Трауми од детството

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Имам т.е. не ми е траума ама ме натера да размислам.. Па вака беше пред 10 години и јас и мајка ми бевме дома татко ми беше на работа, и одеднаш доаѓаат моите 2 братучетки на врата целите избезумени и и велат на мајка ми ,,тато полуде може ли тука да седиме додека се смири“ ( тогаш тетка ми се разведувше од него затоа што беше пијаница и коцкар) и мама ги прими , и по некое време некој тропа на врата со тупаници и мама отвори и тој ја гурна и влезе внатре и почна да се дере ,,Кај се ми ќерките?? И ти ли ќе ме двоиш од нив?? и извади нож и ја фана мајка ми за рамо ја гурна на ѕид и намавна со ножот као да сака да ја нападне, и тогаш тие ( братучетките мои) излегоа и го наговорија да се смири додека цело врме јас гледав од позади еден фикус, и си тој отиде после некако и мајка ми и јас не бевме при себе и ми се чини тогаш разбрав дека некои личности можеш да ги загубиш во секунда и дека секакви ненормални има на овој свет, среќа сега тој разбојник е во затвор, и ништо не и направи на мајка ми.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Кога имав само 6 години кога одев од забавиште за дома со дедо ми не удри кола а колата возеше ко луда сакаше да ја престигне другата кола која беше пред неа и така излета на тротоар среќа јас и дедо ми преживеавме и после неколку години се плашев од коли се плашев да ја преминам улицата .. И ден денес ми има останато последица од таа трума но не би сакала да ја откривам ...
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Дали во детството сте доживеале нешто што ве натерало да се промените,спомени кои сакате да ги потиснете длабоко во себе,случки кои ви оставиле траги врз душата?
Како влијаело тоа на вас?


обичај е кога некој ќе отвара тема нова да изнесе некое свое искуство или доживување ???
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
обичај е кога некој ќе отвара тема нова да изнесе некое свое искуство или доживување ???
Да,ти го изнесе искуството околу бмв колите :mstickle:p
се извинувам што не сум напишала за моите трауми
во прва прилика ветувам ке напишам:)
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
траума од децвото ми остана поради невремето кое ме фати на 5 годишна возраст а бев сам местото беше далеку и имаше река,преживеав но последиците уште ми се врежани, мразам невреме
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
траума од децвото ми остана поради невремето кое ме фати на 5 годишна возраст а бев сам местото беше далеку и имаше река,преживеав но последиците уште ми се врежани, мразам невреме
како бе сам на пет години :unsure

и јас имам траума од едно невреме....
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Трауми од кучиња? Невреме? Сериозно? Грмењето ве исплашило, или куче пример? Секој бегал од кучиња па ај сите да пишеме. Пола од мислењава, уствари кои пола, само 2 мислења треба да има. :)

Туку ај да не замарам, да си пишам јас на темава тоа што сакав. Нема врска со кучиња, ниту невреме.
Годината беше 2001, имав само 9 години, можеби не сум бил некое мало дете ама не сум бил ни голем. Беше зима, крајот на Јануари, а почеток на војната. Ние (мислам на мајка ми и мене) не сфаќавме толку сериозно, јас уствари ништо не сфаќав што се случува, мајка ми и останатите роднини не сфаќаа сериозно.
Како што кажав, беше крајот на Јануари, се враќавме накај дома од гости, се возевме со селски автобус бидејќи јас сум селски човек. Бидејќи останавме подолго на гости каде што бевме, не фати ноќ, не беше касно ама зимно време одма се стемнува.
После отприлика пола саат откако тргнавме автобусот беше застанат од тогашните "борци за човекови права". Си влегоа 4ца и ги изнесоа сите мажи што беа внатре, она што мене ме исплаши и ме плашеше долго време после тоа беше прашањето на едниот кон другарчето негово, а децава ќе ги земаме? Внатре бевме само 2 деца, јас и уште еден. А тој па баксуз, пред да тргнеме му рекоа да остане ако сака, а тој плачеше да си оди. Сепак за наша среќа тој му одговори, ај остави ги.
После тоа се преселивме ама сепак страшно беше ова.

Имам и други работи, пијани роднини, тепање и слично, ама ова што го пишав ми беше пострашно. Можеби затоа другиве ми се пуси смоук. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider