Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Суштината пред да се појави ,првин треба да постои човек.
Да биде роден човек не зависи од него,ниту од неговата скриена волја,ниту е во умот,ниту во разумот.
Но,на начин како што е зачна,на истиот начин и ќе живее,ќе трча!
Само се поставува прашање,дали во вистинската дупа трча!
Според телемата таа суштина е вечна и не е ограничена со раѓањето и смртта.

Зарем не е екстазата на Нуит свесност за непрекинатоста на постоењето, сеприсутност на нејзиното тело? Се што те повредувало било она кое не си го познавала, како што тоа бледнее од тебе ќе знаеш како никогаш дека се е едно. И пак, таа кажа:
Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта.
Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

И?
Кој сведочи со овие зборови за непрекинливата врска.Пишав човек со мало ч.
Сакале или не,не е во нивна моќ тоа да го променат.....не се раѓаш во овој свет затоа што ти си сакал,па од истото да не сакаш да бидеш дел.
Дали некогаш воопшто сте се запрашеле зошто некој ги запишал овие зборови?
Мислиш тој-некој осознал вечност или во него се допреле макрокосмосот и микрокосмосот,
користи зборови да ги прими во прегратка неуките,неискусните,оние кој не можејќи да си дадат одговори за своето постоење.

Таа суштина не би постоела,ниту би била предмет на осознавање ако некој не биде измамен од истата.
Вистината излезе преку најголемата лага,па не останува ништо друго освен прелажаниот да се држи за вистината како слеп за стап!
 
Сведоштвото е во личното искуство, во резултатите до кои секој сам треба да дојде, наместо да верува во нечие туѓо искуство или туѓо сведоштво! Зошто некој ги запишал тие зборови за мене е тотално небитно, зошто е проклетство кое води во бездната каде тој што го повикува ќе пропадне со кучињата на разумот! Тоа што е битно е дека во нив, јас, а верувам и останатите телемити препознале нешто.....нешто кое одсекогаш било дел од нивната потсвест, дел од сознание кое ги водело како невидлива рака до таму каде што се сега!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Си разбрал ама не си доразбрал што ми е прашањето.
Во христијаноството се дава акцент на зачнување на жена преку духот и раѓање на синот,каде ништо не се бара,ниту се следи некоја волја.
Незнам дали воопшто ја разбираш разликата од осознавање на волја и нејзино следење и раѓање.За едното си доволен самиот за себе,додека за другото е потребно жена која ќе биде зачната и од истата да се родиш.
Глупаво би било да се натегаме дека било кој човек роден на земјата дошол по слободна волја.
Во телема имаш скалила преку кој се осознава поединецот ,се надградува,проучува,споредува со сопствените искуства,медитира,учествува во ритуали преку кој треба да допре до себе,но е изоставено зачнување од дух и раѓање од жена,се мисли на странични учесници во целиот тој процес како што во материјалниот се татко и мајка.

Незнам како си го порупштил тоа во текстот од твојот брат.

Само што помислив да побарам членство во телема,кога вие најголемото проклество за човек преставено преку тој ѓавол Исус го ставивте под капата на телема,па уште и телема била похристијанска од христијанство.:(
На толку зборување ти сеуште грешиш во однос на Телемата и Ред(от/овите)!
Ајде пак лекција бидејќи тешко може да излезеш од матрицата на религиозното знаење(верување) во однос на Телемата (која за тебе е многу лоша работа):
Не може да бидеш член на телемата... не сме ние религија па да велиме: јас сум член на христијанската религија. Може да побараш ако мислиш дека си подобен за иницијација во О.Т.О. и да бидеш член на Редот, и да го извршуваш Законот на Телема! Нормално за да дојдеш до иницијација убаво на многу места е објаснето што се бара од кандидатот... Јасно е сега во врска со твоето наводно барање пристап? ;)
И не биди тажен, инкарнацијата ќе те донесе на патот - како што велат источните философии...

Во телемата не постојат „скалила“ - во Редот, да - постојат и нема со тебе да расправам или на форум како се надминуваат истите... би било напразно.

Зошто едноставно не признаеш дека никогаш не си ја проучувал Телемата и никогаш не си ја сфатил чистата Волја и нејзината моќ како и поимот иницијација кој е сосема стран и непотребен дел од твојот универзум? Ти по се изгледа никогаш нема да се гледаш себе си како бесмртен ентитет со чиста волја која ќе те води низ искуствата и проширувања на универзумот! Како може да се разбереме јас и ти, или ти и Абраксас кога немаш допирни точки со нашата философија ниту пак имаш желба да ја истражуваш истата? Како ти се троши време да коментираш за работи кои не ги знаеш? И зошто не ги знаеш? Тоа ме интересира... :( Не си глуп за да не научиш... можеби мрзлив, или духот не ти бара знаење поврзано со чистата волја...

Глупости зборување за да јас те поправам и да кажам како реално е - не бидува.
Какви се овие глупости: „е изоставено зачнување од дух и раѓање од жена,се мисли на странични учесници во целиот тој процес како што во материјалниот се татко и мајка"? На ова што да ти кажам :(
Ништо не е изоставено, посебно не Духот :) Жената, па има за неа и нејзината „станица“ на многу места во нашите книги, нема потреба да коментирам и јас.

Глупости... ЗА тоа дали некој дошол по своја или по нечија „туѓа“ волја на Земјата - ќе оставам да биде како што мислиш ти. Најдобро е да се раѓате по „туѓа“ волја вие кои верувате дека чистата волја не постои и сметате дека сте неспособни и смртници кои животарат на Земјата! ;)
Неуките, бедните по дух, роспии, митници... сето тоа е збиршина која за малку пари ќе крене било каква револуција! ;)
Прелажаните китат цркви и градби од злато и слонова коска, додека вистинските обожувачи на највисокото својот храм го имаат во срцето и во Ѕвездите!
„Јас сум Сокологлавиот Господ на Тишината и на Силата; мојот немис го прекрива синото ноќно небо.“ - Книга на Законот, III:70

Прочитајте ги убаво светите книги И пробајте да извршувате 100% од напишаното, не да бладате! Ќе дознаете навистина каде се е божественото... и тој толку ценет Дух кој што го има на нашиот ламен! :gjavol
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
41
Ако сте философско школо зошто сте се ставиле во религија? Сакате да вашиот анонимен господин да го ставите во исти ред со Господа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
Ако сте философско школо зошто сте се ставиле во религија? Сакате да вашиот анонимен господин да го ставите во исти ред со Господа?
Аман бе ти со тој твој Господа па Господа. Кај и да пишеш само тоа пишуваш или некој цитати од библија
поп некој да не си хаххаха
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ако сте философско школо зошто сте се ставиле во религија? Сакате да вашиот анонимен господин да го ставите во исти ред со Господа?
Јас не сум ја отворил темата... и на Кајгана форумот е отворена од друг во подфорум Религија...
Јас да сум ја отворил ќе беше во Философија...

Не знам кои ти се тие Господа (во множина и со голема буква)... инаку радо би се ставил да знам за што зборуваш ;)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ако сте философско школо зошто сте се ставиле во религија? Сакате да вашиот анонимен господин да го ставите во исти ред со Господа?
Филозофса школа, но и религиозна матрица. Од телемата на пример е произлезена wika религијата. Ако модераторите или админите сметаат дека има посоодветен форум, нека ја префрлат, мене лично не ми претставува тоа проблем.

П.С. Пробај да разбереш дека постојат различни концепти за Господ а не само еден, вашиот - теистички.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ме искара!:(
Остај го alf,90% коментираш за него.
Објасни го тоа похристијански од христијанството?
Не бегај од темата!
До вчера бевте најголеми противници за христијанството ,а сега станавте похристијански од истото!
Ајде да не ја спомнувам самата срж на христијанството зошто гледам немаш појма кој е централна фигура,еве ти самиот кажи како и на кој начин станавте похристијански.
Кажи параралелите со кој се поврзавте,па уште и го надминавте христијанството и го ставивте под ваша капа?
Знаеш точно што прашувам и затоа немој да се мрсулавиш.
Јасно и гласно кажи ,поради тоа и тоа.....,биди еднаш маж не само да плачеш како жена!
Сведоштвото е во личното искуство, во резултатите до кои секој сам треба да дојде, наместо да верува во нечие туѓо искуство или туѓо сведоштво! Зошто некој ги запишал тие зборови за мене е тотално небитно, зошто е проклетство кое води во бездната каде тој што го повикува ќе пропадне со кучињата на разумот! Тоа што е битно е дека во нив, јас, а верувам и останатите телемити препознале нешто.....нешто кое одсекогаш било дел од нивната потсвест, дел од сознание кое ги водело како невидлива рака до таму каде што се сега!
Добро бе Abraxas, тотално ти го испрале умот!
Тоа што препознале е дел од нивната и твојата потсвест,абе ај што зборуваш.

Препознавање од егото е тоа ,а не од духот.
Постоење на тајно,сокриено го привлекува егото затоа што е во негова природа да биде уникате,посебен,..ѕвезда.
Затоа и ти поставив прашање дали воопшто си размислил зошто некој би исфрлил толку длабоки зборови запишувајќи ги на хартија,создавајќи посебен клан на препознаени луѓе кој ќе раководат со "духовното".
Ама ете гледам тотално ти го измиле умот со што повеќе не разликуваш его од дух.:(

Ах таа змија што ти направи.....(facepalm)
 
Немам намера да ти докажувам ништо, ниту да се препирам со тебе. Дали тебе ти одговара или не мојот став е твој проблем. Ако не ти се допаѓаат одговорите изостави ја темава.