Телема

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас не ја гледам љубовта како религија!
И не можам да зборувам за сите како ја гледаат љубовта... не сме сите исти...
Не постои нешто како: според телемитите... Секогаш ќе се најде еден барем што ќе има спротивен став од другите, и тоа е добро :)

Јас избегнувам да верувам и градам догми за свети работи.
Искуство и само искуство! Другото е философирање и бладање и трошење време... залудно.
Љубов е законот, љубов под волја - и за двата дела од кажаното потребно е искуство и пракса ;)
Ако премногу философираш ќе немаш време да ја пробаш љубовта каква што ние ја познаваме, слободна :)
Љубовта е слободна и безгранична.
Без очекувања.
Со или без филизофија.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
А за каков љубовник се работи тука?
Што е љубовта според телемитите?
Законот за љубовта ви е сличен како еден цитат од Руми
"Љубовта е мојата религија,а секое срце е мојот замок"..
Без ограничувања:)
Ќе ти цитирам еден дел од Liber II, дел кој зборува за природата на љубовта, повели:

"....Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат.
Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.
Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во незе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите – монаси на Телемата"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Луѓето во светот не се доволно расцепкани и ставени едни против други. Па сега се потребни уште категории , подкатегории и под под категории кои ќе допринесат до позначително делење на луѓето. Некојси профитира врз основа на овие науки, идеали, правци и појма немам волји, мотиви, последици, гревови и што уште не .
Ритуали за да станеш дел од редот....ме ежи кожата од само пишување на реченицава... Што доколку ми е волја да станам телемка , значи членовите од повисоките редови да не смеет да ме одбијат поради мое неисполнување на некој си таму ритуал..така?Доколку би ме одбиле значи дека јас нема да можам да ја остварам својата волја и тогаш имам право да ги испоубијам сите тие што ме одбиле???? (Грубо кажано)
 
А кој тебе те натера да бидеш дел од Редот па што сега ти се ежела кожата? И како дојде до заклучок дека ако станеш телемит членовите "од повисоките редови" (што и да ти значи тоа) не смееле да те одбијат и дека поради тоа имаш право да ги убиеш?!?
Значи стварно таленти сте.....
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
А кој тебе те натера да бидеш дел од Редот па што сега ти се ежела кожата? И како дојде до заклучок дека ако станеш телемит членовите "од повисоките редови" (што и да ти значи тоа) не смееле да те одбијат и дека поради тоа имаш право да ги убиеш?!?
Значи стварно таленти сте.....

Значи стварно си ти талент...

Пример , сакам да станам дел од телемите , и како што прочитав од тебе меѓу првите постови, треба да се исполнат некои ритуали и членовите од повисоките редови да одлучат дали би ме прифатиле или не, нели е така???? Е сега зборот ми беше дали со нивното одбивање (доколку пример би ме одбиле) ја нарушуваат и ја спречуваат мојата волја да станам телемка? Ете тоа ми беше прашањето. Зошто од нивна страна е дозволено попречување на нечија волја да стане дел од нивната организација ?

А кожата ми се ежи од било какви ритуали од било кои секти, сестринства, братства, и ред други групи, не беше наменето за Вашата телема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Ако тебе кожата ти се ежи од ритуали, сестринства и братства, зошто би сакала да станеш телемит?
И какви повосоки редови? Што ти значи тоа?
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ако тебе кожата ти се ежи од ритуали, сестринства и братства, зошто би сакала да станеш телемит?
И какви повосоки редови? Што ти значи тоа?

„Иницијацијата е физичка церемонија - ритуал, за која треба одобрување и закажување од повисоките тела на Редот. Тоа не е кафе муабет, па некој да "проба" да иницира луѓе преку форуми.“ - Abraxas , страна 3, Религија, Телема.
Извини , било повисоки тела на редот......

Дали може некој да биде одбиен ако не го исполни ритуалот? Тоа ме интересира...
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
„Иницијацијата е физичка церемонија - ритуал, за која треба одобрување и закажување од повисоките тела на Редот. Тоа не е кафе муабет, па некој да "проба" да иницира луѓе преку форуми.“ - Abraxas , страна 3, Религија, Телема.
Извини , било повисоки тела на редот......

Дали може некој да биде одбиен ако не го исполни ритуалот? Тоа ме интересира...
Неможеш да бидеш одбиен "ако не го исполнуваш ритуалот", така поставена реченицата нема никаква смисла, бидејќи ако веќе си дошол до тој дел - до таа церемонија, значи дека си ги исполнил критериумите:
-полнолетство,
-спонзорство или гаранција од двајца членови на редот и
-потврда дека не си осудуван/а.