Соседи

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Какви се вашите соседи-комшии? Сте имале некогаш проблеми со нив, дали ве нервираат и зошто?
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
127
263
1,063
Скопје
Какви се? - Никакви!

Значи кај мене во населба е баш како што нè претставуваат на филмојне, не прајме муабет, и се типичен пример на покажување завист, да му умре на комшијата кокошката, зашо он да има ја да неам, итн, итн!
 
  • Like
Реакции: NoNameGirl

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
352
405
363
Skopje
Добри се многу, никогаш не се осмелиле нешто да ми преречат дека им смета нешто, добро се сложуваме, никогаш не сум во влегла во конфилкт со моите соседи. Сега за сега па за понатаму ќе видиме што "ѓубренца" ќе се покажат!:p
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
207
158
1,043
Скопје
Како кој - али сите се приказна на себе: имаме еден што го зимаат со полиција за во Бардовци, еден што излегува со пиштол секогаш кога му галами некој и кога се тепаат со комшијата над него, неколку разведени преженети, неколку некомуникативни чудаци и неколку фини и нормални ;)
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
524
753
93
Los Angeles!
Имам комшии кои се подобри и од ЦИА, значи како можат да знаат кога ми дошле пријателки на гости, да се јават на телефон и да те натераат од култура да ги поканиш да дојдат, иначе ни на крај памет не им е онака чисто на муабет да ти наминат... мораат да ја испитаат секоја ситуација и да бидат во тек со настаните...
тие луѓе стварно ми се смешни...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
од сѐ по нешто
во глобала: едни за да ти го направат денот поубав, други за да не ти влијаат на денот воопшто и трети за да ти го расипат денот сосема
 

Cristian

Нов член
14 февруари 2012
5
6
3
Kicevo
Јас живеам во зграда со комшии албанци, никој никогаш ништо лошо ми нема напраено - јас им праам проблеми, им рокам музика во секое време да неможат да спијат луѓето (happy)
 

Whisper

Нов член
14 февруари 2012
5
4
3
Ах, моите комшии не се нешто посебно. Ниту арогантни, ниту пак спремни да помогнат. На едно здраво сме, по некогаш на две.:D
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Има секакви соседи,моиве се нешто посебно:D Едните не разговараат со моите родители поради некакви глупости,мене тој старецот (најлошиот од цела фамилија) лично ми праве муабет што е многу чудно:) Другите се тајна фамилија,ретко излегуваат од дома,имаат кука на два спрата ама скалите им се одамна урнати па на горниот спрат се качуваат по некакви железа,децата зимо лето шетаат минимално облечени а пак ништо не им е,другите се колат се бесат дома и тоа САМО НАВЕЧЕР кога сите други нормални спијат а надвор пред другите се прават како да се мнооооооогу срекна фамилија ,а сите ги знаат:D,останатите од маалото ми се некои роднини и неможеш на раат да се насмееш од нив на улица,се се снима и за 2 секунди знаат сите.Недајбоже нешто друго да направиш...Е останатиот дел од соседите ми се Роми,за нив нема потреба да коментирам какви се ,забава цеееелллоооо време и тоа бесплатно (happy)