живеев со свекрва, околу 5-6 години
никогаш не сме се скарале, а сме биле и нервозни и нерасположени и секакви
да речам дека ја сакам како мајка би било лага, ама ја сакам како следната после мајка ми
и ја почитувам навистина многу.
додека живеевме заедно, сфатив една работа - една куќа може да има само една „главна“ (не ми текнува подобар збор, па зато е во наводници)
не може двете да се на исто рамниште, барем кога се однесува на домаќинлукот, оти сепак, тоа е нејзин дом, таа го „водела“ долги години пред да се вклучи снаата, си воспоставила некој ред и глупо е кога новата госпожа сака да наметнува нови правила и да почнува нова приказна.
Колку сака нека е модерен и современ светот, во еден дом, сечиј, секогаш и секаде, постои одредена хиерархија.
На својата мајка секогаш остануваш ќерка. Исто е и со синот, зошто би било поинаку?
Многу од проблемите не се заради свекрвите, туку се заради мајките на снајките. Тие така суптилно влијаат на ќерките, но многу ретко се посочени како фактор за несогласувањата меѓу свекрвата и снаата.