Состанок „од соништата“

Бабадук

Нов член
18 јуни 2016
9
9
3
Моево беше, земаш бејзбол палка и ја тепаш.. Значи мислев дека со некоја попаметна си иам работа али испадна ѓон! И тоа износе ѓон со дупка!
И давам јас цело време знаци ова она (а гледам и таа враќа, барем си мислев дека добро проценила што и мислам).. Дознавам до нејзина блиска другарка дека не се гледа со никој ништо ова она... Ајде ја викдам дирек да излезиме, прифаќа (викам ајдееее ќе се чепне чичо нешто вечер).. Одам на договореното место и ајде кај ќе идеме (идеме некаде не е битно), од кај и текна да прашува кој друг ќе дошол вечерва со нас (WTF? битно ли е ?)... Типката почна да ѕвони на некои заеднички пријатели дали ќе излегувале со нас или што ти јас знам (темно пред очитеееее, она кога сваќаш дека имаш работа со некој што не му го бива мозокот она, мавнат некој спој).. И ништо ајде се продолжи вечерта со екипа. Глупа!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth and Beauty&Beast

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Немало никогаш бламажа или нешто слично, иако еднаш се обрукав кога не се појавив на состанок поради тоа што заспав (последица на пијанство од претходен ден) и сум спиел 15-16 часа, каков идиот :D значи тоа е повеќе non-event и не се важи...
Друг пат шо знам...еднаш беше чудно кога типката се дрвоса за кратко време (facepalm) и следеа изблици на исповедања и трауми од минатото, многу незгоден филинг кој веројатно го имаат шринкови ама тие се платени за да слушаат такви работи или попови на исповедање и сите обиди да се насочи ситуацијата на очекуваните патеки завршуваше неуспешно...мислам во ред, сето тоа си доаѓа со тек на време ама на прв состанок е ептен тешко за перцепција...
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ќе пишам, ме охрабри @Beauty&Beast :)

Беше ова пред неколку години, се случи во лето. Имам роднини кои се во друг град и им бев во посета. Бевме излезени со една другарка таму, па запознавање со друштва, журки, по некој коктел...
Вечерта ми стига порака од едно машко со кое онака ноншалатно се запознав и добивам покана за кафе. Ми се виде симпатичен, јас бев сингл тоа време и ајде на кафе ќе идеме. Се поздравивме, седнавме, мене малку ми беше чудно што кафичот беше малку како забатален, ама ништо не реков. Дечково што да ви кажувам, убав, баш по мој вкус, културен, препаметен. Дискутираше преубаво, се гледаше дека не е празноглав. Муабетот ни течеше супер, се смеевме, па сериозни теми, па пак смеење, јас си помислив баш колку спонтано и убаво ни тече дејтот. Него неколку пати му заѕвони телефонот, тој не дигна, ама тоа не ми се виде како нешто проблематично, можеби некој му досадува, ништо страшно. Станавме да си одиме и тогаш почнува трауматичното искуство. Излегуваме надвор и ни приоѓа една девојка. Му вика што правиш???? Овој мислам дека во гаќи ќе се помочаше. Со оваа ли најде да ме изневеруваш, говедо едно. Кога почна да и се објаснува, ама таа ми е само пријателка, нели и се врти накај мене за да го извадам. Пријателско кафе било,а немаше врска, се убивме од флертување двајцта. Па почна да и кажува како само неа ја сака и дека за друга немал очи:frantic. Оваа вреска, тој се пробува да ја смири, а јас стојам како зацементирана и се прашувам дали сонувам или е јаве ситуацијава. Луѓе поминуваат, се вртат, јас се правам домат во фацата, уште несвесна што се случува. По првичниот шок им кажав дека тие треба да си расчистат многу проблеми меѓу себе, дека тој не ми е ништо и си заминав.
После дознав дека типов знаел да си брка девојки на страна и дека со неа оделе долго време. Ми се уби од пишување, како таа била луда, како го малтретирала, како тој немало така да трпи таа да му прави, а нема врска, се усра кога ја виде, како ќе ја оставел ако јас би му дала шанса (машкото кое го цитираше Карл Сејган играше на финта ако се фатиме ќе ја оставам неа, а ако не, нејќам да сум сам...). Прво му кажав да ме остави на раат, не сакав никаков контакт повеќе со него, ама пошто ме напна со пораки, ми пукна филм и го направив гомно. Му кажав дека е тежок безкичмењак и дека никогаш нема да си дозволам да одам со зафтено машко. Јас немаше ни да излезам со него, ама не знаев дека е во врска. Што сака и кој сака нека е, јас врска нема да растурам, каква сака нека е. Заклучок од тогаш, никогаш да не носам брзи заклучоци, затоа што зад навидум океј човек може да се крие тешка будала.
Не знам што прават сега, ама пар снова беа, тој тежок идиот и лажго, а таа хистерично врескало. После разбрав дека на некоја негова мувачица и се заканувала дека ќе ја убие.:frantic
Битно толку изедов срам тој ден, не знам колку време после тоа на гости не отидов. Уште грдо ми е кога ќе ми текне како не гледаа тие што поминуваа:gladen
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
И јас имам една така не многу фина случка која и не беше баш некој состанок.
Се договоривме со еден другар да се видиме поточно запознаеме бидејќи се знаевме само преку интернет и во меѓувреме да се прошетаме покрај кејот.
И така пошто јас во центар он во Лисиче (мислам беше) се договоривме да тргнеме по кејот тој од едната страна јас од другата се додека не се сретнеме.
И си одам јас одам по кејот, одам абе скоро стигнав до пола на патеката он никаде го нема си викам човекот ме зафркна или... и ете ти го, ајде се запознавме се видовме кои сме што сме и сега викам на кај ќе одиме, а јас сакав да си продолжам до Лисиче пошто и така скоро пола пат поминав, а он ај до Влае. Си мислам мислам и си викам па што барем поблиску до дома ќе бидам после :D и ајде рикверц назад.

Стигнавме до плоштад и човеков почна да се огледува лево десно абе мислиш од некој се крие па си го прашав зашто се врти во смисол да не има некој проблем, а он ми вика си разгледувал така секогаш. ОК си викам има секакви луѓе.
И стигнавме некаде до кај плажата и седнавме на клупа да одмориме малку, си помуабетивме и пошто имавме и други заеднички пријатели од интернет реши да се јави на еден од нив и наводно да го зафркава пошто на тој што му вртеше не ме поднесуваше баш и дали ќе ме препознаел дека сум јас, бог да чува он па одма ме препозна мање битно се си беше ок си зборевме и наеднаш дечково почна да збори премногу силно, поминуваат луѓе овој си се надвикува, се вртат луѓево овој абер нема. Му реков неколку пати малку потивко да збори, срам ме фати стварно, а он нит ме слушна нит па почна да збори потивко.
И си траев траев па му реков ај да се враќаме (додека он уште си збореше) и си тргнавме од си збореше поточно викаше, луѓето си се вртеа, ја си пропаѓав во земја и некаде пред проштад му текна дека треба да прекине, прекина стигнавме до плоштад си се разделивме на цивилизиран начин рака со рака секој по свој пат и од тогаш нит го видов нит па ќе го видам. На интернет зборевме уште некое време па си најдов една ситна глупа причина си се испокарав со него и така. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Beauty&Beast

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Да ми се случило и ептен лошо е коа излегваш со некоја и очекуваш се да е кул а таа само ќути ќути и ќути и то е то крај приче едноставно неможи да разберам како можи да ќутат некои..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Beauty&Beast

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Фенси гај :^), нај јак ти бил моментот кога сите гледаат во вас , сигурно си почнала да упиваш во земја и да најдеш начин да се макнеш сместа од таа ситуација ?
Ќе било нај јако да ти се свртела тебе ,тс демек ти си иницијаторот па тек тогаш ќе било влечење :eek: (rain)
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Малишани, 7-мо одделение, со другар на МС СМС ќе праќаме порака дека бараме момички за дабл дејт. Почињам да се допишуем со една по пораки, ми кажа дка се вика Магдалена, си праевме муабет за све и свашта. Се договараме за искачање у Аеродром, ја со другаров, она со другарка. Се наоѓаме у Бисер, кај МекДоналдс, ја суртук развлечен, она шмизла пицната, другаров и другаркава ко од Марс паднати се гледаат, па ми кажа дека ме лажела дека се вика Магдалена, се викала Кате, па фати да ми ја зима капата, па да ме брка низ цел Бисер и да ме прска со парфемот нејзин, луѓе од дуќани искачаат и не гледаат, другиве од кафичи, си викаат што бутур им е... И киднавме со другаров, и се извадив некако дека ме изнервирало тоа што ме лажела за името. А симпатично девојче, ко ќе ми текне.

У поново време сум немал некој блам состанок али имав ептен глуп момент. Излагам со девојче, одиме на билијард, све си е кул, доаѓа време за да си бегаме, не ми даде мене да платам, дури ни мојот дел. Искачаме од Хазард, отидов со неа до кај еден нејзин другар до пред зграда да си земе нешто, и цел пат праеше на Вибер или нешо такво муабет со некој нејзин другар. И ми збореше колку типот бил најлуд, најбоље итн. И се јавуе ликот и ја вика да пројде до Броз да се видат на кратко, и она ме вика со неа. Се наоѓаат со ликов, се гушкаат, се за***ваат нешто ама од сто метра се глеа дека не е чиста заебанција. Си викам што мајка барам искочен јас вака надежен коа постои лик што неа и се сфиѓа веќе. Отидовме до Џамбо, земав чоколадно млеко, седнавме таму пред Олимписки, се изназборевме и као ај да се разделиме, и она у момент тргнуе по ист пат као и ја. И после се сврте, се поздравивме и си отиде. Можеби сакаше да се деси нешто тогаш ама искрено не би знаел...
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Најтапа со еден еднаш, мислев дека е хомосексуалец и ај да проверам го бакнав на крај на состанокот ПРВА. Немаше муабет некако, а и ме излажа дека не пуши цигари... да не зборам за фалењето, изгледот и др.работи што ме натераа да мислам дека е геј.