Оние што треба да дојдат....? Ај ќе се обидам наједноставно што може уште еднаш да ти објаснам.Ако бидат изолирани и избегнувани како ќе ги препознаете оние што треба да дојдат?
Како генерален закључок од моето читање можам да кажам дека.....
Изолирани и одбегнувани се однесуваше на телемитите или било кои други луѓе кои решиле своите заклучоци и сознанија да ги коментираат и толкуваат на други. На нив се однесува тој текст, а не некое пророштво за некое идно доаѓање на некој што треба да се препознае. Затоа ти реков - не носи заклучоци, подобро прашај.
Кога личното искуство ќе се обидеш да го наметнеш како апсолутна вистина, креираш догма. Така се настанати повеќето религии, а колку добро видело човештвото од нив, сведок е историјата. Затоа ние ја сметаме слепата верба во било што за погрешна и штетна. Од ниеден телемит не се бара слепо да верува во било што, напротив телемит може да биде и атеист и теист и христијанин и сатанист. Редот нуди пракси и методи со кој секој има можност и шанса самиот да го провери, достигне па и надмине и Кроули и било кој друг.
П.С. Законот не дојде од Кроули, туку од Тајните Мајстори.