Телема

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Abraxas веќе некое време дава нејасни и контрадикторни одговори, а можеби и јас не сум толку еволуирана како човек па не ја разбирам духовноста на правецот нов, не знам ни како да го наречам. Јас разбрав само дека Неможеш да бидеш одбиен, а има правила кои треба да се исполнат , што може и да не се исполнат, и кога не би се исполниле тоа би било одби....хм...појма немам ...зачаран круг од појма немам до појма немам. Се форсира слободната волја , а во поглед на трите начела таму некаде горенаведени , не важи сопствената волја. и така... супер јасно екстра.

П.С. Негде прочитав дека не било добро да се дава милостина на посиромашните, демек се финансирала нивната причина за да бидат такви какви што се.
Така, така... само така.... потврдете го моето а и мислењето од многутте што е целото ова движење...
И така сме паднати во некој глобален хаос на губење на морални вредности, па уште и ќе проповедаат себичности, грубости, индивидуализми, заборавање на емоциите...
Па да , уствари наша мисија е да се самоуништиме за да одново му овозможиме на светов да почне од нула да се опоравува од нашите штети.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
...
Па можеби она заради што бил осудуван било негова вистинска воља,оти да не го подржи телемата во истата?
Не смее ниту еден иницијант да има криминално досие! Неговата волја може да го однесе на кој знае кој пат, не значи дека јас морам да го одобрувам тоа!
Од друга страна, ако некој не може да се држи до световните правни закони и заглавил со досијеа, по затвори и слично - како да очекуваме дека тој ќе се држи до законите на Редот? Интересно нели?

Тоа има врска со Редот, не со телемата како философија. Философски секако може да ја разбереш работата, но практично, е малку тешко! ;)
Крај на приказната.
Нас не не интересира каква е ЧИСТАТА волја на поединецот. Што имам јас со тоа?
Никогаш нема да ве прашаат ниту пак некој ќе може да одговори на друг, на такво прашање...

Така да, Редот не се меша во индивидуалната чиста волја на иницијантот. Ако си прифатил дека ти си Ѕвезда, прифаќаш и дека другите се Ѕвезди и дека имаат свој пат кој што го спознаваат и тераат до крајот на овој живот...

Секако, чекам одговор од Abraxas :) Ова е мое мислење :)

Кое е твоето мислење за О.Т.О. како таен иницијаторски Ред? :)
Кои морални вредности ти се изгубени и за тоа е крив Редот или философијата наречена Телема?
Кој тоа проповеда грубост, заборавање на емоции?
Зарем не го знаеш Законот?
Љубов е законот, љубов под волја! Така ние велие! Исто и Човештвото пред се! :)
Ти ќе пресудиш за Редот и Телемата од тоа јас или некој друг што ќе каже тука или на некој друг форум?
Не би било во твоја полза. Јас уште сега ќе ти кажа: Аууу, тоа е страшно! Ред, тајни, иницијации, се тоа е лошо! Ете, задоволна? :)
Те спасив од истражување и донесување заклучок сама од еден куп пракси и книги па и луѓе што би ти се појавиле по патот.

А се сложувам дека Abraxas може да ве збуни со неговите пишувања, не велам не! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Нека ми прости првиот што го цитирав.Само од причина што ти потврди дека е така.
Абрахас,д една страна тврдиш дека Телемата ја подржува единствено Вистинската Воља на поединецот,а штом му помага истата да ја негува и развива без притоа да полага сметки било каде,зошто мора да потврди дека не е осудуван?
Па можеби она заради што бил осудуван било негова вистинска воља,оти да не го подржи телемата во истата?
А дали ти од досегашната дискусија разбра што е чиста - вистинска Волја? Или можеби мислиш дека тоа е дозвола да се прави што ќе ти текне? Наназад на темава детално објаснував за тоа кога беа давани примери за силување, убивање, крадење и слично.

Abraxas веќе некое време дава нејасни и контрадикторни одговори, а можеби и јас не сум толку еволуирана како човек па не ја разбирам духовноста на правецот нов, не знам ни како да го наречам. Јас разбрав само дека Неможеш да бидеш одбиен, а има правила кои треба да се исполнат , што може и да не се исполнат, и кога не би се исполниле тоа би било одби....хм...појма немам ...зачаран круг од појма немам до појма немам. Се форсира слободната волја , а во поглед на трите начела таму некаде горенаведени , не важи сопствената волја. и така... супер јасно екстра.
Каде прочита дека сум рекол -"неможеш да бидеш одбиен"? Па не пишувам на кинески! Значи - "секој има право" не е исто со "неможе да биде одбиен"!
Ќе се цитирам самиот за да видиме што сум рекол:
Ако типот ги исполнува наведените услови, нема причина зошто да не му биде дадено спонзорство - гаранција, но дури и да не му биде дадено, инсистирањето на членство ќе стане цел кон кој таа личност се стреми - страст за резултат, а многу добро е објаснето дека вистинската - чиста волја е ослободена од страст за резултат. Што значи дека во тој случај таа личност со тоа однесување би докажала дека не се раководи според неговата чиста волја.

П.С. Негде прочитав дека не било добро да се дава милостина на посиромашните, демек се финансирала нивната причина за да бидат такви какви што се.
Така, така... само така.... потврдете го моето а и мислењето од многутте што е целото ова движење...
И така сме паднати во некој глобален хаос на губење на морални вредности, па уште и ќе проповедаат себичности, грубости, индивидуализми, заборавање на емоциите...
Па да , уствари наша мисија е да се самоуништиме за да одново му овозможиме на светов да почне од нула да се опоравува од нашите штети.
Да, милостината е финансирање на причините кој довеле до една таква ситуација. Подобро да се спречи одколку да се лечи. Подобро да го научиш некој да лови риба, отколку да чека ти да уловиш и да му фрлиш тоа што ќе ти остане!

П.С. Неверојатно е како ми ги извртувате зборовите. Каде видовте вие "проповедање" на "себичности", заборавање на емоции и слично?
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Каде прочита дека сум рекол -"неможеш да бидеш одбиен"? Па не пишувам на кинески! Значи - "секој има право" не е исто со "неможе да биде одбиен"!
Ќе се цитирам самиот за да видиме што сум рекол:


Ај те прашувам по илјадитти пат. Кога постои одбивање на некој чија волја е да влезе во редот а при тоа не ги исполнува правилата, дали тоа е спречување нечија волја да се оствари??????????
Ако сакаш не ми 0одговарај....јасно ми е дека одговорот е “Да“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ај те прашувам по илјадитти пат. Кога постои одбивање на некој чија волја е да влезе во редот а при тоа не ги исполнува правилата, дали тоа е спречување нечија волја да се оствари??????????
Ако сакаш не ми 0одговарај....јасно ми е дека одговорот е “Да“
Еве и јас по илјадити пат ќе ти објаснам.
Чистата - вистинска волја неможе да биде "загадена" со страст за резултат, ако некој има поставено некоја цел, ако се раководи од моментални желби, ако членството во Редот му е поради статус, материјална придобивка или слично, значи дека тоа не е негова чиста - вистинска волја.
Ако таа личност упорно инсистира да стане член на Редот и покрај тоа што спонзорите заклучиле дека не треба да гарантираат, со таа постапка таа личност само докажува дека не се раководи според својата чиста Волја.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Постојано се навраќаме на едни и исти муабети. Добро би било да се потковате малку во врска со темава, далкеу од „жута штампа“, разно-разни есеи пишувани од којзнае кој (зборувам на неиницирани момци и девојки кои „знаат“ повеќе езотерија од самите иницијанти :eek ) и нормално - youtube клипови каде што О.Т.О. и Телемата се НАЈЛОШОТО НЕШТО НА Земјата. Нормално и Кроули како најзлобното нешто што одело по Земјата. Ма дајте ви се молам, детски муабети - НЕ. Ајде да распнуваме Телемити или да се уништи О.Т.О. или забрани, што велите? :) Глупости...

Еве ви за телемата, онака, малку посериозно. Ќе наидете на уште некој врзан есеј со овој есеј, па читнете, размислете, побарајте книги...
Вака ништо не правиме... :)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
О.Т.О во Македонија постои од 90-те, првиот камп се викал "oceans of light", по пауза од неколку години формирани се камповите Трину и Один, а на почетокот од годинава кампот Один прерасна во Оаза - Secret Fire Oasis.

Според кој критерум се одредува дека еден камп треба да прерасне во Оаза?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Според кој критерум се одредува дека еден камп треба да прерасне во Оаза?
За тоа решава Врховниот Совет на Редот. Според мене за тоа пред се е потребно активно членство кое редовно ќе има активности - иницијации, редовни гностички миси, работилници, контакти помеѓу членовите и слично. Но како што реков тоа е само мое мислење.
Тоа е внатрешно хиерархиско уредување на Редот, кое не е толку битно за оние што не се дел од Редот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Пак носиш заклучоци. Што мислиш за кого не е мудро да ја проучува книгата? Зошто постои иницијација и иницијанти?
Ќе ти повторам уште еднаш, ако сакаш коректен однос од наша страна, не носи суд за тоа што и првично си го дознал од нас, во спротивно нема потреба да дискутираме воопшто.

Јас само го потврдив твојот став.......
Liber Al има свои коментари, книгата која прва ти ја препорачав - "Законот е за сите", таму секој стих има свој коментар. Се останато е забрането да се толкува и коментира на други, бидејќи целта е секој сам да ги препознае во нејзината симболика своите ставови, се разбира во согласност со правилата за неограничување на волјата на другите.
И истото е напишано како опомена и од пророкот,но Хептаграм
мисли сосема друго.

Прашањето е!

Законот е?

1.Забранет да се толкува и коментира.

2.Мудро да не се толкува и кометира.


Вашиот збор нека биде последен.

Нема закон над прави што ти е волја!

п.с. Има гулаб,и има змија. Одберете добро!