Абе избрзувај, напаѓај, коментирај, дочитувај, па сврти кон пракса ако имаш волја (Liber O, Liber E, Liber Resh...) - секако мислам дека ќе си заминеш и ќе заборавиш и на Телема и на иницијации и О.Т.О. Се е во ред... ќе ти помине и ова како и многу други работи.
Само смртта не се избегнува! Таа е доказот на крајот... Иако и смртта е мала мистерија во однос на Нуит!
Уште кога велиш дрога за Телемата како систем, или пак Редот - ќе имаме тешки расправии со тебе, and I love that!
Мене не ми смета да се расправам и во исто време споделувам нешто + за Телемата за оној кој што не го гледа сето ова како дрога!
Да те прашам: дозволуваш да те допрат само нешта кои ги доживуваш како дрога???
За смртта дадов коментар и јасно ми е дека е мистерија.
По поимот дрога сакам да кажам дека зборовите за мене не делуваат како нешто мистично и неосознаено,за разлика од мене вие како членови на О.Т.О (трет пат не грешам ,да кажам членови на Телема) ми делувате еуфорично,како затскриени пораките има,па тоа е само за одбрани,коментари од типот "момак седни научи на памет",мистерии,па блогови со бројчаници и дрски коментари кон соговорникот настојувајќи да се анализира и оформи негов пихолошки профил.
За све зборевме и исполнивме повеќе страни од темата,но за Телема многу малку,ако прашам -зошто праша,ако не прашам- ќе си замине.
За ова незнам што да одговорам,ќе те оставам ѕвездите да ти кажат.Според твоите коментари и начин на пишување - можам да кажам дека си напатен дискутант од некој друг форум каде што на големо се расправаше на тема Телема и О.Т.О. и Кроули. Ама ќе почекам „ѕвездите“ да те разоткријат повеќе. Не тврдам ништо сега за сега.
Знам, ќе кажеш дека не си бил на друг форум, но сепак - да почекаме.
Термините профани и не профани малку ми се нелогични ако сите се дел од мозаикот не гледам причина зошто да се спомнуваат.Нормално би било ниту еден телемит на форумов или ако некогаш лично запознаеш некој, да не те следи во твојата лудост да се коментира нешто за кое се знае дека нема фајде да се коментира и објаснува на профани - нема фајде ниту коментиање и давање „вистини“ за стиховите на Книгата на Законот пред други. Има доволно коментари - не мора да се прави премногу галама со премногу „вистини“. Ќе го збуни сето тоа човекот кој што нема искуство!
Во ред,разбрав дека нема да коментирате од законот т.с. дека тоа ви е забрането.
Човек треба сам да дојде до оговорите,јас прашања немам во однос на нив, а и да имам нема фајде да се праша.
Друго: некои работи мора да останат тајна за тебе и другите и тука не можете ништо. Дури и тука да бидеме во грешка или недоволно објаснети, не смееме да издадеме ништо, за да јас тебе или некој друг те побијам во твоето незнаење. Подобро би избрал тука да не сум во право отколку да откријам нешто што нема потреба да биде откриено и профанизирано.
Затоа не барај да бидеме „центри на чума“ коментирајќи го Законот Провокациите нема да ти донесат ништо добро. Знам дека ти се расправа, коментира, демантира и слично - но тоа ќе мора да го правиш со други, слични на тебе, не со Телемити.
93 93/93 момак
Во ред Хептаграм,повеќе нема да прашувам ниту да коментирам на темата,бидејќи ако прашам тоа за вас ќе биде провокација,а не сакам јас да бидам причина за ваши нервози.
п.с. На твојот пријател,сугестијата требаше да му ја напишеш на ЛП, да не го издадеш за неговото неискуство,ама гледам дека егото ти е многу побитно.