Живеам во зграда, па има се’...ама баш се’...
Долу има син и мајка, така во годинки и ме потсеќаат на ликовите од Психо (Хичкок), па имаме и еден во затвор зашто си ја уби девојката, па има неколку фамилии мирни луѓе, една стара изветреана кокона, еден пар странци кои си идат во лето, неколку ок млади брачни парови, еден старец, двајца браќа ергени....буквално има се’...
Појди ми дојди ми не сакам и не практикувам, само едно Добро утро/Добар ден...
Ако некој ми побара помош ќе му помогнам без размислување (и на нас ни помогнале), ама зближувања со комшии не сакам.