Избегнете ги овие почетнички грешки при трчањето Времето надвор е топло, секое попладне е прекрасно, па така веќе нема оправдувања зошто да не отидете да трчате. Ако веќе сте доволно мотивирани за да започнете со тоа, внимавајте на овие неколку грешки кои ги прават сите почетници и кои носат ризик да се откажете од оваа извонредна физичка активност. Претерување со трчањето Почетниците најчесто трчаат пребрзо. Тие всушност и не знаат колку може нивниот организам да издржи, па се префорсираат во обидот што побргу да добијат резултати. Секој мора да си го пронајде темпото што му одговара и да не го оптовари срцето. Трчањето не смее да биде ниту предолго, а организмот мора да биде добро одморен. Во ред е првите неколку пати да се истрча и помалку од еден километар. Со редовен и правилен тренинг тоа набрзо ќе се смени. Прејадување непосредно пред трчањето Никако не трчајте со полн стомак. Не е добро а здравјето, а нема ниту да истрчате колку што би можеле. Најдобро е да јадете барем два часа пред да излезете да трчате, а ако сте гладни непосредно пред трчањето најдобар избор би било сушеното овошје, кое е богато со јаглени хидрати, лесно ќе се свари и брзо ќе го закрепне организмот. Исто така, не заборавајте дека добрата хидратација е многу важна. Испијте доволно вода пред тренингот. Премногу облека Една од најголемите грешки што ја прават почетниците, особено оние кои сакаат што побрзо да симнат некој килограм, е претоплата облека. Таа нема да симне килограми, туку само ќе направи срцето да бие како лудо. Ако, пак, ви е студено, имајте предвид дека најдобра заштита пружа облекувањето во слоеви, а треба и да се погрижите дланките и стапалата да ви се добро стоплени. Лош избор на теренот Подлогата по која се трча влијае на стапалата, зглобовите и на колената. Најдобар избор се меки подлоги како атлетска патека или трева, додека асфалтот и бетонот треба да се избегнуваат. Шумските патеки се генерално добар избор, но треба да се внимава на нерамните делови. Лоши патики Трчањето е многу евтин спорт. Единственото нешто во кое треба да вложите се добри патики. Трчање во стари и износени патики може да ви предизвика отекување на стапалата и да ве одврати од помислата да се вратите повторно на оваа физичка активност. Исто така, треба да обрнете внимание и на тоа дали вашите патики всушност одговараат на вашите стапала. Недостаток на разновидност во тренингот Обидете се да внесете разновидност во тренингот. Секојдневното трчање на една иста патека на еден ист терен може да здодее. Откако ќе добиете малку кондиција на рамен терен, испробајте се по нерамна шумска патека каде што ќе наидете на по некоја угорнина. Постојаниот предизвик ќе го направи трчањето позабавно и побрзо ќе ве однесе до посакуваните резултати.
Дали може да ми даде некој совет во врска со трчањево .Бидејќи одамна не сум трчал не знам колку би било доволно за да не добијам воспаление на мускулите (временски и во км ).Јас редовно работам физичка работа ,но пред некој ден неможев да истрчам ни 100 метра па планирам малку на тоа поле да се ориентирам овој период додека сеуште не е ни премногу топло ниту премногу ладно .
Почни првин додека не се измориш и види отприлика колку си истрчал и не застанувај туку продолжи да одиш. Кога ќе осетиш дека можеш пак пробај уште толку да истрчаш. Кога ќе ти биде комотна должината и нема да се изморуваш (после 3-4 пати) зголеми и пак исто. Битно е да не застануваш само, движи се цело време.
Едно време трчав, ама сеа не...нема кој да бега. На почетокот пешачев прво а потоа сами нозете ми побараа побрзо темпо. Иако некои викаат дека брзото одење е подобро од трчањето поради зглобовите, мислам дека некоја умерена дистанца од 2 км на два три дена е сосема доволна.
Никој не може да ти даде совет на невидено. Незнаеме колку си тежок..можеби имаш вишок килограми и несмееш да трчаш додека не намалиш килажа и ред др.работи. Ако неможеш 100 метра да истрчаш, тогаш си ептем закржлавен..незнам каква ти е таа физичка работа а немаш кондицијаили така само нешто да прашаш??
Јас имав тешка повреда на ногата, па не трчав 3 години јас дојдов така да си прашам нешто .Тебе никој не те тера да ми одговориш .
Еее..па што бараш да трчаш кога си имал повреда..оди на лента трчај у теретана некоја или на орбитрејк. Мерак ми е да ти одговорам
Се надевам дека со некој спортски доктор си направил моабет или ортопед...како и да е, затоа ти реков дека совет не се бара од тука..овие овде на маратон ќе те пратат одма