Abraxas,
Имаш јасен цитат односно коментар на цитати кој според содржината одговараат со животински карактеристики.Дали до сега сте биле инспирирани да ги оживеете тие зборови или не,незнам,но тоа остава простор за во иднина луѓе кој ќе се соживеат со зборовите истите да ги практикуваат.
Погрешно. Не остава вопшто ни најмал простор за такво нешто, бидејќи тоа е во контрадикторност со суштината на телемата -
"неможе твоите акти да произлегуваат од твојата вистинска волја, ако со нив ја попречуваш волјата на некој друг" Ова е сржта - суштината на телемата, Зошто толку често го споменуваме Liber Oz? Залудно ли се потенцирани правата на човекот таму? Неможе да се носи заклучок за нешто, врз основа на два - три збора или две три реченици.
Све е до единката - човекот кој такви книги (а тука спаѓаат и другите религиски книги) во недостаток на сопствена свест сака да го менува надворешниот свет како би креирал совршен свет за кој верува,мечтае или го замислува за себе и идните генерации.Ако на тоа се приклучат и други истомисленици, возот ќе тргне по уздолница.
Не треба многу човек да примети дека секоја религија во принцип е со дуалистички концепт,каде од една страна се нуди или презентира љубов,соживот,взаемно разбирање,а од друга страна се осудува,критикува и маргинализира одредени човекови особини,верувања или стремежи.
Целта на телемата е себеспознавање - откривање на својата суштина, својата предодреденост, а не менување на светот. Светот го менуваат сили кои не зависат од нас. За тоа не се потребни истомисленици, затоа што мојата волја немора да има ништо заедничко со волјата на некој друг, ниту моите ставови, убедувања и интереси, со оние на останатите телемити. Се што е потребно е согласноста дека секој има неприкосновено право да живее според својата волја и тоа да не им го попречува на останатите.
Што се однесува до дуалностите, тие се значаен и битен сегмент во осознавањето, бидејќи преку спојувањето на истите, се остварува Големото Дело.
Сосема добро го разбирам концептот на телема и можам да кажам дека има многу длабоки и уникатни духовни и внатрешни надрградувања за поединецот,но истото го имаат и другите верувања и религии(знам ќе кажеш телема не е верување),но и таа како секоја внатрешно духовно развивање на поединецот крие многу дупки во кој може многу лесно да се падне.
Конкретниот цитат е шамар за читателот и само за него се однесува(тоа требаше да го одговорите),само на тој начин може да се освести во што и во кое верувал предходно,тоа што ве подбуцнував беше еден мал опит до каде сте стигнале со себеспознавањето-до нигде.Тапкате во место.
Ако го разбираш, тогаш знаеш дека неможе да се смета буквално ниеден цитат во насока за убивање на одредена личност, освен во случај ако од таа личност не доаѓа директна и реална закана по животот и слободата.
Конкретниот цитат е став на Кроули, а што порачал тој во врска со неговите ставови, ти посочив цитат. Зошто јас да ти коментирам негова размисла, кога имаш коментар негов во врска со тоа какви очекувања имал.
И да, секогаш постојат опасности и "дупки" на патот кон сопствената душа, и тоа не е нешто кое е непознато.
Или ќе биде човек од читателот или ќе го насочи тоа нанадвор и ќе види каков ѕвер е,истото е и со другите книги каде наместо навнатре да се води битката помеѓу човекот и ѕверот,тие се исфрлаат нанадвор и во секој кој не се сложува со одредени зборови се гледа ѕвер и потенцијална напаст од која треба да се ослободи!
Креирање на иден свет е излузија,ако предходно не го доживеете во себе мирот и спокојот.
Ајде ,продолжете си по патот!
Како коментар на ова, ќе ти го цитирам следниов текст:
Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото,
што е таа ако не Себството на Секој Човек? Таа е она кое го одредува секоe негово движење,
она кое лежи најблиску до неговото срце и душа, и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник, принцип на одделување и на мерење.
Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!
Извадок од книгата: “Мали есеи за Вистината” – Алистер Кроули.