Соседи

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
не знам што сум пишувал тука, ако сум пишувал. Комшиите ми се супер освен овие над мене со кои најмногу си живеам. Човече .. ќе дојде ќерка им со 2те деца .. и мила мајко е после. Цело маало ечи од нив. Воспитачка е типката ама В нема од воспитачка. Само таа се слуша и тие дечиштата како ечат. Кога не се тука е супер.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Во мојава улица има три карактеристични соседи. Од кои со едниот сме лепенка, а другиот живее спроти мене. Додела третиот е на 70-80 оддалечен.
Привиот е џаболебар, ама од оние најџаболебари. По цели денови пушта музика во лето, се соблекува гол. Ама таа музика е турбо- фолк, и тоа на цел глас пуштено радиото. Кога некој поминува низ улица, а го знае него, овој на секое му кажува некои изреки кои тој сам ги пишува на задната страна на фискалните сметки. Една пд нив е: сто денари, Сто години, сто јајца; како?
Вториот со кој сме лепенка е патриот, ама голем патриот со 79 години, а изгледа како 55. Тој му бил внук на Веле Марков. Цел ѕид му е со слики во различни моменти од народни борци, семејни стебла можеби да има, што не. И некогаш кога ќе почне да раскажува.... А, и на Илинден, на Денот на Независноста неговото знаме е најголемо.
А, третиот е крадец, криминалец де. Два месеци е тука, 6 не е( во затвор е). Ама па, има "добра" страна ситуацијава: ретко има кражби, бидејќи тој ќе биде осомничениот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and JaMi

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ме нервираат ама не можам ништо да им кажам зошто не сакам да се расправам, а ако им кажам мислам дека за инает ќе прават уште поголема галама.
Имаат две деца и едниот им е ептен невоспитано. По цел ден вришти и плаче. Најтрагично е што во стан се се слуша, не знам како и кога се расправаат не им е незгодно да викаат толку. Изгледа се од оние модерните брачни парови и не им е гајле...
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Немам ништо против мојте соседи и не ме нервираат и сум немала проблеми со никој од соседите