Милиони луѓе им оддаваат почит на религиозни предмети затоа што веруваат дека на тој начин му служат на Бог.Но Обожавањето на религиозни предмети нема никаква поткрепа во Библијата.„Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш“ (2. Мојсеева 20:4, 5), „Бегајте од идолопоклонство!“ (1. Коринќаните 10:14) И што е многу битно за оваа тема, и Самиот Исус Кога ги поучил своите следбеници како да се молат, тој не им рекол притоа да користат религиозни предмети. Самиот концепт Бог да се обожава преку религиозни предмети го нема никаде во Христијанските грчки списи. ШТО мислите вие за овие изјави? Дали ваквиот став е исправен?
Во врска со идолите, Библијата вели: „Уста имаат, но не зборуваат, очи имаат, но не гледаат, уши имаат, но не слушаат“. Потоа додава едно сериозно предупредување: „Оние што ги прават, ќе станат како нив“! (Псалм 115:4-8).
Освен тоа, обожавањето идоли е неправда. Запрашај се: ‚Како би се чувствувал кога би му дал на моето дете еден скап подарок, а тоа да отиде и да му се заблагодари на некој сосема непознат човек или на некој мртов предмет?‘ Ова може да ти помогне да разбереш како се чувствува нашиот Творец и Дарител на животот кога благодарноста и почитувањето што му припаѓаат нему ги примаат други — вклучувајќи ги и безживотните идоли (Откровение 4:11).
Исто така, размисли колку понижувачки е кога луѓето, кои се создадени според Божјиот лик, им оддаваат почит на мртви предмети! (1. Мојсеева 1:27). Во врска со таквите луѓе, пророкот Исаија напишал: „Му се клањаат на делото на човечки раце, на она што го направиле човечки прсти. Се понизува земниот човек, се понижува човекот. Тоа, едноставно, не можеш да им го простиш [Боже (Исаија 2:8, 9)

Последна промена од модератор: