Да си ги кажам импресиите од денешново пеење
Според тоа како што пееја прв е
Лукијан.Добро пее, ми се допадна и настапот и пеење и тоа како се понаша детето, скромно. Се надевам дека ќе стигне далеку на шоуво.А ми се допадна и песната,немав слушнато до сега за неа.
4U не беа добри.Кога ги гледам женските бендови во странскиот Х-Фактор не ми е тоа тоа.Плус на овие нашиве косите им ги прават ко тетки,значи не ми се допаѓа ни песни,ни сценски настап,ни нивниот лоок. Кога веќе копират,нека копират од Little Mix бе, младешки, тинејџерски лоок а не ова кај нас ко тетки да гледаш. Озбилно,ептен сум разочаран кога се групите во прашање.
Александра Брковиќ.Солидна.Не беше ни нешто многу добра,али имаше полоши дефинитивно.
Маја. Како минува натпреварувањето се полоша и полоша е,што беше воа денеска жити се?
Харис.Не сакам ни да коментирам,не знам ни зошто е сеуште во игра.
Тамара. ме разочара овојпат, не го очекував ова од неа.Се надевам следниот пат подобро ќе биде.
Х20. ако ништо друго,барем песната беше забавна и интересна.
Доктори. УЖАСНО! Значи не знам што се обидуваат,али воопшто не е на добро.Изгледаат како лоша копија на One Direction,песната што ја пееја вечерва од нив
Story of my life цело време ја вртат на радио,кога ја слушнав прв пат прашав Добро,ептен е добра песната,кој а пее?
Докторите успеаја да ја уништат тотално песната.Ми се повраќа.Искрено се надевам вечерва они ќе си одат.
Илма.Ми се допадна,беше најдобра вечерва и покрај коментарите на жирито.
Даниел.Подобро пее на англиски,да не се лажиме.Не беше лошо,али не и најдоброто.
Александра Секулиќ.Не можам да поверувам дека се врати,и сите со тоа многу била убава,добро ова шоу за пеење е или мисс универзум?Па што ако е убава кога не ја бидува за пеење? Бу, дефинитивно после Докторите она е на ред да си оде.
Алекса.Кога го слушнав како ја пее Impossible,ми беше антипатичен.Ама после шпанската песна некако си викам И не е толку лош. И денеска не беше најлошиот,така да мислам дека треба да остане уште малку.
Се на се земено,лоша емисија.Кога ги гледам странските емисии на Х-Фактор,уживам бре во пеење,сценски настапи, кореографии,костими.. Кај нас се е толку лошо,не ми се свиѓа воопшто.И зошто не пеат групна песна? Аман бе, може ли да го направат шоуво полошо?