Трауми од кучиња? Невреме? Сериозно? Грмењето ве исплашило, или куче пример? Секој бегал од кучиња па ај сите да пишеме. Пола од мислењава, уствари кои пола, само 2 мислења треба да има.
Туку ај да не замарам, да си пишам јас на темава тоа што сакав. Нема врска со кучиња, ниту невреме.
Годината беше 2001, имав само 9 години, можеби не сум бил некое мало дете ама не сум бил ни голем. Беше зима, крајот на Јануари, а почеток на војната. Ние (мислам на мајка ми и мене) не сфаќавме толку сериозно, јас уствари ништо не сфаќав што се случува, мајка ми и останатите роднини не сфаќаа сериозно.
Како што кажав, беше крајот на Јануари, се враќавме накај дома од гости, се возевме со селски автобус бидејќи јас сум селски човек. Бидејќи останавме подолго на гости каде што бевме, не фати ноќ, не беше касно ама зимно време одма се стемнува.
После отприлика пола саат откако тргнавме автобусот беше застанат од тогашните "борци за човекови права". Си влегоа 4ца и ги изнесоа сите мажи што беа внатре, она што мене ме исплаши и ме плашеше долго време после тоа беше прашањето на едниот кон другарчето негово, а децава ќе ги земаме? Внатре бевме само 2 деца, јас и уште еден. А тој па баксуз, пред да тргнеме му рекоа да остане ако сака, а тој плачеше да си оди. Сепак за наша среќа тој му одговори, ај остави ги.
После тоа се преселивме ама сепак страшно беше ова.
Имам и други работи, пијани роднини, тепање и слично, ама ова што го пишав ми беше пострашно. Можеби затоа другиве ми се пуси смоук.