Си разбрал ама не си доразбрал што ми е прашањето.
Во христијаноството се дава акцент на зачнување на жена преку духот и раѓање на синот,каде ништо не се бара,ниту се следи некоја волја.
Незнам дали воопшто ја разбираш разликата од осознавање на волја и нејзино следење и раѓање.За едното си доволен самиот за себе,додека за другото е потребно жена која ќе биде зачната и од истата да се родиш.
Глупаво би било да се натегаме дека било кој човек роден на земјата дошол по слободна волја.
Во телема имаш скалила преку кој се осознава поединецот ,се надградува,проучува,споредува со сопствените искуства,медитира,учествува во ритуали преку кој треба да допре до себе,но е изоставено зачнување од дух и раѓање од жена,се мисли на странични учесници во целиот тој процес како што во материјалниот се татко и мајка.
Незнам како си го порупштил тоа во текстот од твојот брат.
Само што помислив да побарам членство во телема,кога вие најголемото проклество за човек преставено преку тој ѓавол Исус го ставивте под капата на телема,па уште и телема била похристијанска од христијанство.
На толку зборување ти сеуште грешиш во однос на Телемата и Ред(от/овите)!
Ајде пак лекција бидејќи тешко може да излезеш од матрицата на религиозното знаење(верување) во однос на Телемата (која за тебе е многу лоша работа):
Не може да бидеш член на телемата... не сме ние религија па да велиме: јас сум член на христијанската религија. Може да побараш ако мислиш дека си подобен за иницијација во О.Т.О. и да бидеш член на Редот, и да го извршуваш Законот на Телема! Нормално за да дојдеш до иницијација убаво на многу места е објаснето што се бара од кандидатот... Јасно е сега во врска со твоето наводно барање пристап?
И не биди тажен, инкарнацијата ќе те донесе на патот - како што велат источните философии...
Во телемата не постојат „скалила“ - во Редот, да - постојат и нема со тебе да расправам или на форум како се надминуваат истите... би било напразно.
Зошто едноставно не признаеш дека никогаш не си ја проучувал Телемата и никогаш не си ја сфатил чистата Волја и нејзината моќ како и поимот иницијација кој е сосема стран и непотребен дел од твојот универзум? Ти по се изгледа никогаш нема да се гледаш себе си како бесмртен ентитет со чиста волја која ќе те води низ искуствата и проширувања на универзумот! Како може да се разбереме јас и ти, или ти и Абраксас кога немаш допирни точки со нашата философија ниту пак имаш желба да ја истражуваш истата? Како ти се троши време да коментираш за работи кои не ги знаеш? И зошто не ги знаеш? Тоа ме интересира...
Не си глуп за да не научиш... можеби мрзлив, или духот не ти бара знаење поврзано со чистата волја...
Глупости зборување за да јас те поправам и да кажам како реално е - не бидува.
Какви се овие глупости: „е изоставено зачнување од дух и раѓање од жена,се мисли на странични учесници во целиот тој процес како што во материјалниот се татко и мајка"? На ова што да ти кажам
Ништо не е изоставено, посебно не Духот
Жената, па има за неа и нејзината „станица“ на многу места во нашите книги, нема потреба да коментирам и јас.
Глупости... ЗА тоа дали некој дошол по своја или по нечија „туѓа“ волја на Земјата - ќе оставам да биде како што мислиш ти. Најдобро е да се раѓате по „туѓа“ волја вие кои верувате дека чистата волја не постои и сметате дека сте неспособни и смртници кои животарат на Земјата!
Неуките, бедните по дух, роспии, митници... сето тоа е збиршина која за малку пари ќе крене било каква револуција!
Прелажаните китат цркви и градби од злато и слонова коска, додека вистинските обожувачи на највисокото својот храм го имаат во срцето и во Ѕвездите!
„Јас сум Сокологлавиот Господ на Тишината и на Силата; мојот немис го прекрива синото ноќно небо.“ -
Книга на Законот, III:70
Прочитајте ги убаво светите книги И пробајте да извршувате 100% од напишаното, не да бладате! Ќе дознаете навистина каде се е божественото... и тој толку ценет Дух кој што го има на нашиот ламен!