Прашањето не го постави класичен верник туку ти,а во вториот пост точно се знаеше на што целиш.Признај сии баре себеси ако не сакаш овде јавно дека и ти буквално свати дека се однесува за поколение кое тогаш живеело во склоп на тогашното општество.Интересна интерпретација, само што нема ништо со онаа на класичниот верник што библијата ја толкува буквално и што на стихот што го посочив не гледа како на парабола што ја опишува неговата внатрешна состојба, туку на конкретен настан што треба да се случи.
Токму затоа и постојат "религиозни предмети" преку кои верникот мисли дека смее или не смее да комуницира со Бог. Најголемиот "Идол" што религиозните го прават е што наместо да осознаваат тие веруваат во сведоштво или искуство што не се ни обидуваат да го поминат низ сопствениот "филтер" на разбирање и осознавање....прифаќаат догми што и самите не ги разбираат, му слугуваат на стравот од казната и стремежот по награда.
И не треба да се покажува со прст кон религиозните колку само да се бара потврда утешувајќи се со тоа дека си на вистинскиот пат,со тоа правиш уште поголем идол од нивниот.
Ако мене ми требаше потврда и утеха од луѓе на форум за да бидам сигурен дали сум или не вистинскиот пат, немаше да бидам телемит, ќе бев еден од многуте верници.



