Х-Фактор Адриа

Повеќе би сакале X Factor да е..

  • Македонски (само во Македонија)

    Гласови: 19 46.3%
  • Балкански (во пакет со земјите од екс ју)

    Гласови: 22 53.7%

  • Вкупно гласале
    41

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
H2O помина ? лол

317.gif
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Не ми се верува дека Младен испадна... зарем е можно?!
Дечково според мене има најистакнат ХФактор,има специфична боја на глас што го прави оргинален од другите...:cenzura
Сега Тони Цетински треба да се откаже од кариерата,ако добро се сеќавам на неговите зборови (wasntme)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не ми е јасно само што е филмот со Кристина, што е толку критички настроена према нејзините колеги?
Епа очигледно не си гледала Х фактор по другите земји,да видиш колку се искрени со коментарите.А не ко денес Леле Емина,браво за ова, браво за она, браво за твојот ментор .. пфф,глупости. Си прават само лице. Кристина беше најреална и тоа е факт. Мене ми се допадна :)
JaMi , Младен е најдосаден, ништо ново не можиш да очекуваш од него.Ни добар настап на сцена,ни ништо.А се сеќаваш и на неговата изјава: Дојдов да ги направам моите горди? WTF?! Епа ги направи, доволно му беше. Си свире човекот,си зема пари нека му оставе место на некој на кој пеењето му е стварно важно. А и не е до толку лошо шо се секираш ти,пак ќе го гледаш во Х фактор, женска му е сеуште во игра.
Не ми се допадна тоа што сцената е многу мала,што немаше никаков БУМ сценски настап, водителот катастрофа - ко да гледам некој народен фестивал што го гледа баба ми, песната на почетокот за никаде - мислам дали некој воопшто слушнал за таа песна? Во Х фактор во другите земји ги пеат најголемите хитови бре човече Telephone,па So what па Forget you, па Livin' On a Prayer .. а кај нас некоја сосем непозната песна,па и толку неорганизирано немат доволно микрофони за сите натпреварувачи па кутрите морат да се преправат дека пеат.
Што сакам да видам во следната епизода?Ммм..ова!

 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Во врска со финалистите (вклучувајќи го и Младен):
Александра - Деојката има убав глас, но фаците кои ги прави се многу грди...На првиот настап во вторник, како да ги поправила малку. Но, кога требаше некој да испадне, мислам дека беше под стрес, па пак ги правеше фаците.
Младен - И овој е добар, но бидејќи е постар, нема баш кој да гласа за него и нормално дека ќе испадне.
4U - Според мене, треба да испаднат уште на следната емисија. Прво, правеа грешки на песна како Roar, која е многу, многу лесна, па дури и некој како мене може да ја пее. Потоа, гласовите не им се совпаѓаат убаво. Цело време се слушаше еден глас кој е посилен и пее повисоко од другите. Не ми се допаѓа.
H2O - И овие не се нешто...Прво, кое се однесува само на мене, песната ми беше некако досадна...Второ, Маринела не знае да пее...Не знам како може на некого да му се допаѓа нејзиното пеење...Фифи, не е лош/а, но има многу подобри...така, и овие можат да си одат...
Доктори - Не се лоши, за разлика од другите две групи. Па и повеќе се, што значи повеќе гласови. Како што гледам, и ги сакаат.
Тамара - Лош избор на песна. Дефинитивно не беше за неа таква песна...Не е Тамара за вакви површни песни...Требало некоја балада во која може да се истакне нејзиниот глас...Шминката, исто така катастрофална. Никако, никако, никако! Грдо...Па и онаа палтото таму или што и да беше во животински принт...Грдо! А има добар глас...и очекувам подобра песна во следната емисија.
Лукиан - Баш многу и не се сеќавам на неговиот настап, па затоа нема да коментирам.
Даниел - Еден од најдобрите, ако не и најдобар од сите учесници. Нема никаква потреба од коментари.
Илма - Мислам дека после Даниел, веднаш е Илма следна...Девојчето има прекрасен глас. Толку и за неа.
Алекса - Добар беше, колку што се сеќавам, а и многу луѓе го сакаат, па верувам дека подолго ќе остане во Икс Фактор.
Харис - Многу луѓе не го сакаат бидејќи ги потсеќа на Јустин Пипер (Џастин Бибер, де). Сепак, детето е талентирано и заслужува да остане. Среќа што не се претвори во народњак...
Маја - Не припаѓа во финалистите. Не остава никаков впечаток, а и не се истакнува многу во пеењето...Едноставно, досадна!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Не ми се верува дека Младен испадна... зарем е можно?!
Дечково според мене има најистакнат ХФактор,има специфична боја на глас што го прави оргинален од другите...:cenzura
Сега Тони Цетински треба да се откаже од кариерата,ако добро се сеќавам на неговите зборови (wasntme)

Тони кажа ако Младен не помине на овие квалификации как да ги кажам ак не помине тогај ќе се откажал а не саа да го трууте, јебига балкан .... ајде
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Ама тука сега нема жирито никаква функција за гласање.Нема да ни се верува ако Даниел испадне,се разбира ако не гласаме за него.Затоа потребно е да гласаме за својот фаворит (Даниел) :) за да не испадне. А Тони нема да се откаже од својата кариера сигурно,за тоа треба во некоја јавна дебата да му го постават оваа прашање,па ке видиме каков одговот ке даде.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Да си ги кажам импресиите од денешново пеење
Според тоа како што пееја прв е Лукијан.Добро пее, ми се допадна и настапот и пеење и тоа како се понаша детето, скромно. Се надевам дека ќе стигне далеку на шоуво.А ми се допадна и песната,немав слушнато до сега за неа.
4U не беа добри.Кога ги гледам женските бендови во странскиот Х-Фактор не ми е тоа тоа.Плус на овие нашиве косите им ги прават ко тетки,значи не ми се допаѓа ни песни,ни сценски настап,ни нивниот лоок. Кога веќе копират,нека копират од Little Mix бе, младешки, тинејџерски лоок а не ова кај нас ко тетки да гледаш. Озбилно,ептен сум разочаран кога се групите во прашање.
Александра Брковиќ.Солидна.Не беше ни нешто многу добра,али имаше полоши дефинитивно.
Маја. Како минува натпреварувањето се полоша и полоша е,што беше воа денеска жити се?
Харис.Не сакам ни да коментирам,не знам ни зошто е сеуште во игра.
Тамара. ме разочара овојпат, не го очекував ова од неа.Се надевам следниот пат подобро ќе биде.
Х20. ако ништо друго,барем песната беше забавна и интересна.
Доктори. УЖАСНО! Значи не знам што се обидуваат,али воопшто не е на добро.Изгледаат како лоша копија на One Direction,песната што ја пееја вечерва од нив Story of my life цело време ја вртат на радио,кога ја слушнав прв пат прашав Добро,ептен е добра песната,кој а пее? Докторите успеаја да ја уништат тотално песната.Ми се повраќа.Искрено се надевам вечерва они ќе си одат.
Илма.Ми се допадна,беше најдобра вечерва и покрај коментарите на жирито.
Даниел.Подобро пее на англиски,да не се лажиме.Не беше лошо,али не и најдоброто.
Александра Секулиќ.Не можам да поверувам дека се врати,и сите со тоа многу била убава,добро ова шоу за пеење е или мисс универзум?Па што ако е убава кога не ја бидува за пеење? Бу, дефинитивно после Докторите она е на ред да си оде.
Алекса.Кога го слушнав како ја пее Impossible,ми беше антипатичен.Ама после шпанската песна некако си викам И не е толку лош. И денеска не беше најлошиот,така да мислам дека треба да остане уште малку.
Се на се земено,лоша емисија.Кога ги гледам странските емисии на Х-Фактор,уживам бре во пеење,сценски настапи, кореографии,костими.. Кај нас се е толку лошо,не ми се свиѓа воопшто.И зошто не пеат групна песна? Аман бе, може ли да го направат шоуво полошо? (facepalm)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
абе да прашам нешто Даниел пееше македонска песна на македонски јазик или српски? Малце се осакатив прееска белким не ми се пореметил слухот но мислам Желката рече дека Даниел на македонски ќе пее, а мене баш не ми се слушна дека тоа е македонски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
абе да прашам нешто Даниел пееше македонска песна на македонски јазик или српски? Малце се осакатив прееска белким не ми се пореметил слухот но мислам Желката рече дека Даниел на македонски ќе пее, а мене баш не ми се слушна дека тоа е македонски.
Да,да,насекаде по социјалните мрежи имаше критики за тоа,кобајаги пеел на свој јазик а он ја пееше Чија си на српски.Жељко подоцна јавно се извини.
И уште еднаш да повторам,тотално разочаран од Х-фактор. Посебно па кога слушнав дека Докторите одат понатаки (facepalm)