Тоше Проески

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Да, не сум без чувства, и да, отиде голем, чесен човек, пеач и хуманитарец.
Ама кога бев помала и кога им викав убаво пее дечково, за нив беше педерче.
Ебати таквото идолизирање. Да беше жив, немаше ни приближно да го „Божевствуваат“ ко сега.
Мислењето ми е исто како кога и беше жив, не ми треба да умре па да го величам.


ок... тргни ги на страна ангелите, дека е незаборавен, најдобар ... бла бла
дечкото беше талент со неповторлив вокал (барем се уште не)
имаше повеке бои на гласот од многу попознати пеачи !
Човекот со текот на неговата кариера истовремено и го усовршуваше гласот ... затоа и во последните години стануваше се попознат и подобар , така и од ден за ден се "раѓаа" се повеке негови фанови ...
во последните 2 години од неговиот живот немаше песна која неможеше да ја испее а да не биде восхитена публиката (опери, забавни, народни, балади ) ...

за да кажам дека си малце во право... дај ми некоја споредба на некоја стара македонска песна испеана од него и било кој друг ... и каде што другиот ја пее подобро од него ...

не верувам дека ке најдеш ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А кај спомнав јас дека му ги оспорувам вокалните способности? Напротив.
Зборот ми беше што мора некој да умре за да го величаат и да не смеат да кажат лош збор за него.
Вака дури беше жив плукаа колку сакаа и освен правите фанови, на никој друг не му беше гајле.
Сега да се каже нешто настрана за Тоше, сите рипаат ко фамилија да си им убил.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
А кај спомнав јас дека му ги оспорувам вокалните способности? Напротив.
Зборот ми беше што мора некој да умре за да го величаат и да не смеат да кажат лош збор за него.
Вака дури беше жив плукаа колку сакаа и освен правите фанови, на никој друг не му беше гајле.
Сега да се каже нешто настрана за Тоше, сите рипаат ко фамилија да си им убил.

убаво ти објаснив во претходниот пост... со текот на кариерата стануваше се подобар и подобар ... а кога некој е добар , лугето го сакаат... како напредуваше со кариерата , така стекнуваше се повеке фанови и обожаватели ... после неговата смрт, лугето кој малку знаеа за него, почнаа по нет да сурфаат и да се уверуваат за каков глас станува збор ... а тие што го плукале...тоа беше на почетокот на неговата кариера, кога уште беше никој и ништо,со тек на време на многу луге ги предомисли и ги сврте на негова страна !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Текот на кариерата нема врска, и Биберче сега остарува и му мутира гласот, па пак е за никаде.
Еднаш штом стекнеш впечаток за некого, тешко се менува. А Тоше од почеток си беше ист, добродушен, мил и хуманитарен, не се менувал па да го засакуваат и замразуваат. Ако само поради гласот и репутацијата смениле мислење, пак, ебати „фановите.“
И за фан не можеш да го сметаш некој што до вчера не знаел за него или го плукал, а сега го брани само затоа што умрел, па на дотичниов му текнало дека Тоше има убав глас и дека не треба да се плука оти е мртов.
Тоа ти е само проста раја што видела фановите кај што тажат, па ај да не биде без душа сме и не сме фанови. Шаблонизирање.
Туку да не забегуваме од темата со фановиве. Нека почива во мир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and melpomena

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Тоше беше еден и единствен на овие простори... неговото дело остана како инспирација за многумина... Ели е една од нив, песнава е напишана во негова чест ...

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and JaMi

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Не можам да издвојам омилена песна негова. Сите ги сакам...
А за неговиот талент нема потреба да се зборува, за неговата хуманост уште помалце. Штета е што сфаќаме што сме имале откако нештото ќе го изгубиме. Така е и со Тошка.

Нека почива во мир..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Извор
Продавачот на весници Рафит Хасани никогаш нема да ја заборави средбата со Тоше Проески кога продавал Дневник на Бул. Партизански одреди.
"Многу врнеше, на семафорите застана еден автомобил и јас приметив дека е Тоше Проески. Ме парша колку ми е заработката за една вечер, а јас му одговорив дека е околу 150 денари. Извади од џебот 500 денари, ми ги даде и ми рече - ТЕ МОЛАМ ОДИ ВЕЧЕРВА ДОМА НЕМОЖАМ ДА ТЕ ГЛЕДАМ КАКО КИСНЕШ, одтогаш често проаѓаше и ми носеше чај во термос" - се сеќава Хасани !
Ангелу наш почивај во мир ♥
582451_337052973015676_733929725_n.jpg