Ми текна на Тошка сега, т.е. прееска на МТВ дадоа две или три негови песни, од оние првите и помислив да побарам дали има тема на форумов за него, ако немаше бев во „ниет“ да отворам.
Тошка, да не бидам лицемерен сега после неговата смрт, јас искрено не го сакав многу. Не ми се допаѓаше начинот на кој што стоеше на сцена(со раширени нозе). И секогаш практикував да не го гледам туку да го слушам, затоа што кога го гледав се фокусирав на изгледот а не на пеењето. Е кога не го гледав уживав во неговата музика, уживам и сега, ама никогаш не пуштам клипови да го гледам. Или пак ако некоја песна сакам со изведба во живо да ја слушам тогаш само ја пуштам и не ја гледам...
Прекрасен глас имаше човекот. Музиката му отскокнуваше од музиката на сите други изведувачи на просториве и ми се допаѓаше премногу.
Единствено нешто што ми остана енигма која нема да ја одгатнам никогаш „Многу арно, не е на арно“.
Хуманитарец, одличен човек, одличен вокал, љубеник на публиката...
Не знам, да не грешам душа.