Што мислите за рекреативното трчање и дали го практикувате и колку често? Еве на пример јас почнав од пред некое време и не можам сега без тоа
Кога веќе почнуваш ваква тема, зошто не споделиш повеќе информации - типови на трчање, предности, слабости, совети...
Па ајде да речеме што практикувате вие? Јас практикувам темпо неколку кругови и последниот шпринт Слабости, додека трчам не сакам многу многу да ме засмејуваат оти губам воздух и не можам доволно да се фокусирам на трчањето Моментално се прочистувам од цигарите, па затоа и се зафатив со нешто вакво.. Да доизлези се што има во мене. Совет: ако можите трчајте секој ден по неколку круга, но не многу облечени, после трчањето истегнети ги мускулите, а пред трчањето загрејте се со вежби, па облечете се после
обично трчам само кога доцнам...посебно за на работа......а трчање како спорт го сменив со кратка траса по регионалниот пат R-109 со велосипед....
Трчам само кога ќе слезам од автобус до дома ако ми се моча многу. Повеќе сум за велосипед и пешачење.
Пролет, лето да.. кога е ладно не излегувам од дома, а камо ли да трчам почнав од лани онака да зачувам линија, сеа се затопли, пак почнав и убоо ми е
Си трчам за одржување линија. Лани активно трчав зима лето а оваа година почнав на почетоков на месецов таман се затопли и сега застој нема
Есента трчав на играчиштето по 10сетина круга секој ден освен петок и сабота. Сега се чудам дали пак да почнам да трчам или да одам на аеробик.