Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Да споделам и тука...

Секој што мисли дека знае и има доволно истражувано за Телемата може да учествува во конкурсот за најдобар есеј на тема ТЕЛЕМА - МОЕТО РАЗБИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ! (линк)

Повелете, имате доволно време барем да прочитате книги од Кроули и критики на неговите дела и да се запознаете философски со темата и да напишете добар есеј и да добиете награда. :)

Се читаме :)
Dajtemu na deckovo edna kniga
http://www.google.com/url?sa=t&sour...ooDYDw&usg=AFQjCNHZ5cttlMUYvNYeGPImC0aEVR6epw
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Го знам ова... :) Ми се допаѓа листата на „користена литература“ од момчакот :) Солидна бројка! (facepalm)
Не е ништо посебен есејот на момчаков... а и пишува 10 реда (до 418 збора)! Овој ја промашил темата...
Очекуваме многу повеќе од вас и вашето познавање на нашите книги и пракси!
Пробајте да бидете оригинални!

И да не дојде до забуна - пробајте да не ја промашите темата: не се заборавајте со Кроули, тој НЕ Е темата. ;)

Текстот треба да е на македонски... тој „дечко“ ги има книгите секако, но не може да биде тој текст додаден во Самек, телемитскиот весник на Secret Fire Оазата.
Пишува кој и како може да учествува на конкурсот. Слободно праќајте ги вашите кратки есеи на мејлот даден во упатсвото од линкот!

Ако не знаете кој линк, еве пак. КЛИК!

Љубов е законот љубов под волја.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Извадок од гностичката миса - централниот ритуал на ОТО:

Thou who art I, beyond all I am,
Who hast no nature and no name,
Who art, when all but Thou are gone,
Thou, centre and secret of the Sun,
Thou, hidden spring of all things known
And unknown, Thou aloof, alone,
Thou, the true fire within the reed
Brooding and breeding, source and seed
Of life, love, liberty, and light,
Thou beyond speech and beyond sight,
Thee I invoke, my faint fresh fire
Kindling as mine intents aspire.
Thee I invoke, abiding one,
Thee, centre and secret of the Sun,
And that most holy mystery
Of which the vehicle am I.
Appear, most awful and most mild,
As it is lawful, in thy child!

Liber XV
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не скокајте веднаш до крајот на овој пост, видете ги линковите, па потоа посетете го линкот најдолу! :)
Има уште така интересни есеи, но ќе се снајдете вие кои сакате да најдете повеќе!
И за крај најбитниот линк: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ (линк).
Се читаме... ;)
Може ќе има некој од вас во телемитскиот е-весник „Самек“ на Secret Fire Оазата - Скопје!

П.С. Да не кажете не сте знаеле ;)
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
@Хептаграм во дадените линкови тематиката која ја обратува телема се однесува од појдовно ниво на неосознаено кон нешто натпиродно застапено во секој човек кој со разни методи и пракси ќе достигне до одредено ниво на себеспознавање,
Значи движењето лаички кажано е одоздола- нагоре,па прашањето би било,дали има случај за обратен смер,одозгора - надоле?
Може прашањето е повеќе од христијански аспект,но нема да има проблем да одговориш бидејќи како што прочитав Телема е похристијанска од христијанството.:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Телемата обработува сешто... философски и практично! Секој наоѓа онолку колку што може... ти си пронашол појдовни работи, некои многу повеќе во сето тоа...

Дадените линкови се дадени за да почнете од некаде бидејќи конкурсот завршува за... две недели, па да убрзате со „истражувањето“ сите вие кои не прочитале ништо од нашите книги и не изведувале никакви пракси, а зборувате премногу.. затоа рековме да ги едуцираме, да не забегувате. Барем да знаат што зборуваат, да не испадне оговарање.
Затоа се линковите... за да читате и барате повеќе!

Не ти го разбрав баш прашањето... ме прашуваш во однос на Дрвото на Животот одењето нагоре или...? Бидејќи реално нема одење нагоре... можеби „нагоре“ :)

П.С. Не постои натприродно! И за тоа имам зборувано... :)
 
Последна промена:

Терминот кој го употребив одоздола -нагоре се мисли на човекот кој е инициран во редот неговото себенадградување со цел за себеспознавање се тргнува од почетно ниво или од најниско скалило,прашањето беше дали телема бидејќи како што викаш обработува се и сешто има за поединци обратен смер ,односно одозгора па надоле да се симнеш на земја што би се рекло.
Прашањето беше потикнато од твојот блог каде имаш напишано дека телема е похристијанска од христијанството и посатанистичка од сатанизмот.
За второто не те прашувам има поназат низ темата доволно линкови за разни ритуали,туку за она похристијански ако се знае дека во христијанството обратниот смер на симнивање на синот божји од небото е нивната основа.
Нема потреба тој да биде учен.ниту да се осознава,ниту да следи некоја филозофија тој е таков роден,да биде тоа што е.
Ако сметаш дека телема е похристијанска од христијанството тогаш ваков пример за обратен смер треба да имате или можеби твоето непознавање за тоа што е сршта во христијанството беше предуслов да кажеш таков лапсус.
 
Суштината на секој човек е неменлива и совршена, таа суштина ние ја нарекуваме чиста волја, таа е динамичкиот аспект на битието, негов составен и нераздвоив дел, а битието е нераздвоив и составен дел од Божественото - Апсолутот. Од овој аспект, ниеден човек нема што да учи или да се подобрува, бидејќи е роден каков што е - совршен, тоа што го констатираш во болдираната реченица. Сепак, таа суштина е скриена од свесната - разумска страна на умот....скриена од неговите проекции кои се причина да се идентификува со потребите, навиките, условите и етикетите произлезени од околината.
Праксите како јогата, дивинацијата, магиката и слично кои се предвидени, имаат за цел да продрат до таа суштина, разбивајќи ги илузорните проекции кои ги споменав.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Основата на христијанството е јудаизмот, а од таму и кабалата и разните интерпретации на симболот Исус! Синот божји... премногу го споменувате (но барем несвесно го следите законот да не се споменува ИМЕТО на богот залудно и насекаде)!

И точно во врска „секој е така роден“. Телемата вели: спознај се и биди вистинскиот ти преку својата чиста волја и љубов!

„57. Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
58. Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш. “ - Книга на Законот, Поглавје II

Во врска со нагоре-надолу концептот - те разбрав, само не сакав да искоментирам: бараш преку секташко-христијански финти да ти покажам како формулата Исус е преставена на Дрвото на животот... :) Затоа така прашав... и за тоа има на мојот блог, малку но доволно за оној што треба да знае и да ги искористи овие формули! Има христијански кабалисти кои преку нотарикон и изучување на кабалата се обидуваат да дадат „научно“ објаснување за слегувањето на Светиот Дух, но така мора да го признаат женскиот принцип кој што е изоставен во тројството. Долга тема е тоа, а ти не си поткован со основите на кабалата и разгранувањето на Дрвото на Животот - напразно ќе пишувам, поточно премногу е за пишување.

А инаку за тоа нагоре надолу, навнатре-нанадвор и за „градење преку степени“:
„Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот, нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката. Така рамнотежата ќе стане совршена. Јас ќе им помогнам на моите следбеници; онолку брзо колку што ја постигаат оваа урамнотежена моќ и радост толку побрзо ќе ги туркам.“ - Liber

Телемата Е похристијанска од христијанството и посатанистичка од сатанизмот! Можеби сега разбираш што сакаме да кажеме! Кој знае...
Христијанството е мртво ако погледнеш подобро (да, има верници но мртво), изроди премногу секти и неуки дрдорковци кои бараат „спас“ , а нели - секој е роден онака како што треба искован низ еоните! Само кој да поработи за да открие што е! Сите чекаат „спасител“ од надвор! Погледнете внатре, не надвор - една Ѕвезда е на видикот (извадок од една поема).

„Нему, кој живее во Живот, ништо не му е загрижувачко: негово е вечното движење, енергијата, уживањето на никогаш ослабената Промена: неуморен, ти поминуваш од еон во еон, од ѕвезда до ѕвезда, Универзумот е твоето игралиште, а неговата разновидност на игри секогаш стара и секогаш нова. Сите оние идеи кои донесувале тага и страв спознати се во нивната вистина, и така станале семе на уживање: затоа што сигурен си надвор од сите докази дека не можеш да умреш никогаш; дека иако се менуваш, промената е дел од твојата природа: Големиот Непријател станал Голем Сојузник.“ - Liber CL

Сигурно ти е појасно сега во врска со иницијацијата и симнувањето на божествената суштина надолу како пламен меч :)

П.С. „Според мене, Телема е похристијанска од христијанството и посатанистичка од сатанизмот.“ - Што е Телемата (Види кој е автор на овој есеј) ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Си разбрал ама не си доразбрал што ми е прашањето.
Во христијаноството се дава акцент на зачнување на жена преку духот и раѓање на синот,каде ништо не се бара,ниту се следи некоја волја.
Незнам дали воопшто ја разбираш разликата од осознавање на волја и нејзино следење и раѓање.За едното си доволен самиот за себе,додека за другото е потребно жена која ќе биде зачната и од истата да се родиш.
Глупаво би било да се натегаме дека било кој човек роден на земјата дошол по слободна волја.
Во телема имаш скалила преку кој се осознава поединецот ,се надградува,проучува,споредува со сопствените искуства,медитира,учествува во ритуали преку кој треба да допре до себе,но е изоставено зачнување од дух и раѓање од жена,се мисли на странични учесници во целиот тој процес како што во материјалниот се татко и мајка.

Незнам како си го порупштил тоа во текстот од твојот брат.

Само што помислив да побарам членство во телема,кога вие најголемото проклество за човек преставено преку тој ѓавол Исус го ставивте под капата на телема,па уште и телема била похристијанска од христијанство.:(

Суштината на секој човек е неменлива и совршена, таа суштина ние ја нарекуваме чиста волја, таа е динамичкиот аспект на битието, негов составен и нераздвоив дел, а битието е нераздвоив и составен дел од Божественото - Апсолутот. Од овој аспект, ниеден човек нема што да учи или да се подобрува, бидејќи е роден каков што е - совршен, тоа што го констатираш во болдираната реченица. Сепак, таа суштина е скриена од свесната - разумска страна на умот....скриена од неговите проекции кои се причина да се идентификува со потребите, навиките, условите и етикетите произлезени од околината.
Праксите како јогата, дивинацијата, магиката и слично кои се предвидени, имаат за цел да продрат до таа суштина, разбивајќи ги илузорните проекции кои ги споменав.

Суштината пред да се појави ,првин треба да постои човек.
Да биде роден човек не зависи од него,ниту од неговата скриена волја,ниту е во умот,ниту во разумот.
Но,на начин како што е зачна,на истиот начин и ќе живее,ќе трча!
Само се поставува прашање,дали во вистинската дупа трча!
 
Последна промена: