Тоше Проески

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не ги знаат не од причина што не се добро одпеани,тука има влијание и нивниот аранжман а исто така и популарноста на самата песна.Аранжманите се такви какви што се,за нас несекојдневни и затоа не толку прифатливи за повекемина.
Мене лично ептен ми се допагаат.
Тој сам имаше речено дека на тој албум ги сместил песните што нему му се допагале.
Ете ако си во право,стави ми линк од некој кој ја испеал подобро оваа песна.
или пак оваа
Е па јасно се знае изворна македонска музика како се свири,а он проба да експериментира нешто како овие Тавитијан,се знае кои се изворни македонски инструменти,и супер си ја ставила песната од Синтезис,баш и затоа му беше успешна дека музиката е со нив
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
на следнат собиранка имаш пиво за муабетов... како шо погоре можи имам спомнато а може не ама пак ке кажам. Јас тоше отсекогаш го доживува како некое латентно педерче и никогаш не ми беше ни во најдобрите 50 македонски музичари.. Ова сериозно... единствено една негова песна(боже чувај ја од зло) ја сакам и ја слушам скоро секој ден не затоа што добро пее или песната е кој знај шо туку дека ме потсеќа на една личност што не е појке со мене.. Никогаш не сум го сметал за кој знај шо ни пред смртта ни после тоа.. Денес е трибјут деј за него ок е тоа ама ко ке видам кој се не напиша стаус со некое патетично срање за него ми иди да повратам ида го исркам со лажица повратеното и пак да го повратам уште еднаш... Не ми пречи тоа што објавувате песни ми пречи тоа што после смртта сите му станаја најголеми број 1 фанови... Патетично лицемерно и лешинарски ми е сето тоа ..
Па сите се вртиме тука некаде околу одговорот ама кој има храброст да го каже јавно де,како што пишала melpomena во потписот без влакна на јазикот
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Е па јасно се знае изворна македонска музика како се свири,а он проба да експериментира нешто како овие Тавитијан,се знае кои се изворни македонски инструменти,и супер си ја ставила песната од Синтезис,баш и затоа му беше успешна дека музиката е со нив
Муабетот беше дали некој може подобро од него да ги испее старите македонски песни.Но сепак и за албумот божилак не се согласувам со тебе.Тие не се направени за да се слушаат како такви во секоја кафана и кафич па и радио за да бидат така популарни како другите негови песни,но тоа не значи дека по дома не си ги слушаме,ете барем јас си ги слушам а знам и доста познаници кои ми имаат кажано дека им се допага албумот како таков.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Па сите се вртиме тука некаде околу одговорот ама кој има храброст да го каже јавно де,како што пишала melpomena во потписот без влакна на јазикот
Потписите на Мелпомена сум заприметила дека секогаш ги заприметуваш и потенцираш. :)
Кога веке го испотенцира и во оваа тема,незнам со која цел но ете ме потикна да и овде напишам,мада мислам дека имам некаде низ форумот напишано лично мое видување за Тоше Проевски без влаакна на јазикот,а ова погоре беше конкретно за сегментот Тоше и неговите вокални способности за старогратските песни.
Кога се појави Тоше на македонската сцена со неговите песни растев и јас.Неговите првични песни беа некако по наменети за нашите пубертетски години,или пак јас така ги доживувам.
Сакав да го слушам како пее но не и како зборува.
Зошто?
Признавам,ми беше некако премногу детинаст,да не речам лигав па дури признавам дека ми звучеше лицемерен.
Значи ова го мислам за неговите почетоци.Како резултат на тој мој впечаток доста време немав слушнато што кажува Тоше освен она што ке го испееше.А го видев по емисии го менував каналот.
На негов концерт во Гевгелија,додека другарка ми во првиот ред ја држеше цела една песна дур ја пееше,за рака,јас неможев да ја разберам таа нејзина еуфорија по него.
Откако загина,немаше емисија што не ја даваа по пет пати репризно и сите тие по пет пати ги гледав.
Што заклучив?
Дур сите тие 4-5 години не сум го гледала ни слушала како зборува,Тоше се променил.
Зошто ми се виде променет?
Па Тоше беше дете,тој пораснал,созреал.Но кај ми биле ушите,очите и желбата да го приметам тоа.
Никаде по телевизија немаше негово истакнување колку тој им помагал на лугето.
Сега се сетив,во темата за Калиопи имам нешто напишано околу ова.Додека сличните како персоната што ја спомнав пред малку,ронат солзи при секое нивно појавување на тв од наводно што се многу емоционални и загрижени за болните и сиромашните за кои насекаде се фалат ако им помогнат.
Слободно ке напишам но со тешко срце,во минато време,дека Тоше бил(но за мене и ке остане) олицетворение за Човек и Човечност.
Арам да ми е што требаше да загине за јас да го увидам тоа.
А за неговите вокални способности е сувишно да пишувам,ете и покрај тоа што сите знаеме,сепак ке закачам уште еден мој омилен линк од него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Ghtalpo

Последниот албум му е напишан под поинакви околности и мило ми е дека баш од него си ставила песна.
Кога дошол Огнен Неделковски да му понуди песна за неговиот следен албум Тоше го одби со муабет дека сака албум каде што ќе нема песни со лесен ритам туку сака нешто посериозно па мислам дека Весна Малинова имаше повеќе песни потпишано и некои автори од надвор.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Те сакаме, Ни недостигаш, Не боли, и ќе боли засекогаш таа празнина. Ти беше синергијата која не држеше нас, најразличнјите луѓе заедно. Порано со тебе заедно сите пеевме и не мислевме на политики, на религии, на никакви припадности освен н
а ареата која не спојуваше преку твојот невин и искрен глас. Сега? Сега сме за жал пак 10 чекори наназад, се исвиркуваме, се навредуваме и не се почитуваме. Ти беше посебен а ние сме обични, ние потфрливме, не ја научивме твојата мисија тука меѓу нас, но почекај, не престанувај да гледаш надолу накај нас, се уште има надеж, се уште имаме шанса да бидеме подобри, да бидеме еден дел од она што беше ТИ.
 
Ryze

Истакнат Член
13 октомври 2012
39
20
108
In the middle of nowhere
СДП
Зошто сеуште глумите околу Тодорчо кога сите велевте за него дека е Дорчо Дрдорчо?
Дали балканскиот менталитет ве тера на таа лоша особина?
Сите меѓусебно знаеме дека за Тоше никој не го болеше с:cenzuraт додека не загина. Дека македонската естрада го избегнуваше и не го ценеше, исто и како 95% од македонската популација. За тоше можам да исцитирам многу лоши и навредливи зборови од многу телевизиски интервјуа. А што го фалите сега кога не треба? Дали приметивте колку повеке им значеше на Ср'бите одколку на Македонците така наречениот Наш Тоше? Има многу докази и аргументи кои докажуваат дека темава ви е празни лицемерни муабети. Но сепак убаво е кога ке се покажете и во таа "DIMENSION". НЕМОЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ! МИСЛАМ СЕ РАЗБИРАМЕ НЕЛИ?
 
Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.

Ej, немој така да збореш за Тошета, и мене ми недостига, секоја вечер заспивав со неговите песни..
Твоја работа е да збореш колку шо сакаш, ама моја работа е да ти кажам да не се мешаш у тоа ја шо слушам, нели?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
СДП
Зошто сеуште глумите околу Тодорчо кога сите велевте за него дека е Дорчо Дрдорчо?
Дали балканскиот менталитет ве тера на таа лоша особина?
Сите меѓусебно знаеме дека за Тоше никој не го болеше с:cenzuraт додека не загина. Дека македонската естрада го избегнуваше и не го ценеше, исто и како 95% од македонската популација. За тоше можам да исцитирам многу лоши и навредливи зборови од многу телевизиски интервјуа. А што го фалите сега кога не треба? Дали приметивте колку повеке им значеше на Ср'бите одколку на Македонците така наречениот Наш Тоше? Има многу докази и аргументи кои докажуваат дека темава ви е празни лицемерни муабети. Но сепак убаво е кога ке се покажете и во таа "DIMENSION". НЕМОЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ! МИСЛАМ СЕ РАЗБИРАМЕ НЕЛИ?
Не е лошо кога ја потенцираш целосно темава прво да ја препрочиташ.
и уште една работа,кој 95 % од македонската популација не го сакале,ке те побијам ли во ова што го тврдиш ако ти закачам линк од негов концерт во Македонија?
кога веке сакаш другите да не претеруваат имај граници и ти :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN, Oleri and slb_bobo

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
СДП
Зошто сеуште глумите околу Тодорчо кога сите велевте за него дека е Дорчо Дрдорчо?
Дали балканскиот менталитет ве тера на таа лоша особина?
Сите меѓусебно знаеме дека за Тоше никој не го болеше с:cenzuraт додека не загина. Дека македонската естрада го избегнуваше и не го ценеше, исто и како 95% од македонската популација. За тоше можам да исцитирам многу лоши и навредливи зборови од многу телевизиски интервјуа. А што го фалите сега кога не треба? Дали приметивте колку повеке им значеше на Ср'бите одколку на Македонците така наречениот Наш Тоше? Има многу докази и аргументи кои докажуваат дека темава ви е празни лицемерни муабети. Но сепак убаво е кога ке се покажете и во таа "DIMENSION". НЕМОЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ! МИСЛАМ СЕ РАЗБИРАМЕ НЕЛИ?

Не мислиш ли дека многу луѓе на сопствена кожа научија што значи изреката „ не знаеш што си имал се додека не го изгубиш тоа нешто“ ? На некои им беше идол, некои му ги сакаа само песните, некои го сакаа поради насмевката, некои и можеби не го сакале , но 95% од сите тие сега знаат дека сме изгубиле човек кој не спојуваше преку најмирољубивиот начин на светов, преку песна.
п.с. само колку за пример.... не иди далеку...дома се караш некогаш со мајка/татко/брат/сестра/баба/дедо? Се случило сигурно. Си им рекол некогаш во афект погрден збор што не го мислиш ни најмалку ама ете у моментот ти се испуштил. Значи тоа дека не ги сакаш?Значи ли тоа Дека утре(некогаш во далечна иднина) кога ќе ги нема, ти нема да смееш да ги жалиш, плачеш, да се сеќаваш на нив и да ти недостигаат? Луѓе сме бе, правиме грешки со устата, јас би рекла полека со срцето и душата.
Не се мешај во она како луѓето сакаат да одадат почит на еден Великан како Тоше. А за ова што го пишуваш баш на овој ден.. со цела почит ама тебе нека ти биде срам. Не знам колку ги знаеш членовите од форумов за да ги категоризираш во лицемерни и од каде тоа право така да се обратиш.