Ама се испука.
Полека...
Ти зборуваш за членови? Хм, интересно... Јас зборувам за ритуалите - луѓето се небитни во случајот!
Не треба да си сигурен премногу, онака совет - седни и работи. Ритуалите се за сработување, ефектите не доаѓаат со зборување и философирање! Тоа е замка!
Што има врска тоа што реков дека може да видеш на мојот блог и твоето мислење уште од почеток дека некој е егоист? Ако напишев „на блогот“, кој блог? Јас дури и мислев адреса да ставам - тогаш што ќе бев за тебе? Его-наркоман бидејќи пијанството е клише Цело време не осудувај, не ме гледај надмено и слични жалења и бум - ете те тебе со дефиниција за мене. Те извадив од колосек сепак!
Да го градев блогот заради егото како што ти велиш, ќе пропаднеше целата работа уште на самиот старт (и таму има дела и на други Браќа и Сестри од Редот, јас сум автор-администратор само)! Блогот не е за мене, за Редот е! Да беше за мене ќе бев со име и презиме, за да се знае!
Блогот е за да многумина осудат, а малкумина ги најдат патоказите Затоа го споменувам и ЌЕ го споменувам и вадам линкови на темава ако има потреба. Барем овде во Македонија! Тоа што јас го немав еднаш кога за прв пат се заинтересирав за телема и Редот!
Не сум егоист (барем сметам дека не сум), само премногу ја бранам Телемата од секакви кои ништо не чепнале освен површно философијата и бараат сешто или се обидуваат да удрат ниско. Подобро да им покажам половина од тоа колку можам јас да удрам ниско, за да знаат дека иницијант во О.Т.О. не значи христијански монах и вртење образи. И горе и доле е лесно достапно. Лесно е да се покаже колку човек оди ниско, за да се разубеди да го направи тоа.
Можеби затоа така ти изгледа сето тоа, егоистички, надмено итн итн за тебе.
Ooo, смртта е Круна на се? Колку е примамливо ова да ти вратам со коментар на стихот. Но мора да се почитува Законот!
Но да се навратам на темата... ако јас сум имал храброст некогаш да се иницирам, зошто не и вие кои поставувате секакви прашања и се интересирате за телема? Не сте сигурни? НЕ сте си го поставиле никогаш ова прашање? Страв дека ќе бидете одбиени? Страв воопшто? Што?
Не бидете кукавици ако патот ве води натаму (но само ако ве води натаму), ќе страдате ако волјата ја замените со опрвдувања и кукавичлук!
Ако ве интересира нормално Редот, ритуалите, ако во Книгата на Законот сте пронашле доволно одговори кои сте ги барале и секако, ако сте го пронашле огнот внатре во себе си за да барате иницијација! Барајте инцијација ако духот ви го бара тоа - ако разумот ви бара зборови - читајте философија
Философирање околу Книгата на Законот секогаш ја дочекувам со неодобрување, посебно кога неинициран се обидува да ми ја толкува или философира што е речено и како во нејзе. Тоа не го одобрувам. Секогаш го советувам било кој човек (иницијант, неиницијант, маж или жена) да го користи практично Законот на Телема даден во Книгата на Законот и да види до каде ќе дотурка. Само така ќе се добијат валидни резултати.
Инаку Umpuranche за седнување, со Абраксас тоа, јас лично многу малку контакти директно имам со луѓе... без разлика дали имам-немам време
П.С. Abraxas не е мудро да коментираш стихови од Liber AL преку светлото на твоето разбирање по форуми - онака совет да не те занесе муабетот