Треба ли религиозните предмети да се користат како посредници помеѓу луѓето и Бог?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Интересна интерпретација, само што нема ништо со онаа на класичниот верник што библијата ја толкува буквално и што на стихот што го посочив не гледа како на парабола што ја опишува неговата внатрешна состојба, туку на конкретен настан што треба да се случи.
Токму затоа и постојат "религиозни предмети" преку кои верникот мисли дека смее или не смее да комуницира со Бог. Најголемиот "Идол" што религиозните го прават е што наместо да осознаваат тие веруваат во сведоштво или искуство што не се ни обидуваат да го поминат низ сопствениот "филтер" на разбирање и осознавање....прифаќаат догми што и самите не ги разбираат, му слугуваат на стравот од казната и стремежот по награда.
Прашањето не го постави класичен верник туку ти,а во вториот пост точно се знаеше на што целиш.Признај сии баре себеси ако не сакаш овде јавно дека и ти буквално свати дека се однесува за поколение кое тогаш живеело во склоп на тогашното општество.
И не треба да се покажува со прст кон религиозните колку само да се бара потврда утешувајќи се со тоа дека си на вистинскиот пат,со тоа правиш уште поголем идол од нивниот.
 
  • Like
Реакции: Prashina

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
41
www.oto-mk.net

Од каде толкава самоувереност дека тоа што го понуди како објаснување е единствено точно и дека не се работи за поколението кое живеело тогаш? Ти му ги читаше мислите на оној што ги пишувал овие стихови?
Прашањето не го постави класичен верник, туку прашањето беше поставено на класичен верник, со цел да се види како гледа на тој стих.
И не треба да се покажува со прст кон религиозните колку само да се бара потврда утешувајќи се со тоа дека си на вистинскиот пат,со тоа правиш уште поголем идол од нивниот.
:facepalm2 Ако мене ми требаше потврда и утеха од луѓе на форум за да бидам сигурен дали сум или не вистинскиот пат, немаше да бидам телемит, ќе бев еден од многуте верници.
Кога веќе инсистираш да дискутираме за алегориските значења, Идолот кај евреите бил синоним за обожавање на формата за сметка на суштината. Но за таа цел како Идол или религиозен "предмет" може да послужи и одредена догма а не само конкретен предмет, слика или фигура.
Во Зохар на пример, 7-те денови на создавањето опишани во Берешит (Битие) се преставени како "внатрешни простории" или - "небески дворци" во самиот човек. Еврејскиот назив им е - "ејхалот". Слично е со целото петтокнижие или - Тора, се работи за шифриран текст, симболика која треба да биде внатрешен водич, кон сопствената суштина на човекот. Но институционализираната религија, од тоа создала Идол, и буквална интерпретација на тој криптограм.....создавајќи ги денешните догматски религии.
Значи си открил "топла вода", многу пред тебе луѓето ги криптирале и шифрирале своите сознанија за духовноста со цел да не биде уништена од неукоста и стравот на оние чиј двигател е стравот од казна и жедта по награда.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Јас отсекогаш сум имал мака да го одгатнам значењето на поимите Еуфрат и Тигрис во петокнижието, ајде поимот `поколение` ако се потрудиме може да има митско, метафизичко значење, можно е да е и шифрирана формула за етанол, ама ова Еуфрат ептен гаден поим, не допушта толкување, уште пак и река дека било кажуваат во списите. А дали река е всушност `река` или се работи за нешто десетто, можеби ако се погледне духовно на поимот може да значи `среќа`...или `несреќа`...

Па и она `Асирија`... којзнае шо им значело тоа... Дали Витлеем, Ерусалим и Назарет се всушност некакви кодови или чекаат на небуквално толкување.
Пречистиот Свети Салазар Лисабонски во своето дело `Симболикум аетерна кристи` наведува дека Витлеем = Олд Трафорд.
А името на Мојс беше Давид...
 
Треба да се познава евресјкиот јазик, за да се добие сознание за симболиката и значењето на одредени зборови. Понекогаш суштината се однесува не на името, туку на поимот на кој се однесува даденото име, додека во друг случај обратно.
Витлеем на пример значи - "куќа на лебот", Назарет според одредени шпекулаци потекнува од називот Назарени, еврејска секта во која наводно припаѓал Исус. Бидејќи Назарет историски освен во библијата, на друго место не се споменува како град.
Од аспект на кабалистите, оваа книга може да ти понуди најлаичко објаснување за поставениве прашања:

Еве и видео:

Како и да е, било која интерпретација што се преставува како единствено точна, не е ништо друго туку заблуда, невистина - догма.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Од каде толкава самоувереност дека тоа што го понуди како објаснување е единствено точно и дека не се работи за поколението кое живеело тогаш? Ти му ги читаше мислите на оној што ги пишувал овие стихови?
Прашањето не го постави класичен верник, туку прашањето беше поставено на класичен верник, со цел да се види како гледа на тој стих.
Немам намера да убедувам некого,но ако веќе постави лукаво пршање зошто полн со иронија побара да се запознаеш со некој кој е стар 2000год.а сега демек си сакал да видиш како на тие стихови гледат верниците.
Еве прилика да се извлечеш,кажи ти што милиш,за кое поколение станува збор?:nerd

:facepalm2 Ако мене ми требаше потврда и утеха од луѓе на форум за да бидам сигурен дали сум или не вистинскиот пат, немаше да бидам телемит, ќе бев еден од многуте верници.
Кога веќе инсистираш да дискутираме за алегориските значења, Идолот кај евреите бил синоним за обожавање на формата за сметка на суштината. Но за таа цел како Идол или религиозен "предмет" може да послужи и одредена догма а не само конкретен предмет, слика или фигура.
Во Зохар на пример, 7-те денови на создавањето опишани во Берешит (Битие) се преставени како "внатрешни простории" или - "небески дворци" во самиот човек. Еврејскиот назив им е - "ејхалот". Слично е со целото петтокнижие или - Тора, се работи за шифриран текст, симболика која треба да биде внатрешен водич, кон сопствената суштина на човекот. Но институционализираната религија, од тоа создала Идол, и буквална интерпретација на тој криптограм.....создавајќи ги денешните догматски религии.
Значи си открил "топла вода", многу пред тебе луѓето ги криптирале и шифрирале своите сознанија за духовноста со цел да не биде уништена од неукоста и стравот на оние чиј двигател е стравот од казна и жедта по награда.
Не шифрирале луѓе,туку тие биле канал преку кој биле пренесени тие книги,човечки ум тоа не може да го создаде.
А и самите тие што пренесувале станале верници на тоа што го напишале,зборовите се силна алатка преку кој може да се заведе мнозиството народ.
И не се работи за ништо сокриено,туку за искривен поглед на луѓето кој од семејството и општеството биле врднувани сосема спротивни работи кој ги одалечило луѓето,односно им дале искривен поглед.
Но,токму оние кој криеле своевидно богатство во мудрости се директни виновници за создавање догми,да не потклекнале на задоволството да бидат канал да пренесување зборови,немаше да постојат толку догми.
Идол е и самиот бог без разлика што преставува за поединецот кој верува во него,каков идол такви и посредници.
Се е суета.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
41
www.oto-mk.net
Немам намера да убедувам некого,но ако веќе постави лукаво пршање зошто полн со иронија побара да се запознаеш со некој кој е стар 2000год.а сега демек си сакал да видиш како на тие стихови гледат верниците.
Еве прилика да се извлечеш,кажи ти што милиш,за кое поколение станува збор?:nerd
Па да не сакав да видам како гледа на тој стих еден верник, немаше да му поставам такво прашање. Што е тука лукаво? И да, мислам дека сите верници на тој стих гледаат буквално, затоа реков дека би сакал да запознам некој што има 2000 години. Ако не сум во право, ете нека ме демантира членот што го прашав и нека каже дека зборот поколение во стихот го смета за некоја симболика.
Што се однесува до мене, зависно од контекстот во кој се зема тој стих, таков ќе биде и мојот став за зборот поколение. Ако дискутирам со верник, тогаш ќе мислам на генерација од пред 2000 години, ако дискутирам со гностик, ќе гледам на тоа како на симболика.
Не шифрирале луѓе,туку тие биле канал преку кој биле пренесени тие книги,човечки ум тоа не може да го создаде.
А и самите тие што пренесувале станале верници на тоа што го напишале,зборовите се силна алатка преку кој може да се заведе мнозиството народ.
И не се работи за ништо сокриено,туку за искривен поглед на луѓето кој од семејството и општеството биле врднувани сосема спротивни работи кој ги одалечило луѓето,односно им дале искривен поглед.
Но,токму оние кој криеле своевидно богатство во мудрости се директни виновници за создавање догми,да не потклекнале на задоволството да бидат канал да пренесување зборови,немаше да постојат толку догми.
Идол е и самиот бог без разлика што преставува за поединецот кој верува во него,каков идол такви и посредници.
Се е суета.
Значи се што не е во склад до твоите ставови и мислења, е суета и искривен поглед на луѓето?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Па да не сакав да видам како гледа на тој стих еден верник, немаше да му поставам такво прашање. Што е тука лукаво? И да, мислам дека сите верници на тој стих гледаат буквално, затоа реков дека би сакал да запознам некој што има 2000 години. Ако не сум во право, ете нека ме демантира членот што го прашав и нека каже дека зборот поколение во стихот го смета за некоја симболика.
Што се однесува до мене, зависно од контекстот во кој се зема тој стих, таков ќе биде и мојот став за зборот поколение. Ако дискутирам со верник, тогаш ќе мислам на генерација од пред 2000 години, ако дискутирам со гностик, ќе гледам на тоа како на симболика.

Значи се што не е во склад до твоите ставови и мислења, е суета и искривен поглед на луѓето?
Не наметнувам ставови ниту ги нудам како единствено точни.
Предходно спомнав дека духовното расудување е како спирално полжавче.Не се сите на исто ниво,па ако се наметне може да се деформира патеката.Секој нека си остане на својата патека и верување,тоа што разменуваме понекогаш и остри коментари е со селектиран член,како што си ти.;)
Како што и Исус вика,едни да го чекаат неговото доаѓање,а други нема да ги остави и ќе биде со нив до крајот на светот.:)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
41
www.oto-mk.net
Не наметнувам ставови ниту ги нудам како единствено точни.
Предходно спомнав дека духовното расудување е како спирално полжавче.Не се сите на исто ниво,па ако се наметне може да се деформира патеката.Секој нека си остане на својата патека и верување,тоа што разменуваме понекогаш и остри коментари е со селектиран член,како што си ти.;)
Како што и Исус вика,едни да го чекаат неговото доаѓање,а други нема да ги остави и ќе биде со нив до крајот на светот.:)
Тогаш да сумираме, што е реперот за искривен и исправен поглед на светот? И чиј поглед не е искрвивен? Твојот?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Тогаш да сумираме, што е реперот за искривен и исправен поглед на светот? И чиј поглед не е искрвивен? Твојот?
Ќе се послужам со слика за поедноставно да се објасни.
4793463265_6c74bacfa1.jpg
Тоа доле е со една мисла,еден поглед ,креиран од самото општество,семејство со јасен и цврст став за своето постоење,јасни карактерни особини препознатливи во средината во кое живее.
Додека она горе има седум погледи,седум мисли,постаро од Аврам,не креирано од општеството,живее во светот, но сокриено.
Кога упатуваш прашање и велиш "Твојот" поглед, ТИ, итн,научен од општествените вредностси за единка очекуваш одговор од оној доле,ТОЈ е мртов.
Доколку си во можност да ги менуваш погледите и да се доживуваш во сите промени,не да гледаш од една позиција и да даваш суд,туку самиот постанувш тоа и доживуваш,нема да имаш потреба од прашања,истражувања.Тоа му доаѓа како да ти кажам постани верник за да ги разбереш нив,а и себеси,бидејќи постојано напади упатуваш спрема нив.
Да сумираме.
Од сликата, човек преставува онаа доле - човечката глава или она горе - змејот со седум глави?
Ако имаш одговор на ова прашање ќе го добиеш реперот за искривен или прав поглед.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
41
www.oto-mk.net
Да сумираме.
Од сликата, човек преставува онаа доле - човечката глава или она горе - змејот со седум глави?
Ако имаш одговор на ова прашање ќе го добиеш реперот за искривен или прав поглед.
Сликата може да значи се и сешто за разни луѓе, тоа не е одговор на прашањето што ти го поставив. Ако веќе секој пост ти е суд и оценка за што е погрешно а што исправно, повели кажи кој е критериумот за да знаеме.