Мислам дека Маид може да направи кариера и без Х фактор. Што знае да пее, знае. Даниелчо наш пее убаво, ама отвори ли уста да збори, земи пуканки и чекај да заврши после саат време. Фаворит ми е, не дека е наш туку ете, од сите најубаво пее. Докториве звучат убаво заедно, ама одвоено... ноуп. Тамара нема ни да ја коментирам, за неа требаше одамна да заврши шоуто. Лукијан и тој не ме фасцинира, заборавам и дека се натпреварува. Додека Илма, девојчето пее за пеење, ама она што ме одби од нејзе беше самата нејзина најава уште на почетокот, како тоа нејзините другарки и љубоморат затоа што пее убаво и слично. Тоа што ми ја потврди одбивноста беше колнењето на Емина преку фејсбук за кое што немаше никаква причина, ама ете, кој губи има право да се лути. Александра Брковиќ горе доле пееше убаво, далеку поубаво од Лукијан и Тамара, па мислам дека е не беше фер на тој начин да биде исфрлена.