Состанок „од соништата“

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Малишани, 7-мо одделение, со другар на МС СМС ќе праќаме порака дека бараме момички за дабл дејт. Почињам да се допишуем со една по пораки, ми кажа дка се вика Магдалена, си праевме муабет за све и свашта. Се договараме за искачање у Аеродром, ја со другаров, она со другарка. Се наоѓаме у Бисер, кај МекДоналдс, ја суртук развлечен, она шмизла пицната, другаров и другаркава ко од Марс паднати се гледаат, па ми кажа дека ме лажела дека се вика Магдалена, се викала Кате, па фати да ми ја зима капата, па да ме брка низ цел Бисер и да ме прска со парфемот нејзин, луѓе од дуќани искачаат и не гледаат, другиве од кафичи, си викаат што бутур им е... И киднавме со другаров, и се извадив некако дека ме изнервирало тоа што ме лажела за името. А симпатично девојче, ко ќе ми текне.

У поново време сум немал некој блам состанок али имав ептен глуп момент. Излагам со девојче, одиме на билијард, све си е кул, доаѓа време за да си бегаме, не ми даде мене да платам, дури ни мојот дел. Искачаме од Хазард, отидов со неа до кај еден нејзин другар до пред зграда да си земе нешто, и цел пат праеше на Вибер или нешо такво муабет со некој нејзин другар. И ми збореше колку типот бил најлуд, најбоље итн. И се јавуе ликот и ја вика да пројде до Броз да се видат на кратко, и она ме вика со неа. Се наоѓаат со ликов, се гушкаат, се за***ваат нешто ама од сто метра се глеа дека не е чиста заебанција. Си викам што мајка барам искочен јас вака надежен коа постои лик што неа и се сфиѓа веќе. Отидовме до Џамбо, земав чоколадно млеко, седнавме таму пред Олимписки, се изназборевме и као ај да се разделиме, и она у момент тргнуе по ист пат као и ја. И после се сврте, се поздравивме и си отиде. Можеби сакаше да се деси нешто тогаш ама искрено не би знаел...
Оваа пријава со парфемов и со капчево ти ја знам од фб :D
 

Lizbeth

Истакнат Член
25 јуни 2016
130
188
143
Не се ни случи. Телефонски добив покана за да одиме на бурек... А ако сум била добра ќе ми купел и јогурт.... :kafe
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Оваа случка сега што ќе ја пишам не беше класичен состанок, ама беше болно.... Во вистинска смисла на зборот:D Така убаво сум се изглупирала, трауми имам уште:giggle Ќе биде малку подолго, ама има доста материјал.

Една моја другарка одеше со еден дечко, па моето друштво излегувавме со неговото еден период. Еден од неговите другари беше ептен срцка, ми се допаѓаше, цело време си правевме муабет, танцувавме... Ми беше супер во негово друштво. Една вечер ми се јавува другарка ми и ми вика спремај се, ќе излегуваме во една нова дискотека. Се спремив јас, облеков убаво фустанче, штикла под нога и спремна за журкање.

Стигнавме и не прашуваат што ќе пиеме, кога на другаркава дечкото вика ај Long Island коктел. Со кој памет не знам прифатив, никогаш немав пиено таков коктел, а немам толку толеранција кон алкохол, плус немав цел ден убаво јадено, а лонг ајленд и празен желудник комбинација снова:rolleyes:.

Помина некое време, јас веќе во полуалкохолизирана состојба, кога дечково ми вика иди ај надвор, прави ми друштво една цигара да испушам. Јас целата радосна, стварно си го имавме меракот, летнав со умот одма... За по 1 минута да летнам во вистинска смисла на зборот:cool: Дискотекава беше нова, јас не го знаев просторот убаво, а тоа имало една скала тука, а јас кај поднапиена, па и ќорава не ја видов. Стапнување, кога се лупнав на земја колку што сум долга и широка, мислам дека посилно во живот не сум се треснала нигде. Буквално низ цела дискотека се слушна едно ТРАС! Бизон да треснеше помалку звук ќе направеше. Сигурна сум дека од мојов пад Кина земјотрес од среден степен доживеа. За да биде нештото посекси, во слободниот пад рефлексно за да се фатам некаде, се фатив за задникот на едно машко што стоеше тука, среќа не лупна и тој, инаку ќе се самоубијав од срам. Дечкото се сепна, којзнае што си рече, кој го испофаќал за газ.:eek: Можам да замислам како му било, си стоиш во кафич и некој од нигде никаде те удира по задник. Девојката што беше со него мислам дека ќе ме убиеше:D
Само што се лупнав, настана една секунда молк, потоа сите што беа во околината се убија од смеење, вклучувајќи ги и дечково што го фатив и девојка му. Мојов успеа да се исконтролира некако, алал да му е, таква superpower ретко кој има. Ај што се лупнав, толку ме здоболе, не знам забите како не си ги искршив. Станав некако, печена за на костозглобна бев, немаше делче од телото што не ме болеше. И таква извалкана станав да си одам, сета искривена од болки, вцрвенета и со наведната глава.

Тргнав за накај дома, дечково иде по мене, чекај ми вика, не брзај, не е де ништо страшно, врати се, слатка си кога си вака усрамена и такви некои работи. Можам да замислам како сме изгледале, јас шпринт напред, валкана, искривена, вцрвенета од срам, плус едната штикла ми се искриви, тој метар зад мене, трча и се држи за стомак да не прсне од смеење. И така стасуваме до такси. И мислев дека готово, хоророт заврши, дома ќе си одам. А - ха, да.

Таксито беше поткачено на тротоар, јас тамам да влезам и се слуша уште едно ТРАС! Да, да уште еднаш се лупнав :D Ај што се лупнав, под такси влегов буквално, пред задните колца се напикав. И мене уште не ми е јасно како. Замислете кола и човек во хоризонтала, половина под кола, половина надвор. Дечково веќе не можеше да издржи, мислам дека ќе се задушеше од смеење. Таксистов излегува, што направи бре девојче ми вика, како успеа под такси да се пикнеш?! Да има уред срамометар и да ме тестираа тогаш мислам дека ќе пукнеше :ninja Дечково после 5 минутно смеење се собра некако, ме извади од под такси и ми рече е да си жива и здрава, олку се немам смеено цел живот. Јас веќе солзи од болка и срам имав, таксистов со вчудоневидена хистерично смешна фаца, а дечково уште воздух не можеше да си земе.
Јас како се осеќав не можам да ви опишам... 1 недела од дома не излегов.
Ништо не бидна со него, срам ми беше во очи да го гледам, не па да правам нешто со него. И до ден денес кога ќе се сретнеме се смееме за таа вечер. Сега смешно ми е, ама тогаш ми се плачеше.(nod)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
@Selene да си жива и здрава ме изнасмеа до солзи со состаноциве :D иако верувам ич не ти било до смеење тогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Selene

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Нек иде у спојлер.
Ова не е состанок, туку така се погоди сношти еден што, откако се запознавме, ми пушта водичка зачинета со приглупи муабети.
Вака ептен фин и приберен дечко, али не знае да прави добар муабет. Башка што не е мој тип и има женска. Али се беше испијанил и ни се укотви на маса.
Ајде што си, како си, ајде живели 28 пати. Следи:
- Што вие две вака сами?
- Па на воздух малце, да се напиеме нешто.
Што да кажеш на вакви прашања? Дојдов да проверам масиве од што дрво се правени, или да му кажеш „Дојде да прдну“.
Продолжува: Аха, и сте се дотерале да закецнете нешто.
Си викаш хаха, врло вицкасто, фак оф. А и ко поплави бевме, и повеќе од најобично облечени.
Викам: Ти затоа ли излегуваш така во стегнати маички?
Другарка ми го пресекува, со надеж дека ќе го откачи: Ааа, ајде, он женска има.
Овој: Бре, па што?
Викам: Па да бе, али модерен е, ќе најде некоја дечко што има и нема да се важи.
И овој: Па, еве ти... дечко имаше ли?
- Не.
- Епа ајде, супер.
:D
После почна да прашува таму колку била цената да се напише текст од 1000 збора на англиски. Викам, ако е со посложена конструкција, може и до 500 да дојде, некоја средна цена.
Леле, кога ми се фрли дали сум била нормална, луѓе и за стотка пишувале... не дава да објаснам дека не секој со пристап до Гугл Транслејт знае англиски. А, нетов се преполни со неписмени, втф „статии“ од овие што изнаправија страни за здравје и фитнес демек.
Па почна дека може он и повеќе од мене го знаел јазикот.
Викам: Па добро де, тебе ти треба ли некој да ти напише нешто?
- Можда.
- Епа ете, напиши си, што...
Па почна да сум му поставувала реченици да видам дали ќе ги погоди или познае што време е искористено.
После пак: И ти озбилна си со ценава?
- Најозбилна. Еден превод знае и до 900 денари од страна да дојде, а тоа што кај нас гледаат што поевтино да пројдат, макар и со тостер им преведувал некој, е друго, за жал.
Молчи и ме гледа бледо една минута, ми се доближува во фаца, па кога викна: Да ти кажам јас тебе, ти многу се преценуваш!
И настанува молк во локалот, јас менувам бои, другаркава седи ко укотвена, другар позади се смее и ми крева рамења...
Абе, мислиш за ескорт услуги се нагаѓаме, па бара попуст оти сум рекла дека имам кандида, Боже ме сачувај.
Ајде пак објаснувај, па дојдовме некако до заклучок и си отиде среќен, може ќе ме барал ако му требало да му напишат нешто.
Фалеше уште да понуди во натура да ми плати и да одам среќно да се обесам над гаражите во близина.
Ако ме нема до среда, запалете по една свеќа. Ваљда барата со форуми и се нашол. :D
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
@Selene досега ми е врв во целава тема, и двете случки и се одлично доловени, али на вторава од погоре на глас сум се смеела, не памтам досега до толку да сум се смеела на нечиј пост :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and violetmoon

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Ууу имaм јa мнoгу.
Имaше лaжен прoфил нa фб сум aднaл случaјнo и глеaм имa еднa сликa, се зaтвoренo прoфилoт мoждa месец денa бил пред тoa нaпрaен.
И тaмaн дa јa бришaм ми пишa
Викaм сеa ќе ме мoлиш зa лaјк зa нaгрaднa? Не, бе кaкви мoлење
И си прoдoлжу муaбетoв, пoсле некoј ден пoдзaбoрaив нa неa и сaмa ми пишa чуднo ми е шo не ми пишa oвие денoви, шo прaеше денес

И јa кo oд пушкa, трчaв денес, пa бев у тинекс тукa кaј шo живеaм мнoгу секси прoдaвaчкa имa ќе идaм денoвиве пaк :D
И oвaa a кaј живееш? И кaжувaм и викa, пa секoј ден пoминувaм тaму.
Бaш ќе видaм кaкви ве пaлaт вaс мaжиштaвa.

А зaшo не стaиш твoјa сликa?
Ми oдгoвaрa
Немoј дa ме препрaшувaш мнoгу, прaј ми муaбет мoждa ќе трчaм и јa сo тебе у близинa живеaм

И тoлку ми требaше, си викaм чим имa лaжен прoфил вaљдa преку oвoј прoфил гo вaрa дечкo и или пa мoждa и мaшкo е хaхaхa

И не зaмaрaм јa си прoдoлжувaм и сaмa ми спoмнувa денес сум нa ручек кaј еднa другaркa oд среднo бaш у твoјaтa згрaдa.
Е супер викaм aј кoa ќе зaвршиш пиши ми нa пoстрoјкa ќе бидaм дa се упoзнaеме.
Мoже утре у 6 ми викa

Чекaј, чекaј јa немa. Се зaгледaв у телефoн пoминaлa и ми стигa пoрaкa те видoв, ме oпишa кaкo сум oблечен и ми пишувa мнoгу нервoзен ми изгледaше кaкo дa си шизoфреничен хaхaхaххa
Абеее лудa ли си ти? Ти у oчи не си ме пoгледнaлa пoшo зјaпaв у телефoн, дијaгнoзa ми извaди.

Си викaм oвa некoе мaшкo шo гo знaм се зaебaвa вaљдa или недaј бoже некoј непoзнaт aкo aе видев у некoе пoзaпустенo местo дa ме oгрaби.

А oнa уствaри прoверувaлa дaли ствaрнo живеaм тaму. Пoшo имaлa лoши искуствa.

Бaтaлив скрoз еднa неделa мoждa и еднa вечер и пишувaм oд кaј гo извaди oнa шизпфреничен жити се? Те имa следенo некoј шo е рaбoтaвa, прoверувaше кaј живеaм?

Ми oбјaсни се и ми викa јa не мoжaм више време дa губaм aј дa се видиме и дa си ги тргнеме дилемите. Ми изгледaш препaметнo, a тoa мaлку ме плaши, нaјискренo. У синеплекс дaли oдгoвaрa?

Oдгoвaрa викaм. Пa кaрти зa љубoвни седиштa дa сум купел. Викaм, кaкви сaкaш ќе земaм, aмa мoрaм дa видaм сликa јaс oд тебе.
Сликa немa дa дoбиеш, aмa супер изгледaм, дa не се фaлaм aли немa дa ти се слoши.
Дoјди пoлa сaaт пред филм кaфе дa пиеме у сити мoл?
Не мoжaм ништo дa ти ветaм

Си викaм aкo oтидaм и пaк ме извиси, зaслужувaм.
И oтидoв.
10.15 сaaт a филмoв пoчнувa у 10.20
И еве јa дoјде. Ми се претстaвувa сo лaжнoтo име. Реaлнo aвиoн нa изглед некoј пoтемен тен кo брaзилкa ми изгледaше :D
Викaм зaшo не кaжеш кoјa си?
Кaкo нa фaкс денес?
Супер
Кoј смер си
Тoј шo ти кaжaв
А oвoј гo знaеш oд мoјoт грaд?
Дa дa
И ми мењaвa темa ти кaкo нa рaбoтa
Не мислиш декa е непристoјнo дa не се претстaвиш?
-Не, тaкa сaкaм дa сум aнoнимнa

И еве гo пoчнувa филмoт
Зaврши филмoт и и викaм утре ќе идaм нa сaем? Дa дoјдеш сo мене?
-Не читaм книги јa
Дoбрo де, ќе трчaме?
-Утре не мoжaм
Кaфе ќе пиеме?
-Ќе ти пишaм

Стигнувaме дo семaфoри и ми викa јa oттукa ќе oдaм.
Кaј ќе oдиш сaмa у 1 сaaт дa те испрaтaм? Не
Шo е финтaтa? Шo oчекувaше oд мене? Немaше ни време дa се нaпрaи некoј муaбет.
Дaј брoј ќе се чуеме денoвиве и викaм

Не, не ќе ти пишaм

Стигнувaм дoмa ми стигa пoрaкa, те лaжев шo студирaм и oд кaј сум, студирaм психoлoгијa и излегoв пoшo прaев експеримент кaкo реaгирaте кoгa некoјa ќе ви кaже декa сте и прв дејт

Не ме дупи викaм кaжи ми не ти се свиѓaм и дa зaвршиме. А зa прв дејт, пa мoждa сум ти прв...денескa :D

И пoсле 5-6 пoрaки ми врaќa не ме привлекувaш физички
Пa зaшo излезе сo мене кoгa и нa фб ме гледaше и уживo ме виде?
Зaтoa ме прoверувaше кaј живеaм дa не случaјнo живееме у близинa?
Сaкaше дa гo изневериш дечкoтo зaтoa се криеш?

Пa следувaше вреѓaње де oд мoјa де oд нејзинa стрaнa и зaврши сo блoк
20 денa изгубив нa oвaa
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
И јас имав едно, па не баш толку сјајно искуство со лош дејт. Не знам колку е интересно, ама јас дефинитивно ќе го памтам како најшубе :(
Се запознавме на еден концерт, имавме ист круг на пријатели, она прекрасна, згодна до болка а навидум незнам зошто ама имав впечаток дека станува збор за сериозна и почитувана дама. Муабетот ни одеше како подмачкан, нон-стоп се клештеме како специјалки, си дополнувавме реченици и тако то. Почнавме да пишиме на фејсбук и после недела дена ја прашав дали сака да одиме на кафе. Се договоривме, јас се спремам најдолго у живот, си правам некои филмови во глава и ајде тргнувам. Се наоѓаме, ме гушка и одиме полека накај кафичи. Одеднаш застанува, зборува на мобилен со татко и. Си викам нешто се случило, да не треба да си оде дома. Од нигде никаде излева еден познајник што беше со нас на концертот. Јас бев навален на едно ѕидче а он си седна до мене и почна муабет. После неколку минути и она се доближува до нас и јас прашувам 'Ќе одиме ли?' а она 'Уште сестрите да дојдат'. WTF?!
Мислам останав со подзината уста. Мислев дека ова е дејт, дека ќе бидиме сами, што се деси? Познајников ме гледа онака како да му беше непријатно како да се вмешал у нешто. Дојдоа уште две девојчиња и седнавме на кафе. Едната од нив почна со мене да зборува нешто за книги, па мојата симпатија почна да ги исмејува луѓето што читале книги, како првооделенци сме биле, животот бил краток за да го поминиш во читање, од читање аир немало да видиш, само на глупости сме го трошеле времето. Прво мислев дека се зафркава, но сот екот на муабетот сфатив дека е мртва сериозна, а дознав и многу работи за неа кои што не ми се допаднаа. Тогаш за прв пат сфатив дека изгледот лаже. Дамата која ја замислував, била една илузија, девојка која што сум сакал да биде. Сфатив дека не е ништо повеќе од убаво лице и дека нема многу во главата.
Ми ѕвонеше после уште неколку пати, ја ингорирав, али после кога ми пиша на фејсбук немаше кај да бегам па и кренав на телефон. Сакаше пак да одиме на кафе некој ден зошто многу и се допаднал мојот карактер, ја одбив со ефтин изговор што прв ми падна на памет. Од тогаш се имаме видено само еднаш, ми спомна да сум и вртел за кафе кога ќе сум бил во градот. Само кимнав со главата.
Во секој случај, беше едно ново искуство. Покрај тоа ги запознав сестрите со кои до ден денес сеуште сум во контакт, а со едната сега се гледаме секој ден на факултет и понекогаш ми помага кога имам потешкотии со задачи или слично.
Само една мисла ми остана у глава 'Ете зошто во сериите викале It's a date! Да дадиш до знаење дека само вие двајце идете. Паметно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Outrider