Прашањето не го постави класичен верник туку ти,а во вториот пост точно се знаеше на што целиш.Признај сии баре себеси ако не сакаш овде јавно дека и ти буквално свати дека се однесува за поколение кое тогаш живеело во склоп на тогашното општество.Интересна интерпретација, само што нема ништо со онаа на класичниот верник што библијата ја толкува буквално и што на стихот што го посочив не гледа како на парабола што ја опишува неговата внатрешна состојба, туку на конкретен настан што треба да се случи.
Токму затоа и постојат "религиозни предмети" преку кои верникот мисли дека смее или не смее да комуницира со Бог. Најголемиот "Идол" што религиозните го прават е што наместо да осознаваат тие веруваат во сведоштво или искуство што не се ни обидуваат да го поминат низ сопствениот "филтер" на разбирање и осознавање....прифаќаат догми што и самите не ги разбираат, му слугуваат на стравот од казната и стремежот по награда.
И не треба да се покажува со прст кон религиозните колку само да се бара потврда утешувајќи се со тоа дека си на вистинскиот пат,со тоа правиш уште поголем идол од нивниот.