Основата на христијанството е јудаизмот, а од таму и кабалата и разните интерпретации на симболот Исус! Синот божји... премногу го споменувате (но барем несвесно го следите законот да не се споменува ИМЕТО на богот залудно и насекаде)!
И точно во врска „секој е така роден“. Телемата вели: спознај се и биди вистинскиот ти преку својата чиста волја и љубов!
„57. Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
58. Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш. “ - Книга на Законот, Поглавје II
Во врска со нагоре-надолу концептот - те разбрав, само не сакав да искоментирам: бараш преку секташко-христијански финти да ти покажам како формулата Исус е преставена на Дрвото на животот...
Затоа така прашав... и за тоа има на мојот блог, малку но доволно за оној што треба да знае и да ги искористи овие формули! Има христијански кабалисти кои преку нотарикон и изучување на кабалата се обидуваат да дадат „научно“ објаснување за слегувањето на Светиот Дух, но така мора да го признаат женскиот принцип кој што е изоставен во тројството. Долга тема е тоа, а ти не си поткован со основите на кабалата и разгранувањето на Дрвото на Животот - напразно ќе пишувам, поточно премногу е за пишување.
А инаку за тоа нагоре надолу, навнатре-нанадвор и за „градење преку степени“:
„Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот, нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката. Така рамнотежата ќе стане совршена. Јас ќе им помогнам на моите следбеници; онолку брзо колку што ја постигаат оваа урамнотежена моќ и радост толку побрзо ќе ги туркам.“ -
Liber
Телемата Е похристијанска од христијанството и посатанистичка од сатанизмот! Можеби сега разбираш што сакаме да кажеме! Кој знае...
Христијанството е мртво ако погледнеш подобро (да, има верници но мртво), изроди премногу секти и неуки дрдорковци кои бараат „спас“ , а нели - секој е роден онака како што треба искован низ еоните! Само кој да поработи за да открие што е! Сите чекаат „спасител“ од надвор! Погледнете внатре, не надвор - една Ѕвезда е на видикот (извадок од една поема).
„Нему, кој живее во Живот, ништо не му е загрижувачко: негово е вечното движење, енергијата, уживањето на никогаш ослабената Промена: неуморен, ти поминуваш од еон во еон, од ѕвезда до ѕвезда, Универзумот е твоето игралиште, а неговата разновидност на игри секогаш стара и секогаш нова. Сите оние идеи кои донесувале тага и страв спознати се во нивната вистина, и така станале семе на уживање: затоа што сигурен си надвор од сите докази дека не можеш да умреш никогаш; дека иако се менуваш, промената е дел од твојата природа: Големиот Непријател станал Голем Сојузник.“ -
Liber CL
Сигурно ти е појасно сега во врска со иницијацијата и симнувањето на божествената суштина надолу како пламен
меч
П.С. „Според мене, Телема е похристијанска од христијанството и посатанистичка од сатанизмот.“ -
Што е Телемата (Види кој е автор на овој есеј)