Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Абе избрзувај, напаѓај, коментирај, дочитувај, па сврти кон пракса ако имаш волја (Liber O, Liber E, Liber Resh...) - секако мислам дека ќе си заминеш и ќе заборавиш и на Телема и на иницијации и О.Т.О. :) Се е во ред... ќе ти помине и ова како и многу други работи.
Само смртта не се избегнува! Таа е доказот на крајот... Иако и смртта е мала мистерија во однос на Нуит!

Уште кога велиш дрога за Телемата како систем, или пак Редот - ќе имаме тешки расправии со тебе, and I love that!
Мене не ми смета да се расправам и во исто време споделувам нешто + за Телемата за оној кој што не го гледа сето ова како дрога!

Да те прашам: дозволуваш да те допрат само нешта кои ги доживуваш како дрога??? :^)

За смртта дадов коментар и јасно ми е дека е мистерија.
По поимот дрога сакам да кажам дека зборовите за мене не делуваат како нешто мистично и неосознаено,за разлика од мене вие како членови на О.Т.О (трет пат не грешам ,да кажам членови на Телема:)) ми делувате еуфорично,како затскриени пораките има,па тоа е само за одбрани,коментари од типот "момак седни научи на памет",мистерии,па блогови со бројчаници и дрски коментари кон соговорникот настојувајќи да се анализира и оформи негов пихолошки профил.
За све зборевме и исполнивме повеќе страни од темата,но за Телема многу малку,ако прашам -зошто праша,ако не прашам- ќе си замине.


Според твоите коментари и начин на пишување - можам да кажам дека си напатен дискутант од некој друг форум каде што на големо се расправаше на тема Телема и О.Т.О. и Кроули. Ама ќе почекам „ѕвездите“ да те разоткријат повеќе. Не тврдам ништо сега за сега.
Знам, ќе кажеш дека не си бил на друг форум, но сепак - да почекаме. ;)
За ова незнам што да одговорам,ќе те оставам ѕвездите да ти кажат.

Нормално би било ниту еден телемит на форумов или ако некогаш лично запознаеш некој, да не те следи во твојата лудост да се коментира нешто за кое се знае дека нема фајде да се коментира и објаснува на профани - нема фајде ниту коментиање и давање „вистини“ за стиховите на Книгата на Законот пред други. Има доволно коментари - не мора да се прави премногу галама со премногу „вистини“. Ќе го збуни сето тоа човекот кој што нема искуство!
Термините профани и не профани малку ми се нелогични ако сите се дел од мозаикот не гледам причина зошто да се спомнуваат.
Во ред,разбрав дека нема да коментирате од законот т.с. дека тоа ви е забрането.
Човек треба сам да дојде до оговорите,јас прашања немам во однос на нив, а и да имам нема фајде да се праша.

Друго: некои работи мора да останат тајна за тебе и другите и тука не можете ништо. Дури и тука да бидеме во грешка или недоволно објаснети, не смееме да издадеме ништо, за да јас тебе или некој друг те побијам во твоето незнаење. Подобро би избрал тука да не сум во право отколку да откријам нешто што нема потреба да биде откриено и профанизирано.

Затоа не барај да бидеме „центри на чума“ коментирајќи го Законот :) Провокациите нема да ти донесат ништо добро. Знам дека ти се расправа, коментира, демантира и слично - но тоа ќе мора да го правиш со други, слични на тебе, не со Телемити.

93 93/93 момак :)

Во ред Хептаграм,повеќе нема да прашувам ниту да коментирам на темата,бидејќи ако прашам тоа за вас ќе биде провокација,а не сакам јас да бидам причина за ваши нервози.

п.с. На твојот пријател,сугестијата требаше да му ја напишеш на ЛП, да не го издадеш за неговото неискуство,ама гледам дека егото ти е многу побитно.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
П.С. Abraxas што мислиш, нема да се најде сега некој и да се заморува колку ли се тоа членови во Редот? И ако те прашаат што да им кажеш? Прашуваат за О.Т.О., за A.'.A.'.? Има уште неколку битни прашања во врска со тоа - колку ли тоа Телемити чекорат по Земјата и уште колку се такви кои дејствуваат! :) Од пракса научив дека на оние врзани за догматски учења се заморуваат со бројки!
Имаше и такво прашање мислам, но им беше кажано дека бројноста е небитна во овој случај.
Инаку што се однесува до праксите и дискутантите на темава не ми беше поентата дека тие се неважни за нив, туку дека е наивно да очекуваме секој што ќе ја погледне темава да се фати за пракса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
п.с. На твојот пријател,сугестијата требаше да му ја напишеш на ЛП, да не го издадеш за неговото неискуство,ама гледам дека егото ти е многу побитно.
Мене не ми пречат сугестии, без разлика дали се јавни или не.
Еве една до тебе: Потруди се да не носиш заклучоци за телемата, наместо тоа прашај тоа што не ти е јасно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

(facepalm)
Ништо не ме разбра што кажав и си остана на ставов од почетокот - егото и како јас ти пристапив лошо :) Па како требало да се напише на некој, приватна порака, па онака, не вака... абе ајде :) Ти заклучи и дека некој е неискусен, ваков онаков... Што ти дете си? :D Тоа на некој друг на други теми, не тука... Добро е што реши да не пишуваш веќе!

Штом ти смета моето его и моите зборови на темата, воопшто да не пишуваш на темава и да заборавиш на Телемата и О.Т.О.! Разбра? (facepalm) Ах Богови Богови... и вие жители на 10 000 светови - зошто се едно та исто со луѓето? :^)

Па јас што зборев претходно? Што? Ништо не си ме разбрал... Штета...
Седни прочитај наназад поите постови во врска со тоа да не се заморуваш со Хептаграм каков е, да не носиш веднаш ставови :) Ама не можеш нели? Штета и за тоа...

Некоментирање на Законот Е МУДРОСТ, не е забрана (не ми се допаѓаат овие твоие финеси на негирање на Телемата како слобода , затоа не ми се допаѓаш и некако те гледам како подло нафрлаш негативни ставови за Телемата и се обидуваш да ја негираш)!
Имај отворени ставови, не вака... ;) НЕ се плаши :) Наши сме си :)

Во однос на ова: „Човек треба сам да дојде до оговорите,јас прашања немам во однос на нив, а и да имам нема фајде да се праша.“ - ГРЕШИШ - од тука доаѓа во игра тоа профани и иницирани и се одеднаш има логика.


Еве ти една мисла:
.’. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму. - LIBER LXI

Ајде, 93 93/93 момче и не мисли дека туку така ќе си заминеш од темава. Се читаме :D
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
(facepalm)
Некоментирање на Законот Е МУДРОСТ, не е забрана (не ми се допаѓаат овие твоие финеси на негирање на Телемата како слобода , затоа не ми се допаѓаш и некако те гледам како подло нафрлаш негативни ставови за Телемата и се обидуваш да ја негираш)!
Имај отворени ставови, не вака... ;) НЕ се плаши :) Наши сме си :)
Првично отворено кажав мое мислење за Телема,дека многу длабока,но исто така е и многу опасна,а и самиот пророк ви дава опомена на крајот да се уништи после првото читање.
цитирам..
Проучување на оваа Книга е забрането.Мудро е да се уништи овој примрок по првото читање.
Тој што ова го занемарува ,го прави на сопствен ризик и опасност.Тие се најужасни.
Тие што ќе ја коментираат содржината на оваа книга треба да бидат одбегнувани од сите,како центри на чума.

Не вика дека е мудро,туку дека Е ЗАБРАНЕТО,а мудро е да се уништи!:mad
Но мислам дека тебе ти е јасно што тоа се уништува.:zelen

Ах!Ах!Смрт!Смрт!ти ќе копнееш за смртта.
Смртта е забранета за тебе,о човеку,за тебе.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Мене не ми пречат сугестии, без разлика дали се јавни или не.
Еве една до тебе: Потруди се да не носиш заклучоци за телемата, наместо тоа прашај тоа што не ти е јасно.


О.Т.О во Македонија,колку време е присутен?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
О.Т.О во Македонија,колку време е присутен?
О.Т.О во Македонија постои од 90-те, првиот камп се викал "oceans of light", по пауза од неколку години формирани се камповите Трину и Один, а на почетокот од годинава кампот Один прерасна во Оаза - Secret Fire Oasis.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Првично отворено кажав мое мислење за Телема,дека многу длабока,но исто така е и многу опасна,а и самиот пророк ви дава опомена на крајот да се уништи после првото читање.
цитирам..
Проучување на оваа Книга е забрането.Мудро е да се уништи овој примрок по првото читање.
Тој што ова го занемарува ,го прави на сопствен ризик и опасност.Тие се најужасни.
Тие што ќе ја коментираат содржината на оваа книга треба да бидат одбегнувани од сите,како центри на чума.

Не вика дека е мудро,туку дека Е ЗАБРАНЕТО,а мудро е да се уништи!:mad
Но мислам дека тебе ти е јасно што тоа се уништува.:zelen

Ах!Ах!Смрт!Смрт!ти ќе копнееш за смртта.
Смртта е забранета за тебе,о човеку,за тебе.
Пак носиш заклучоци. Што мислиш за кого не е мудро да ја проучува книгата? Зошто постои иницијација и иницијанти?
Ќе ти повторам уште еднаш, ако сакаш коректен однос од наша страна, не носи суд за тоа што и првично си го дознал од нас, во спротивно нема потреба да дискутираме воопшто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com


Додека не дојде од оние што ја диктирале Книгата, не е толку битно што Кроули коментирал.
Јас ти велам дека е мудро, а не забрането. А ти слушај го Кроули, мојот пророк :) Тој вели и дека се жртвуваат деца - се надевам нема да направиш глупост. Или сега ќе ми раскажеш што сакал да каже? Па јас да ти раскажам за овој коментар?

Јас го занемарувам и живеам на сопствен ризик! :D Ужасно :D

Но последното, НЕ! Не сакам да сум центар на чума заради тебе или некој друг! Извини ;)

И нели немаше да пишуваш? Што е ова? ТИ велам јас ти заглави тука, ти не :)

Пак носиш заклучоци. Што мислиш за кого не е мудро да ја проучува книгата? Зошто постои иницијација и иницијанти?
Ќе ти повторам уште еднаш, ако сакаш коректен однос од наша страна, не носи суд за тоа што и првично си го дознал од нас, во спротивно нема потреба да дискутираме воопшто.

Ми се допаѓа твојaта упорност :D
Полна чаша и да ја полниш, само ќе направи поголема беља... не знам колку е паметно тоа... :nerd
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ако добро разбрав...

Телема му помага на човек да ја осознае својата Вистинска Волја и истата да ја развива,негува и следи,без притоа да чуствува страв дека поради тоа ќе биде спален на клада.
Неможеш да бидеш одбиен "ако не го исполнуваш ритуалот", така поставена реченицата нема никаква смисла, бидејќи ако веќе си дошол до тој дел - до таа церемонија, значи дека си ги исполнил критериумите:
-полнолетство,
-спонзорство или гаранција од двајца членови на редот и
-потврда дека не си осудуван/а.

Нека ми прости првиот што го цитирав.Само од причина што ти потврди дека е така.
Абрахас,д една страна тврдиш дека Телемата ја подржува единствено Вистинската Воља на поединецот,а штом му помага истата да ја негува и развива без притоа да полага сметки било каде,зошто мора да потврди дека не е осудуван?
Па можеби она заради што бил осудуван било негова вистинска воља,оти да не го подржи телемата во истата?