Треба ли религиозните предмети да се користат како посредници помеѓу луѓето и Бог?

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Дали ако денес некој дојде и ти каже дека е пророк кој е воден од светиот дух ќе му поверуваш или ќе го помислиш за луд?
ако тој пророк она сто го казува се исполнува секако дека ке го верувам, зборови без дела немаат вредност...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
ако тој пророк она сто го казува се исполнува секако дека ке го верувам, зборови без дела немаат вредност...
Еве Иван исцелителот се смета себе за Божји човек и пророк, кој не само што зборува со Бога, туку и Бог преку него лекува.
Иван има предвидено дека првото дете во оваа година ќе било машко, и од цели 50-50 шанси, така и беше. Иван рекол дека ќе има и поплава во светот (колку неочекувано во текот на една година да има некаде поплава)...Србиве еве настрадаа.
Не знам тој што предмети користи за комуникација со Бога, веројатно е апгрејдиран телепатски да комуницира, ама ете, ставил ли икони околу него - нема сомнеж. Е, тоа е таа манипулација на верска основа и искористување религиозни предмети.
Летово мислам дека го видов врвот. Јас знам дека ние од чипс собиравме сликички што се прелеваат една во друга, ама сега модерни биле такви икони! Мхм, 170 евра икона што се прелева од ликот на Исус во Исус на крст...не знам на колку места чувана и осветувана, нели, да се оправда цената.

Кога сме кај посредништво...малце сме слоупоук со примањево вести т.е. битно е да се објави, па сега што има врска кога се случило?
Вест од денес - во Бразил, во 2007ма се родило бебе со споени дланки ко да се моли. Кога докторите ги оддвоиле со рутинска операција, на нив пишувало „Исус се враќа“, што резултирало со масовна хистерија на побожните мештани, како и покајание и враќање во црква на небожниците поради пораката.
За да се додаде на тежина, детето починало веднаш по рутинската операција...и секако, никој не ги сликал дланките.

Бонус: коментари под статијата кои мислам дека зборат сами за себе.
fGdpU.jpg
:D:D:D
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
ако тој пророк она сто го казува се исполнува секако дека ке го верувам, зборови без дела немаат вредност...
Кога Исус бил прашан кога ќе дојде судниот ден и како ќе го препознаеме, во евангелието според Марко стои следниов одговор:
Марко 13:
30. Вистина ви велам: ова поколение нема да помине, дури сето тоа не се збидне.

Дали тоа поколение сеуште е присутно?
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
ако тој пророк она сто го казува се исполнува секако дека ке го верувам, зборови без дела немаат вредност...
Што треба тој пророк да исполнува, кои дела, да го фати бог за уши и да ти го донесе пред тебе?




П.С: за да си ги научиш кај ти се буквите љ њ ѕ ш ѓ ж ч ќ џ
MK-MP-v1.png
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Кога Исус бил прашан кога ќе дојде судниот ден и како ќе го препознаеме, во евангелието според Марко стои следниов одговор:
Марко 13:
30. Вистина ви велам: ова поколение нема да помине, дури сето тоа не се збидне.

Дали тоа поколение сеуште е присутно?
Да!
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Интересно, баш би сакал да се запознам со некој што има 2000 години.
Бирај време и место.:)
@alf случајно да не си ти некој библиски лик?
Постојано заборавате дека зборуваме за духовна книга,па не ни чудо што вака ги разбирате.
Во ни се зборува за внатрешните промени и на истите тие промени се даваат разни облици,споредби.
Ништо се нема променето од тогаш до денес,истите промени кај човекот сеуште се присутни.
Бидејќи човекот е врзан за времето тие промени од дете до старец ги живее поединечно,за оние промени што поминале постојат само слики од сеќавање,но не и нивно присуство.
А кој го праша бебето дали ќе го остапи местото на детето или детето на тинејџерот итн.
Вие сте насочени не поединец со име и презиме,нормално дека таков не би постоел толку долго,но поимите од бебе до старец сеуште се присутни,тоа поколение нема да помине додека сето тоа што го зборува Исус не се исполни.
Повеќето ликови од библијата зборат за внатрешните промени што ги доживува човек во период на своето присуство на земјата.
Некои поделбите ги дели на пет,давајќи им ликови како лав-бебе,теле-дете,мечка-тинејџер,орел-возрасен човек.Ако можеш споредбените особини да ги препознаеш ќе разбереш.Други ги делеле на седум,пробајте сами да ги препознаете или споредите.
Интересно е што секој од тие да ги наречам духови преку луѓето создаваат свој култови.
пример,бебето придава значење за себе велејќи дека се од него почнало..ова одговара на Тао,останатите редоследно можете во останатите религии да ги препзнаете и старецот е присутен нели тој е најстар,најискусен,мудар скриен во тајни друштва.
Ако се разберете себеси во сите промени ќе можете да ги набљудувате и препознавате истите,бидејќи духовното расудување е како спирално полжавче,тоа што е во најмалото крукче истото е и во големото.
Тогаш без проблем ќе можете да кажете дека сте постоеле пред Аврам,не како име,култура или нација туку како човек кој ги доживеал сите промени во себе и истите се присутни во него.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Треба да се користат симболи, а не „религиозни предмети“.
Какви се кованици изнаоѓате, страшно...
Баталете го зборот „религија“ и се што оди со него... премногу долго време се користи тој збор за се и сешто.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Бирај време и место.:)

Постојано заборавате дека зборуваме за духовна книга,па не ни чудо што вака ги разбирате.
Во ни се зборува за внатрешните промени и на истите тие промени се даваат разни облици,споредби.
Ништо се нема променето од тогаш до денес,истите промени кај човекот сеуште се присутни.
Бидејќи човекот е врзан за времето тие промени од дете до старец ги живее поединечно,за оние промени што поминале постојат само слики од сеќавање,но не и нивно присуство.
А кој го праша бебето дали ќе го остапи местото на детето или детето на тинејџерот итн.
Вие сте насочени не поединец со име и презиме,нормално дека таков не би постоел толку долго,но поимите од бебе до старец сеуште се присутни,тоа поколение нема да помине додека сето тоа што го зборува Исус не се исполни.
Повеќето ликови од библијата зборат за внатрешните промени што ги доживува човек во период на своето присуство на земјата.
Некои поделбите ги дели на пет,давајќи им ликови како лав-бебе,теле-дете,мечка-тинејџер,орел-возрасен човек.Ако можеш споредбените особини да ги препознаеш ќе разбереш.Други ги делеле на седум,пробајте сами да ги препознаете или споредите.
Интересно е што секој од тие да ги наречам духови преку луѓето создаваат свој култови.
пример,бебето придава значење за себе велејќи дека се од него почнало..ова одговара на Тао,останатите редоследно можете во останатите религии да ги препзнаете и старецот е присутен нели тој е најстар,најискусен,мудар скриен во тајни друштва.
Ако се разберете себеси во сите промени ќе можете да ги набљудувате и препознавате истите,бидејќи духовното расудување е како спирално полжавче,тоа што е во најмалото крукче истото е и во големото.
Тогаш без проблем ќе можете да кажете дека сте постоеле пред Аврам,не како име,култура или нација туку како човек кој ги доживеал сите промени во себе и истите се присутни во него.
Интересна интерпретација, само што нема ништо со онаа на класичниот верник што библијата ја толкува буквално и што на стихот што го посочив не гледа како на парабола што ја опишува неговата внатрешна состојба, туку на конкретен настан што треба да се случи.
Токму затоа и постојат "религиозни предмети" преку кои верникот мисли дека смее или не смее да комуницира со Бог. Најголемиот "Идол" што религиозните го прават е што наместо да осознаваат тие веруваат во сведоштво или искуство што не се ни обидуваат да го поминат низ сопствениот "филтер" на разбирање и осознавање....прифаќаат догми што и самите не ги разбираат, му слугуваат на стравот од казната и стремежот по награда.