Тоше Проески

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
значи јас за тие народни песни прв пат слушнав одкога Тоше ги оживеа... кој си го слушал и сакал Тоше пак си го слуша и сака... а кој отпосле го засакал уствари сватил колку вреди ... ...:x и здосадено ми е веќе да читам како сите отпосле го засакале бла бла муабети,расправии и триста чуда (facepalm) ... не замарајте со глупости кажете нешто корисно што сте научиле од Тоше,или постирајте песна која ви враќа спомени...
и ја користам приликава како што тоа често го правам да си ја постирам една од моите омилени песни,препеана oд Тоше
4FUN (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Јас никогаш не сум го слушал Тоше on a daily basis,ама никогаш не сум го порекнал неговиот вокален талент,неговата харизма,неговата дарба и неговата огромна хуманост,што го издвојуваа од другите на македонската естрада. Причината што не сум го слушал најверојатно лежи во тоа што никогаш не сум ни практикувал да слушам таков вид на музика,не затоа што е лоша,чисто затоа што не сум се пронашол во неа. И мислам дека доволно видов плукање врз тие што постираат песни од Тоше денес,кој кога го слушал на крај краева и не е толку битно,битно му изразува почит како артист и како човек,и битно е дека ја шири неговата музика,на форум,на Фејсбук,каде било.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас на општите плукачи не им замерувам,од причина што таков народ сме,плукни залепи,плукни залепи,па излижи,па пак плукни и се така.Но плукање по нешто толку вредно,или пак по оние кои сакаат да му одадат чест каква таква,неможам да разберам.
неможам да го разберам задоволството кое се доживува при такво плукање.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Јас на општите плукачи не им замерувам,од причина што таков народ сме,плукни залепи,плукни залепи,па излижи,па пак плукни и се така.Но плукање по нешто толку вредно,или пак по оние кои сакаат да му одадат чест каква таква,неможам да разберам.
неможам да го разберам задоволството кое се доживува при такво плукање.
Да бидам искрен,и јас сум плукач. И тоа огромен плукач. Само не на се и сешто. Знам дека сум со македонски менталитет и дека сум шутрак и дека со плукање и мразење ништо не се добива,се шири само негативна енергија и остало. Ама сакам да верувам дека моето плукање има некоја поинаква цел од тоа. Се извинувам,забегав офтопик.
Тоше може комотно да биде плукан,осквернавуван,но не може да биде одречен. Не мора дури ни да се оддаде чест,само нека не се одзема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
слушај!
не слушам такфу музику, значи мрзу Балкан мјузик ама Тоше е најјак!
значи хејтер вика дека е најјак значи е стфарно најјак, ск умреја или не најјак е тој е тој
поздраф, и да Чаки ми избега на тј дн кд е Тоше умреја :(
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Колку само мислам дека не си во право,ако ме прашаш мене од албумот Божилак што го пееше каде има македонски народни песни преработки од него само "Мајка на марика думаше" доживеа некаква популарност,остатокот од песните никаде нити некој ги пуштил нити ги знаат.

абе не спомнав никаде за стари македонски песни издадени на негови албуми :unsure

еве ти само неколку македонски песни испеани од Тоше кој се дело на други изведувачи, па види дали сум или не сум во право ... за мојот слух, знам дека сум во право 100% - може немам добро уво за добар глас (не сум музички продуцент ниту пак имам некаква врска со музиката), ама тоа што го слушам , мене ми се допаѓа !




види како другите изведувачи му се восхитуваат на гласот , мислам дека нема потреба да продолжам со постирање на други видеа од него, се имаш на youtube ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Колку само мислам дека не си во право,ако ме прашаш мене од албумот Божилак што го пееше каде има македонски народни песни преработки од него само "Мајка на марика думаше" доживеа некаква популарност,остатокот од песните никаде нити некој ги пуштил нити ги знаат.

Болдираново ама воопшто не е точно. Еве на пример мене од тој албум најубава ми е оваа.

 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се надевам нема да ми замериш,си земав за право овде да го постирам твојот пост (worried)
Избегнувам да пишувам или зборувам за тебе ангелу. Боли секој збор, боли секоја помисла дека веќе не си овде, помеѓу нас. Боли тоа што го твојата кариера го достигна врвот откако ти ни замина. Но ете, само што ја слушнав новата песна и повторно солзите заиграа на моето лице. Фалиш..
Ти и твојот лик, твојот глас, твоите дела. Камо сите да бевме луѓе со душа како твојата и срце во кое имаше место за секој.

Утрешниот ден тешко ќе го поднесам. Сликата која од тој кобен ден стои на моево биро иако ја гледам секој ден, утре ќе ми носи болка поголема од секој ден. На секоја програма ќе се врти по нешто за тебе, затоа ТВ ќе стои исклучен цел ден. Убаво е тоа што те спомнуваат, но јас не можам да ги слушам тие тажни зборови и како за тебе зборуваат во минато. Како што ти велеше „Тој што го нема живее вечно штом ти е во срцето“. Живееш ти уште. Не верувам дека има некој кој ќе те заборави.
Почивај во мир Тошенце..
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Се надевам нема да ми замериш,си земав за право овде да го постирам твојот пост (worried)
Не, нема за што да замерам.. Се мислев и јас каде да пишувам ама ете СДК можев полесно да ја најдам додека инспирацијата ми беше тука. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and melpomena