Состанок „од соништата“

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Тука не играла метлата за чистење,има бајаги постови во кои нема напишано за некој состанок од соништата(wasntme)
Иначеее последниве месец два,не секој ден ама одприлика три четири состаноци во неделата има како да ми се состаноци од 'соништата".Само шо не ме бива да ги опишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Пред некоја вечер читајки на интернет за лоши состаноци ми текна на моите искуства...

Иии уште една случка...во Валандово на турнир...
Да се видам со еден дечко и сеа идам јас тамо и коа го гледам он доаѓа....набилдан огроменн а јас мала бев...кога го видов страв ме фати па коа почнав да бегам..он по мене...па да се бркаме...абее брукиии :giggle

Лелееее добри ти се двете состаночиња, ме изнасмеа со првиот хахахахахаха
А како второво ми се има и мене десено, јас знаев дека е висок типот ама не знаев дека е толку многу. И одам јас в кафич, го гледам тој доаѓа-поминувам покрај него гледам до стомак му сум..и дим да ме њама.
Летото исто, го гледам типацот 10 глави над мене, кога се поздравував како на небо да гледав, бруки х)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Хахахаха, читам и се потсетив на еден ваков мој состанок во прва година гимназија. Морам да ви ја опишам цела приказна од почеток.

Беше Петок ние бевме излезени со друштво 7-8 машки, најпрво бевме во кафич навечер излезени и дојде 1 саат некаде па заврши свирката и излеговме надвор да си поседиме на едни клупи, наспроти нас на друга клупа имаше едно 14-15 девојчиња што прв пат ги гледам и не им обрвнав внимание, но паметам дека само се смееа и гледаа во нас цело време, а ние се правиме „џомби„ :D
После 2-3 дена еден другар ми кажува дека за наредната недела ќе дошле 2 девојчиња со нас да излезат, едната него го меркала другата мене па да направиме „нешто„ наредниот викенд. И јас гром од ведро небо не ја ни знам ни познавам ни па на изглед ми текнува која беше, иако он ме убедуваше дека ја знам, ама си викам ајде де ќе излеземе со нив. Понеделникот беше договорот за викендот.

Дојде Среда, одам на училиште и го здогледувам другарот со 2 девојчиња, и си викам аха мора да се тие, и веднаш избегувам внатре право пред училница ми се стемни :eek И викам ај ќе си одат до 2-ри час сигурно нема да стојат овде. Излегувам на првиот одмор помеѓу 1-ви и 2-ри и ги гледам уште надвор со другарот ме чекаат (facepalm) И се дерат накај мене да одам кај нив. Уште еднаш ми се стемни. Добро, отидов се запознав со двете и сега не знам која е „местената„ за мене :D И двете ми се пуштаат и јас уште толку збунет. Викам ние ќе одиме со другарот да јадеме ( за да прашам која е за мене :rofl) И добро он ми вика која сакаш, на него и двете му се допаѓале...Аха, добро одиме пак си правиме најобичен муабет ама овие спобудалеа :frantic

Ни седнаа во скут и почнаа да се фалат која имала поголеми ци*ки, и која била подобра во кревет и тн...Во мојата глава овие се луди, 1-ва година исто и они, јас се уште без секусално искуство и ми беше многу чудно, и му викам на другарот јас си одам, треба да одам на час, и они не не ме теглат, упорни да ме задржат, - Нема да одиш денес на школо, -Како нема да одам, не бегам јас од часови :rofl (само да ги откачам) И се теглам со нив држ- не дај,не ме пуштиа и добро ајде се договараме да шетаме, па и да поминеме низ плоштадот, јас се срамам да поминам со нив дека после цел град ќе ме збори. Добро ај отидовме каде што се правеа „тие работи„ другарот отиде со едната мене ме остави со другарка и, и јас ништо си правма цело време муабет наваму натаму... и не бидна ништо јас дека затрескан во друга тогаш и не ми правеше ќејф ова, не поминаа 10 минути овие дојдоа, и другарот ми раскажува за неговото прво сексуално исксутво кое траело 1 минута, :rofl Мислел дека и јас сум направел нешто, но не... после бевме главни во друштво дека имавме таква случка никој од друштвото до тогаш немаше сексуално исксутво или најдено некоја за тоа да правиме такви муабети, па после сите им се пуштаа на нив:D Од тогаш ни сум ја видел, ниту пак сакам да ја видам, уствари заборавив ја имам видено на телевизија на емисија за таленти пееше :DНе сакам да е во моја близина тоа е едно, а има уште некои глупости за кои ќе се навратам покасно. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Selma

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Дали некогаш ви се случило да излезете со некој/а, мислејќи дека ќе си поминете одлично, а на крајот, очекувањата не ви се оствариле бидејќи дечкото/девојката толку се избламирале, што сте ги избришале засекогаш од листата на потенцијални?
Која била најголемата бламажа која што ја направиле, или можеби вие сте ја направиле? :)

Бидејќи ја отворив темата, јас прва ќе го скршам мразот.
Јас за среќа не сум имала премногу блам состаноци, очигледно добро сум бирала со кого искачам, али оваа случка што ќе ја раскажам подолу, никогаш нема да си ја извадам од глава, бидејќи некад кога ќе ми текне на случкава, буквално ми се лоши.

Имаше еден тип, другар на една моја добра другарка, го запознав преку другарка ми, и така некако се здруживме, и уште откако се запознавме од авион се приметуваше дека му се допаѓам, и така почнавме да излегуваме поактивно и да се дружиме, поточно он се вклучи поактивно во друштвото поради мене, кога и да се договорев со другаркава и останатите од друштвото некаде за излегување, ете ти го и он ќе се нацрташе со нас.
И цело време на некој начин ми се пушташе, испитуваше терен, али јас во принцип го игнорирав, бидејќи не преферирам да мешам пријателство со врска, поточно кажано да сум во врска со некој што ми е во исто друштво, бидејќи откога ќе се раскине доаѓа до незгодна ситуација ... од поранешно лично искуство ми е ова, been there - done that.

Секако знаев дека нема да има ништо сериозно помеѓу нас, од причината што ја наведов погоре, иако он сакаше нешто посериозно (врска) ... али како и да е, толку беше упорен и инсистираше да излеземе сами, што на крајот решив да му дадам шанса (за која што подоцна зажалив), но секако без сериозни намери, од моја страна.
И искочивме една вечер, за првпат сами ... и седиме, правиме муабет, јас максимално лабава, се смеам, се зафркавам, а он пустиот вцрвенет, збунет, зборови прескака, се здткува, трепери како лист, се гледаше од авион дека имаше преголема трема ... да напоменам дека вака претходно не се понашаше кога бевме во поголемо друштво, али сами кога бевме - тремата си го направи своето.

И некаде кон средина при крај на вечерта, се смувавме и тука започна мојата ноќна мора.
Типот толку лошо се бакнуваше, што неможам да ви опишам и доловам, тоа може само да се доживее (а верувајте неќете тоа да го доживеете), никаков стил, никаков жар, укочено и монотоно, и тотално без врска, со еден збор fail ... а пазете, постар некоја година беше од мене, али ете за бакнување не го биваше воопшто, а тоа ми е една од поважните работи на мене, сакам да уживам, а не да ми се превртуваат цревата во стомакот кога го правам тоа.
И на крајот од вечерта, кога станавме да си одиме, повторно тргна накај мене за да се поздравиме, и во дел од секунда си мислам да му се тргнам, да не му се тргнам, да му се тргнам, да не му се тргнам ... али ајде си реков, ќе му дадам втора шанса, можда од тремата му беше првиот пат додека седевме, овој пат можеби ќе го поправи впечатокот.
Згрешив!
Пак буквално иста прича, се' исто.

Тоа беше моментот кога сфатив дека забавата со него нема иднина :D а камо ли нешто повеќе (врска).
Па вечерта, откога се прибравме дома, на ФБ кога почна изливи на емоции, леле луѓе што се' сум се изначитала таа вечер, има да се чудите, како во облаци да леташе он.
И малце ми беше незгодно веднаш да го пресечам вечерта, и да му кажам да не се надева веќе на ништо, дека јас и он - not gonna happen.
А плус секогаш такви ствари сакам да ги кажам лично и да расчистам како човек, а не на ФБ зад тастатура.
И не сакав да му давам лажна надеж, со денови да си мисли дека се е ок, сакав да ја решам ситуацијата што побрзо, и веднаш се договоривме за наредниот ден повторно да се видиме, секако за да не му дојде како шок, јас малку му наговестив помеѓу редови да не се надева премногу дека ќе бидне нешто од нас, али секако сакав тоа лично да му го кажам, и затоа договоривме уште веднаш за наредниот ден средба.

И се сретнавме наредниот ден, он трга накај мене ... јас си викам во себе е трет пат нече мочи, и му се тргнав, и му викам треба да правиме муабет, да ти кажам како стои ситуацијата ... остатокот, нема потреба да го раскажувам, тука заврши се'.

Имам и други блам случки, али за нив подоцна во темава, доволно е една за почеток.
Вие сте на ред :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Makedonec

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Ми беше избришан коментарот, ама сум прилично многу заинтересиран и затоа ќе поставам офтопик прашање: Која е целта на темава?
Се надевам дека ова нема да е пак избришано.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Почеток на пролет, јас некои 21 година, почеток на форумџиски собири, се договоривме со една онака ноншалантно кафе во Рома (денешно Гнездо). Одиме таму на спрат, нарачуваме, ни се убацува онаа теткицана со ружи. Ме накурчи по малку пошо реално ова беше баш онака no strings attached дешавка, без никакви претензии. И се обеси околу врат - дај купете ми од розиве, купете жити све... А јас по малце и повеќе фин момак не и` викнав да се гони у три лепе, па ај ако нишо друго ако и` земам ваљда ќе се мавне од нас. Зедов, и` ја дадов на дамава, оваа се закикоти онака хистерично, ја прашувам што се смее, ми вика „абе знаеш, не се знаеме добро“, мене уште толку срам ме јавна, изтресов нешо онака неутрален одговор демек Швајцарец изиграам да не увредам, она уште толку... Демек ме тестира колку ми е нивото на толеранција....

Сеа коа се глеам со неа чат пат онака, коа ќе се размуабетиме околу старите добри времиња, и двајцата се газиме од смеење ко мали деца. Пошо подоцна коа почнавме поинтензивно да се дружиме, и` кажав кај лежеше зајакот, дека го напраив тоа ради теткицата да не замара. А оваа уште толку ми го мава сеирот, демек затрескана била тогаш само глумела незаинтересираност.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ми беше избришан коментарот, ама сум прилично многу заинтересиран и затоа ќе поставам офтопик прашање: Која е целта на темава?
Се надевам дека ова нема да е пак избришано.
Суштината е секој да си изнесе одредено искуство околу својот личен живот на овој дел од љубовното поле.
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
@Ranta целта на темата е да споделиме интересни и не толку интересни случки што сме ги доживеале на состаноците, да се потсетиме на некои случки што ќе ги памтиме засекогаш.
Со еден збор, целта на темава е за забава :)
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Јас така во Бугарија, на една меѓународна конференција отиден, 23-24 години. Бевме надвор од град во нешто како студентски дом и тука се одржуваше конференцијата. Од локалното друштво што беа организатори се појави едно девојче, 17 години. И една вечер подзаглавија малку, се поднапија сите (јапонците носеа саке) и се заборавија да си одат арно ама после 12 саат таму нема автобуси често туку на 2-3 саата дали уопште ќе намине некој. И тука ние се забављаме, муабетиме, на плажа вечерта и дојде врем малава да си оди дома пошто у 2 саат автобус. Сите останаа и сеа она треба сама да излегува надвор и да чека во темницата надвор од град у сред дивина. И велам ајде јас ќе дојдам со тебе, ќе те испратам па ќе се вратам.

Доаѓаме тука покрај патот и чекаме. А беше ладничко и почна малава да се пика во мене, раширив и јас рацете и така се топлиме, си правимемуабет и кога гледаме во далечина фарови од комбе и викаме еј еве автобусот доаѓа. кога тоа комбе полициско.
Шупрајте бе вие двајца тука у сред ноќ? Она малолетна а јас без пасош. Ајде влагајте у комбе. Ама..... Нема ама влагајте у комбе и у станица. :D
У станица што да ви расправам, бугарска полициска станица можете да замислите. Саат време се измрзнавме дур чекавме татко и да дојде у 3 и кусур ноќе, па да ме вратат мене во студентскиот.

Не беше некој состанок... Не сум имал ситуации за бламажа, секогаш сум царувал со ситуациите, ама ова беше интересно. Едно време се подисплашив си реков сеа ќе си имам работа со б’лгарска качествена полиција, можда ште сакат мало да го резнат :D (ко у балканкан)

hqdefault.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
И јас имам еден, иако беше одамна, го памтам како вчера да беше... Само што срам ми е да го напишам.
Ако соберам храброст ќе го споделам.
Офтопик сум знам, бришете ме :D