваш врз основа на тоа колку се вклопувам во шаблонот, туку да ме согледаш мене и сѐ што е во мене, од почеток до крај, а тоа се вклопува само во мојот шаблон и во ничиј друг. Невозможно? Па не знам, можеби е, но кој се нафатил да „чепка“ низ нечија глава треба да е свесен каква одговорност има.
3. Зарем мора човек да остане силен? Дека не е возможно, не е, но дали воопшто треба да се бара тоа? Колку што има право човек да е радосен, толку има право да биде и тажен. Не сакам од мене да се очекува да бидам силна. Имам право да се скршам сосема и да се распаднам и да бидам неподносливо тажна. Зашто тоа е нормално. Емоциите не се делат на правилни и погрешни, ако сум тажна, или лута или бесна или безволна или било која друга емоција која би се означила како негативна, не значи дека сум наивна, ниту луда, и не значи дека во мене нешто „се расипало“ па мора некој да „ме поправа“. Значи дека тој што ќе се нафати да ми помогне треба да продре подлабоко и да сфати „зошто“ и „како“ и „кога“ и „колку“. Шаблонот може да биде само ориентација, ништо повеќе.
4. Човек кој не е подготвен да се справи со тежината, со сите предизвици и замки, на професија каква што е психологијата, ич нека не се нафаќа. Оти може многу повеќе да наштети одошто да помогне.