Неможеш да бидеш одбиен "ако не го исполнуваш ритуалот", така поставена реченицата нема никаква смисла, бидејќи ако веќе си дошол до тој дел - до таа церемонија, значи дека си ги исполнил критериумите:
-полнолетство,
-спонзорство или гаранција од двајца членови наредот и
-потврда дека не си осудуван/а.
добро, фала на информација.
А што ако типот Х има волја да стане дел од телемите, ги исполнува сите услови а ниту еден член не му дава гаранција. Тоа не е спречување неговата волја да се оствари само поради тоа што Вашиот ред така ги поставил правилата? Зборувате за слобода на човекот и живеење според негова волја, а ваму поставувате некои си правила кои постојат за да го ограничат учеството на членови чија волја е да станат дел од вашето братство (не знам како да го наречам)
Впрочем вие барате квалитет а не квантитет....заборавив..
Вака можеме до недоглед. Немам ништо против, навистина немам. Ако сте добри луѓе тогаш никаков друг документ и податок за вас не ми е потребен. Но реагирам затоа што сум верник и приврзаник на својата вера која ми е дадена со моето раѓање , што е и единствениот критериум кој требаше да го исполнам за да станам дел од неа. Да се родам и да постојам.