Потписите на Мелпомена сум заприметила дека секогаш ги заприметуваш и потенцираш.
Кога веке го испотенцира и во оваа тема,незнам со која цел но ете ме потикна да и овде напишам,мада мислам дека имам некаде низ форумот напишано лично мое видување за Тоше Проевски без влаакна на јазикот,а ова погоре беше конкретно за сегментот Тоше и неговите вокални способности за старогратските песни.
Кога се појави Тоше на македонската сцена со неговите песни растев и јас.Неговите првични песни беа некако по наменети за нашите пубертетски години,или пак јас така ги доживувам.
Сакав да го слушам како пее но не и како зборува.
Зошто?
Признавам,ми беше некако премногу детинаст,да не речам лигав па дури признавам дека ми звучеше лицемерен.
Значи ова го мислам за неговите почетоци.Како резултат на тој мој впечаток доста време немав слушнато што кажува Тоше освен она што ке го испееше.А го видев по емисии го менував каналот.
На негов концерт во Гевгелија,додека другарка ми во првиот ред ја држеше цела една песна дур ја пееше,за рака,јас неможев да ја разберам таа нејзина еуфорија по него.
Откако загина,немаше емисија што не ја даваа по пет пати репризно и сите тие по пет пати ги гледав.
Што заклучив?
Дур сите тие 4-5 години не сум го гледала ни слушала како зборува,Тоше се променил.
Зошто ми се виде променет?
Па Тоше беше дете,тој пораснал,созреал.Но кај ми биле ушите,очите и желбата да го приметам тоа.
Никаде по телевизија немаше негово истакнување колку тој им помагал на лугето.
Сега се сетив,во темата за Калиопи имам нешто напишано околу ова.Додека сличните како персоната што ја спомнав пред малку,ронат солзи при секое нивно појавување на тв од наводно што се многу емоционални и загрижени за болните и сиромашните за кои насекаде се фалат ако им помогнат.
Слободно ке напишам но со тешко срце,во минато време,дека Тоше бил(но за мене и ке остане)
олицетворение за Човек и Човечност.
Арам да ми е што требаше да загине за јас да го увидам тоа.
А за неговите вокални способности е сувишно да пишувам,ете и покрај тоа што сите знаеме,сепак ке закачам уште еден мој омилен линк од него.