Поентата е дека телемата нема забрани од типот на монотеистичките религии каде се навестуваат страшни судови, казни, пекол и слични прикаски за мали деца. Од тој аспект тоа не е забрана, немаш судија да ти суди, немаш џелат да те казнува, ги имаш само последиците од твоите постапки. Ако некој реши своите субјективни сознанија за Liber Al да им ги толкува на другите, едноставно ќе биде изолиран и избегнуван од останатите, затоа е мудро да свати дека неговите искуства се само негови.
Единствено што може да биде јасно во случајов е дека нема никакво фајде од оваа дискусија доколку вие како профани се ставате во улога на подобри познавачи на тематикава од нас.
Додека не дојде од оние што ја диктирале Книгата,
Ако бидат изолирани и избегнувани како ќе ги препознаете оние што треба да дојдат?
Како генерален закључок од моето читање можам да кажам дека.....
Пророкот објавува еден вид закон кој истовремено е порака за самиот себе во идно време кога треба да дојде.
Не мислам како дека Алистер треба да се роди повторно туку поимувањето на она соединување со Нуит,а истото е возможно со отфрлање на све што човек го држи на земја,таа гравитација што не му дозволува да се одвои од земјата.
Тоа може да биде секој човек и тие што се како членови,но и оние кој не се!
Тој во целост се познава самиот себе,што сака,што мрази каде му одат размислувањата,а книгата му дава своевиден патоказ.
Како би било сега да можеш да зборуваш со самиот себе кога си бил помлад,какви совети би си дал,какви опомени,а сепак да не си ја нарушиш слободната волја,туку да си ја потикнеш.
Тоа е многу умешно сокриено во цитатите од страна на пророкот.
Цитати не се осознаваат одеднаш,тоа оди постепено,во одреден период и стекнување искуство се осознаваат дел по дел,но тоа незначи дека е загарантирано и последното дејствие со кое треба да се надмине пророкот.
Исто така законот треба да опстои многу време,да речеме период поголем ,од 1000год.и истиот треба да се појави на вистинско место во вистинско време да не се пропушти оној како што вика Хептаграм "оние што ја диктирале книгата"
Затоа прашав сега, како ќе го препознаете тој или тие?