Треба да се познава евресјкиот јазик, за да се добие сознание за симболиката и значењето на одредени зборови. Понекогаш суштината се однесува не на името, туку на поимот на кој се однесува даденото име, додека во друг случај обратно.
Витлеем на пример значи - "куќа на лебот", Назарет според одредени шпекулаци потекнува од називот Назарени, еврејска секта во која наводно припаѓал Исус. Бидејќи Назарет историски освен во библијата, на друго место не се споменува како град.
Од аспект на кабалистите, оваа книга може да ти понуди најлаичко објаснување за поставениве прашања:
Еве и видео:
Како и да е, било која интерпретација што се преставува како единствено точна, не е ништо друго туку заблуда, невистина - догма.
Мислам дека тоа е повеќе додавање вредност отколку некаква окултна симболика која се состои во петокнижието, пошто и тоа кутрото е плагијат на плагијат на плагијатот, оригиналите се од Сумер, штета шо немало копирајт инфрнџмент тоа време за Енума Елиш и слични писанија па фино тоа еврејските попови да бидат тужени
Сумерите се премногу потценети, forever alone, ако се има во предвид колку им краделе митологии и литература подоцна.
Витлеем е географска одредница во библијата, па и остали топоними, без разлика на значењето на самиот поим. Треба сериозен leap of faith за да се најде симболика во поимот Рим или Асирија...